1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хипермаркетот Карфур - Carrefour

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 6 октомври 2012.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не би била толку сигурна, на толкава стапка на невработеност сигурно има кандидати и тоа многу, само се прашувам дали воопшто биле прашани или од тие да речеме 200 вработени во маркетон, 100 си биле веќе однапред планирани, а другите 100 ете наши колку да се рече, ма дали се и пола, помалце се може, да не не лаже обезбедувањето што е наше тоа си е башка. Не секој е во можност да бира дали ќе е продавач или господин во канцеларија и дали ќе зима плата 200е или 500. Напротив. Нормално има луѓе завршиле факултет и им е испод ниво тоа да го работат и седат дома и вечно ја чекаат нивната совршена прилика. Ама поголемиот дел се...дај шта даш, боље ишта него ништа.
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    ^ тоа ти е неповолност кај странски инвеститор, може да си набавува само од странство, домашни производители да нема, може да си вработува од кај него кадар, профитот секако оди во неговата матична земја...Зависи нашите какви услови ќе прифатат.
    иначе витомир аман стварно веќе...Работам во канцеларија, може земам плата како нив, а денес е празник и сум на работа. Што дека работам по струка? Зошто толку се фокусираш на луѓето што не сакаат да работат за ич плата, а не се фокусираш на прашањето и проблемот зошто таа плата е ич плата? Чиста математика, лебот е сега 30ден, ме интересира дали вработените во жито лукс добија покачување? Лебот е 30ден. а ние сеуште земаме плати како кога лебот беше 18ден. И не, не треба сите да прифатат ич плата, освен ако ептен не ти гори под газот. Разбирам дека е немаштија, затоа народот се согласува за беспари да работи, ама некои работи мора да се променат, без да се ценкаме дека јас можам тоа да ти го сработам за 10.000, а ти му бараш 5.000 и браво пак исто сме сиромашни |( Скап е животот, условите мизерни, и едно идење на работа повеќе ќе те кошта од висината на платата

    извинете за офтопик, во Карфур сеуште немам влезено, да ми беше блиску и јас ќе накупев тоалетна хартија, зашто заштеда од негде 100ден. за таа ствар и те како има улога во домашниот буџет.
     
    На Trendafilka, nena2010, AIT и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Бев денеска, конечно и јас фамозниот Карфур да го видам. Си земав неколку работи, кои инаку по слични цени ги има на останатите места. Ама и јас како многу феминки бев запрепастена од состојбата. Посебно со бананите и шеќерот. Туку ај, шеќер ќе трае (ма да, пак ми беше нејасно што мора од еднаш залихи за до наредна зима да се има) ама луѓево се фатиле за бананите како прв пат да ги гледаат. Една жена 5-6 кила банани купи. Сфаќам дека е сиромаштија, гледаат поефтино да поминат ама освен ако дома мајмуни не чува, тие банани додека да стигне да ги изеде - ќе скапат. :fubar: Најиронично е што во Веро беа поефтини...

    Луѓево се туркаат, се буткаат ма око не им трепнува. Среќа што кога влегував, влезот беше отворен а инаку од горе гледав кога пуштаа ситуацијата беше ваква:
    [​IMG]

    Па ко преживи, причаче...
     
    На Dushica-sk и Chupe им се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Секое чудо за три дена, ќе поминат неколку месеци и ќе стане Карфуров Веро 2 што и е во суштина. Грчка фирма со француско име која си прави фин профит и која по неколку месеци ќе има исти цени како сите други маркети во државата.

    За стварачите на залиха, алчноста очигледно ја имаме во неограничени количини и нејзините залихи нема никогаш да се потрошат.
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.101
    Допаѓања:
    112.634
    Пол:
    Женски
    Мене молов ми е буквално преку улица. Не сум отишла, ни во Карфур ни планирам во најскоро време. Јас не знам што е таа толкава фама!!! Аман луѓе продавница е, како и сите други! Се потегнале од ново лисиче до карпош 4 за 50 денари тоалетна, и тоа со коли. А да ги прашам, бенизин не трошите? На вода да не ви оди колата! Стварно сме мизерен народ, и тоа не по немаштија мизрен туку по памет. Брука.
     
    На Alanna, senza.parole и XMaN им се допаѓа ова.
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Мислите само кај нас има вакви случки? НЕ, туку низ цел свет. Посебно кога се намалуваат цените за Божиќ, или други празници. Зарем малку имаат давано и кај нас на вести какви гужви се ствараат, доаѓа дури и до крвави тепачки?

