Здраво, веќе еден месец пијам метформин 500 мг два пати на ден и треба да пијам 6 месеци паралелно внимавам на исхраната и движам повеќе намалив малку и со килажата. Докторот од еднокринологија не ми кажа конкретно дали шеќерот ми е многу покачен и каква ми е состојбата во кратки црти ми објасни на што да внимавам и ми рече слободно можиш да останиш бремена. Имав миссед пред 5-6 месеци гинекологот ми рече прво попијај ги два три месеци па после бременост малку да се регулира. Дали некоја имала сличен проблем и како ја има поминато бременоста дали има некој терапии соодветни и дали можи шеќерот да има направено миссед еве ги резултатите: инслун на 06TG мислам беше Инс- 0" 13.00 гликемија 4,8 -60' 88.95 -4,9 -120' 86.23 -6,2 Ќе имам проблем во бременоста и како да го регулирам шеќерот и како би ми ја воделе бременоста?
Ако може појаснување не можам да разберам колку ти е инсулинот а колку гликозата, под или над нормала?
Јас забременив благодарение на метформинот. Полоши од твоите резултати имав и пиев малку поголема терапија. Во бременост беше ок немав проблем и пиев само првите неколку месеци. Не јади благо е најлесно да ти пишам ама внимавај и со овошјето.
Над нормала првиот сат 13 инсулинот вториот 88,96 а третиот 86,23 гликозата првиот сат 4,8 вториот 4,9 а третиот 6,2 Така и ќе правам а како пошто имав еден миссед ќе ми ја водат бременост со од првиот месец на боловање или редовно ќе можам да одам на работа оти работново место мие изложено и со пареа има околу мене и од фарбачко хемикалии
Хемикалиите се друг муабет. Не се мешам во тоа. Со терапија можеш најнормално да функционираш. Мене на почетокот ужасно ме болеше желудникот од лековите дури мислев да се откажам ама за брзо време се среди тоа.
две години пред бременост почнав да го пијам метформинот многу ми помогна за циклусот и за да забременам, имав висок инсулин но нормален шекер, додека скриениот шекер ми беше на граница . нема тука попиј малку па престани, пиеш цело време и во бременост за да не дојде до спонтан. ( јас ги пиев до 13 недела) а некои ги пијат и цела бременост ако вредностите на гликемијата не се ок. битно е да се внимава и на исхраната. откако се породив го проверив инсулинот и за чудо е супер иако сега не внимавам на исхрана па јадам и благо. најверојатно се средил со бременоста.
Знам дека нема прекинување ама мислев да попијам 2 месеци па после да пробувам да останам бремена веќе 1 месец скоро помина а докторов ми рече само што ќе дознаеш дека си бремена ќе дојдиш кај мене да ги прекиниме ама битно дури не дојдиш кај мене да не ги прекинуваш.. Внимавам колку што можам повеќе ама некогаш ми е голем проблем благото се надевам дека ќе го откажам целосно ме фаќаат кризи и морам да каснам било што. Извини а која е границата за скриениот шеќер? Јас првата недела го изгубив целосно апетитот :/ ништо не каснував едвајј со кавги со мажот ми да каснам нешто со сила..
различни лаборатории , различни реф, вредности имаат , не се секавам баш, некаде околу 8.5 чинам беше. Пиј ги редовно и пробувај за бебе, кога ке останеш ке продолжиш да ги пиеш додека ти кажат. Вака пиј малце па прекини никаков ефект нема да има, а и не е добро за организмот. Само јака волја ти треба, а појака мотивација од бебе има ли? Кризи за благо имав и јас, ама 3 години во уста не ставив. Овошје јадев, чоколадо за дијабетичати понекогаш поретко и тоа беше.
Нема појака:/ а замисли колку ми е уште поголема волјата и после првото што го изгубив а веќе и ми врви и терминот сега ќе го држев врака.. а можи да е од шеќерот спонтаниот ?
Може , имаш ли полицистични јајници? Како што гледам горе што си пишала шекерот е ок, инсулинот делува висок ама не знам како се реф. вредности за инсулин после оптеретување со гликоза, јас само на гладно го имав испитувано.
Јас имав и пред бременоста хиперинсулменија и бев на терапија со метфорин во средата бев кај ендокринолог и до 12 недела ми ги продолжи и огт треба да направам по потреба пред одредената недела.. Си велам не е штетно ко ми ги предложи ама ми рече да бидам на боловање до 3-4 месец, а матичнава не ми го даде ми рече дури не ме видела на ехо немало да ми дај
Денеска ја добив дијагнозата, ми дадоа метформин да пијам еднаш после ручек од 500mg. Имавте некакви потешкотии кога ги почнавте апчињата? Ми дадоа и посебен режим на исхрана, и контрола за три месеци. Се надевам килажата и циклусот ќе ми се средат сеа со терапијава
@sweet-cherry, здраво. Ако не ти е проблем, ќе сакаш ли да пишеш каков проблем имаше со циклусот. Зошто јас сум крш хормонално, и глукозата ми е веќе редовно околу 6.3, имав упат за ендокринологија за се да проверам и конечно да дознаам што ми е ама дојде коронава, пропадна упатот и така сега си тапкам а пари за приватно не ми се даваат. Ако не ти се пишува тука, пиши ми лп. Јас сум убедена дека проблемите што ги имам со циклусов не ми се гинеколошки, туку е нешто поврзано со шеќерот/ лачењето на инсулинот, зошто и кортисолот ми е на горна граница.