    Немојте да го класифицирате народот за мизерен. Ако е така, тогаш цел свет е мизерен, Брука? :?:

    Не можев да се воздржам, а да не искоментирам. Мора за се да се најде замерка кај нас. Живејте си го животот не туку мрчите по се и по сите. Ако ви се оди во маркетов одите, ако не неморате. И доста со толку омаловажување, секаде низ цел свет има секакви, и вакви и такви. Токму поради вакви мрчатори ќе бидеме брука од народ, а не по оние што одат да си купат за поефтино. Трошеле бензин, па што ако трошеле бензин, може им е успат од работа, може излегле семејно да се прошетаат па навратиле да го видат центарот, а и маркетот, може договориле состанок со пријатели па решиле таму да се најдат.... И аман веќе кажете нешто паметно! |( |(
     
    На Ana.Jones, Rose96, andromedae и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Навистина жално ,но може да се случи секаде и тоа апсолутно не мора да значи дека нешто е фушерски направено.
    Туку мене ми е исклучително смешен моментов на собирање вода ,како си ја подаваат еден на друг,како си мафтаат со џогери и метли. :D
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас денес бев, поточно пред малку се вратив.

    Тргнав со моите, со првична намера да се посмеам затоа што татко ми не може да стои подолго од 5 минути без да клекне а мајка ми го натера друштво да и прави па ќе се смеев на закачките нивни.

    И нема врска, имено тргнавме по правосмукалка затоа што демек била 1400 денари, па зошто сме малку во тесно мајка ми рече ајде да видиме.

    Јас ко што кажале некои погоре, разбирам сиромаштија, разбирам немаштија. Верувајте дека разбирам, зошто сум немала, буквално и сум осетила на своја кожа.

    Не разбирам некултура, нечовечност, немање основно ниво на бон тон.

    Не ни знам од каде да почнам.

    Ајде најпрво од вработените. 90 проценти се на моја возраст, истите се толку изгубени у гужвата што ниту знаат што прават ниту кај тераат од тој хаос. За платите, мое мислење е дека, не за џабе се тие вработени на оваа возраст. Повеќето и не се од скопје, и овие пари 5-6-7 илјади им се ептен добредојдени за да си го подобрат животот. И јас би работела за истите пари, сега со овие години. Тоа е моето мислење у врка со платите.

    Земала мајка ми некои сијалици, ги нема во системот не се куцаат... моиве земаа и вода, 4 различни како пакет, 49 денари чинеше, ни го наплатија како да сме купиле 16 пакети. Мајка ми малку па шлог не ја удри на каса. Па не смеела таа на каса да прави сторна, па ајде на инфо, па не смеела таа, па ајде кај еден дечко, па не смеел без шефицата па таа бугарка нит знае што зборува нит те разбира што и зборуваш, па не смеела без таа над неа, па ајде и таа, па дрн дрн дрн, си отидов у кола. Татко ми трпел док трпел па фрлил и вода и се, се издрал и дома. не го поддржувам воопшто, ама што е многу многу е, го гледаат дека клечи, дека се мачи, и триста и педесет процедури за нивна грешка. Ќе кажете мече не си во право, епа сум, и мајка ми е во трговија и знам како иде и што иде.

    Не ни сакам да зборувам за шишињата вода оставени кај белата техника, за пробувано овошје, за измачкани стакла, за оставени колички, за истурен шекер и ориз, за артикли расфрлани на сите страни од некој што ги земал па се премислил, ма тоа невиден хаос. И јас земав маслиново масло па се премислив ама си отидов и го вратив кај што стоеше.

    Земам пудинзи за брат ми, до нив биле киселите млека, кога ме размава една жена ко божем јас камионот го товарев со кисело млеко и нема да има за неа. И еден сок од портокал загледав, па кога ме разбуткаа за поим немам што беше тоа до соковите, абе не знаев кај да се завртам, ме утепаа, а рачунајте, големка сум си јас.

    Еден прост чека ред на каса(редот на каса инаку е половина во равтовите) и јас сум поминала пред него леле луѓе мои како ми се дереше. Неосновано дерење за без причина, леле многу среќа има што сум во добрите денови. А има и среќа што брат ми или моиве не го слушнаа. Ме понижи како божем од количката му земав највредно нешто и фатив да бегам па ме стигнал и се дере. Само поминав за да земам течен сапун. Не ми се ни зборува да ви кажам право.

    Мајка ми ми рече да ја видиме тоалетната за која се тепаат сите ама не ја пуштив. Што да ја пуштам, ја видов у количка кај една жена, да се избришеш со таа тоалетна прстите ќе ти пропаднат во задникот. Извинете ама така е, ако некој сака да штеди најпрво ќе почне од друго нешто, пример од цигарите што ги пуши или соковите што ги пие. Не може ти да немаш пари и си за греота чекаш ред да си земеш тоалетна, а у количка си ставил два пакети лименки кока кола.