Имам нерегуларни циклуси, некогаш и немам добиено, некогаш само доцни, имам и водени цисти. Мене глукозата ми е во нормално ниво 4,17 ама инсулинот ми е 47,6. Докторката ми кажа дека кај многу млади девојки проблеми со циклусот се поради проблеми со инсулинот. Јас го правев тестирањево приватно ама ми кажаа дека во румунска е 200 денари, само не знам како е со чекање за термин.
Испитуваше само инсулин на гладно? Како за доза 500мг е малку, ама очекувај нус појави (стомачни тегоби, омалаксаност) ама кога ќе се прилагодиш со време ќе ти ја покачат.. Ако се придржуваш до режимот на исхрана и терапијата, ќе се средат и циклусот и килажата. Само треба истрајност, на почеток ќе ти биде потешко ама пробај да издржиш
@sweet-cherry, најдов постари резултати мои од пред две години, инсулинот ми е 5.48 а треба да е меѓу 6-27. Кај мене е значи под нормала, ама затоа гликозата е над. Што значи тоа не знам Ај, ако стигнам до лекар ваљда ќе дознаам Јас имам изгубено циклус, и многу, многу, МНОГУ тешко слабеам. Цело лето сум надвор, надолж и попреку го прошетав градов пешки, боја имам фатено како ромче да сум (а инаку сум Каспер бела), исхраната ми е скроз сменета (те цело лето на домати и пиперки сум) и вагата не мрда. Вака кога ќе кажам на луѓе дека шеќерот ми оди до 6,5 ме прашуваат зошто не сум на метморфин, јас не знам што да им одговорам освен- никој не ми кажал да го пијам. Во секој случај, благодарам што ми одговори Да ти посакам убав ден и што полесно и поскоро да ти се регулира инсулинот, без никакви нус појави.
Hello ladies И јас спаѓам тука во групава. Имам мнооогу да зборувам и пишувам на темава, хиперинсулинемијата ми ја открија пред скоро 4 години. И од тогаш до ден денес сум на метформин, го пијам секој ден по две на ден од 500мг. Со килажа сум не знам...хаос. Падни стани ситуација, те ослабни (ЕДВАЈ) па врати килажа од една кришка леб. Хормони и циклус исто хаос, плодност па да не правам муабет.. а, според хормонска слика имам полицистичен синдром што е карактеристично и да се има хиперинсулинемија. Одамна немам испитано и не знам моментално колку ми е инсулинот и шеќерот. Но, инсулинот ми е висок стандард уште од првиот пат кога го испитав на гладно преку ОГТТ. А, шеќерот ми е океј горе доле 4-5 ми се движи ретко до 6 иако и тоа е океј бројка. Иако, сите што сме со состојбава мора да внимаваме многу, може да дојде кога тогаш до дијабет ако не се третира и се води грижа никаква! Според мене најдобар и најприроден начин на кој може да се држи инсулинот под контрола и да се намали е само здрав режим, физичка активност и секако да ослабнете доколку имате вишок кг. Мене само ова ми помогна , и да секако метформинот истовремено со се. @Nausicaa консултирај се со ендокринолог, а според мене почни да го пиеш метформинот и тоа што побрзо. Иста ти е состојбата како кај мене и повеќето, сите со вакви проблеми мора метформин. А, зар не ти препишал никој до сега?? А, иначе да инсулинот влијае многу на циклусот. И мене ми го пореметува, и кортизолот ми е висок, и андрогените и машките хормони .. хаос. Иначе, сите што почнувате да го пиете на почеток да, има нус појави и тоа доста. Иако, зависи од организамот али претежно има макар и некои слаби симптоми, јас кога почнав да го пијам првиот месец ми се лошеше многу и повраќаше на моменти али не повраќав среќа. Губев апетит исто, ништо не ми се јадеше со сила јадев. И ми се гадеше од секаков мирис од храна. Како трудна да бев И после месец дена веќе се стабилизирав, сега веќе како бомбончиња ги пијам и еднокринологот ми рече никако да не ги прекинувам, ги пијам со години. Циклусот на почеток ептен ми го избалансира, ми помогна да ослабнам скоро 20кг, али сега тешко ми е и две кила да симнам не знам зошто. Мислам секако инсулинот игра огромна улога тука, али некако потешко станува со текот на годините и слабеење и се друго
Јас пак за совет. Веќе 12 дена сум на режимот за исхрана од лекар, и денес ми е 6ти ден на глукофажот. Изгубив 5 килограми до сега. Со апчињата немав некој голем проблем, малку мачнини имав и киселини ама се трпат. Проблемот ми е што немам енергија ама ич, само ми се спие, и како утепана сум цело време. Дали после некое време проаѓа ова чувство? Се си мислам дека е поради големата промена со исхрана и дека ќе треба време да ми се прилагоди телово ама страв ми е да не ми падне многу железото а веќе сум анемична.
Девојки ако може мислење, немам полицистични, немам проблем со андрогени хормони, слаба сум и константно внимавам на исхрана. Шеќерот по 60 и 120 мин оптеретување беше ок. Инсулинот е следен: На гладно 10 (горна граница 25) После 60 минути - 68 (горна граница 25) После 120 минути - 24 (горна граница 25).