    И тестенини сакаше мајка ми да земе, и тоа не ја пуштив, ако ништо друго барем тоа го учам и знам дека се и сешто ставаат во продуктите за исхрана за да добијат тежина, и не може некој да ме убеди дека 500грама тестенини од 18 денари се здрави квалитетни тестенини.

    И татко ми го тераше брат ми да си земе енерџи пијалоци ама не сакаше, вика бегај кој знае што ќе фатам :lol:

    Воглавно дали десет артикли беа така со пониска цена на промоција, инаку се друго е исто а нешто дури и поскапо од тинекс и кам. Белата техника апсолутно исто, пеглата од 500 денари и на зелен пазар за 400 ја имате, колку ќе се испеглате со неа не знам, а правосмукалката од 1400 денари е правосмукалче со кое ни една соба нема да успееш да усисаш пред да цркне.

    Пак ќе речам верувајте ми дека разбирам и немање, и сиромаштија и се. Ама си се облекол у костим, зборуваш на ајфон 4ка, детето до тебе е у алишта кои се марка и тука се тепаш за ориз(немаше шекер :lol: ). Извинете ама не разбирам.

    И ако немам, нема да купувам чипсови, сокови и се по ред, ќе купам поубав ориз на пример, ама помалку за тие пари и ќе јадам здраво. И не е ефтин чипсот за кој се тепаа туку е цели 59 денари, тоа не е немање.

    Јас едино си купив чорапи, 4 пара 60 денари, три комплети си купив, сега ќе си имам за цела зима :D Тоа веќе е штедење затоа што инаку се три за сто. Додуша јас 5 за сто си ги купувам, ама пак сум заштедила кога ќе удриш детална математика :D

    Секогаш велам по дома, ако немаме пари ќе скратиме други работи, на храна не се штеди. (мислам на онаа најпотребна храна.)

    Ова беше моето второ влегување у трговскиот, прво и последно у керфур. Знам дека не е керфур, ама за инает керфур ќе го викам засекогаш. :D
     
    На Monna.Monna, LaChiquita, Alanna и 7 други им се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.004
    Пол:
    Женски
    Минатата недела бев во трговскиов ама во Карфур не влегов, денеска пак бев и овој пат влегов :D внатре луда куќа купуваат луѓево и што треба и што не треба. Да не бидам и јас без ништо купив ама тоа што ми треба :!: крем за брат ми и банани :D па 29 се бе, кај мене во маркетов се 55 |( кога веќе сум таму зашто да не искористам :wasntme:
    Инаку приметив дека некои цени беа поскапи од други места, исто и еден дедо тоа го коментираше, дека забележал поскапи цени :?: нели како овие демек најефтини :swear:
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    teddybear се изнапишува, ама врска ти нема муабетот.

    Има Ајфон и дошол во Карфур? Па што? Сигурна сум дека тој не се тепал за ориз , ама кога веќе се нашол таму не е грев ако си купи нели? На никој парите не му се на претек ...

    А особено делот за продуктите ти е најсмешен и најжален. Тие тестенини што се продаваат во Карфур сигурно во Сентала не ги правеле специјално за тој маркет па ставале внатре чкарт состојки. Истите драга, и ти ги купуваш во Веро и во Тинекс, и сегде! Двојно поскапо!

    Истото е и со Кока Кола лименките, со Ритер Спорт чоколадите, со Милка ролатите... Секаде ги носат истите, кај и да ги купиш. Така да стварно е безвезално да збориш бидејки биле ефтини биле „којзнае какви“ и ќе си фатела „којзна што“. Греота е стварно.

    И производите на Карфур. Не сум ги пробала, ама со оглед на тоа што маркетов го има во многу земји, ги консумираат илјадници луѓе, па никогаш не сум слушнала за некоја епидемија поради тоа што биле консумирани.

    Бев два пати до сега, еднаш купив неколку ситници, и еднаш само го шетав зашто немав време да чекам на каса. И атмосферата не е до толку како што ја опишуваш. Има гужва да, ама не така како што ти опиша. Маркетот е голем и можеш да се разминуваш и да си испазариш како што треба. Тепање е она што се случува во Солун за време на попуст на облека, а овде не е така...

    Можеби си имала проблеми на каса и тоа те налутило, тоа го сфаќам, ама со оглед на тоа што сум била и сум видела како е, можам слободно да кажам дека во твојов пост претставуваш една сосема неточна слика.
     
  12. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Има и ефтини, а и поскапички работи. Ќесите не ги наплаќаат, а доколку направите добар план можете да купите многу поефтино од другите маркети. Сепак кремот од 99 денари им е феноменален :D Како нутелата ми е :) Иначе имам информација дека имаат луѓе од Албанија и Бугарија на испомош, а потоа нашиве ќе работат сами. Како и да е јака им душа на тие што работат...
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    Леле Маја сериозно ли?
    Сигурно дека нема да лажам што видов и како беше. Ете баш тој Маја, со бел Ајфон зборуваше на телефон и кај оризот се тепаше, баш тој, кој има телефон од не знам колку стотици евра, нема потреба да се гура кај оризот, а кога веќе си била искрено, знаеш што се дешава кај тој штанд. Никој не му забрани него кога веќе е таму да си купи ориз, муабетот беше дека тој не си купува и не се тепа од што нема. Извини Маја, ама не можеш да имаш најнов модел на епл телефон, и да немаш пари.
    Затоа што сите наоколу тврдат дека народот нема и затоа се тепа, а не е така. Во некои семејства да, така е, и жална е таа ситуација, ама во добар дел не е така. И човеков беше само еден пример. Не сум будала да дојдам во темата и да пишувам глупости, си пишав мое мислење.

    И не сум нервозна од каса, тоа си е нервоза на моите, мене ме изнервира само тој еден што ми се дереше.

    Тестенините не ги купуваш истите сегде, јас не ја видов марката, ама ако тебе ти се купуваат тестенини од 18 денари и мислиш дека се добри во ред. Купи едни такви, и купи едни поквалитетни па направи разлика и самата. Зошто ако се истите и во веро и тинекс тогаш и во карфур има поскапи тестенини? Зошто има и поскап ориз? Зошто има и поскапа тоалетна? Затоа што се истите ли? Со истата хранлива вредност? не спомнав ништо за чоколадите и ролатите, мене не ми се верува тестени од 18 денари да имаат ист квалитет како пример оние на дивела од 60 денари.

    Јас тоа што го кажа брат ми го кажав на шала, не спомнав никаква епидемија или што ти знам.

    не знам ти во кое време и кога си била, ама атмосферата денес беше баш како што ја опишав, обезбедување те трга од едното пролазче за да не бидеш додатно гужва, а јас ја чекав мајка ми да плати. И да, туркаат и газат и се гужваат, и ориз има испоистурено и редици се чекаа, само кај бурекот чекаа 20тина луѓе, кај што се мери овошје исто така, грабаат од бананите, човекот уште од пакет не ги извадил половина беа разграбани...

    Ако тебе ти се погодило попразно да е во маркетот во ред, ако ти одговара пазари, јас не реков ништо лошо, си го кажав своето мислење и се држам до истото.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Абе луѓе не е толку ефтино колку што е прост народов. Ќе се испоутепаат за шеќер и за тоалетна :tmi: Отворена храна и останати производи, буткање до каси и пцуење мислам на ништо не личи. Со фино не знаат они. Убаво што отворија нешто ново, странско и поефтино, ама за народов не треба хипермаркет, туку само бомба :envy:
    Без трошка култура и почит. Срамота!
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па никаде на маркетов не пишува дека само сиромашни треба да купуваат. Секој сака пониска цена, и богат и сиромав, само будала ќе попушти и ќе препушти на некој друг што има помалку. Не велам да одиме сите да се тепаме, ама ете човекот со ајфонот веќе бил таму, зошто да не се граба и тој за поефтино? Иако и мене би ми било глупаво да можам да си дозволам и поскапо а да се грабам за ориз на акција, тоа не го менува фактот дека секој има еднакво право и еднакво му светнуваат очите на намалени цени.

    А во врска со платите, нема врска платите се минималната 8600 ден на хонорарци што се вработени на неколку дена додека е гужвата до кај 20ти некаде, а на постојаните е над 10 000, мислам дека беше некаде 16 000 ден.
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас немав намера да речам дека не смее да купува. Се што сакав да речам е дека според мене тој нема потреба да се тепа за ориз од 35 денари, кога веќе е облечен во преубав костим и има ајфон во раката. Тоа е мое мислење и нема потреба толку бурно да се реагира.

    исто како што никогаш нема да разберам човек што ми вели јас штедам, штедам на храна купувам поефтино и се тепам за поефтино, а пушам цигари од 80 денари. Истото го мислев и со кока колите, место да ставам два пакети ке ставам еден пакет сок, и ќе си купам поубави макарони. Тоа си е пак мое мислење. Немав некоја лоша намера, ниту пак сакав некој да изнервирам.

    Ете, керфур е светски бренд што на квалитетни производи става ниски цени, зошто тогаш за доброто на нашиот напатен народ не симне и цена на зејтинот?

    Според мене е така, не е иста оваа тоалетна од 20 денари, со некоја од поубавите тоалетни.
    Истото го мислам и за тестенините, и за оризот.

    Тоа си е мое мислење, и не морате да се сложите, но јас нема да го сменам. :)
     
    На Miamigirl, crazylady и XMaN им се допаѓа ова.
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ^ Дали тоа значи дека истото го мислиш и за Кока Колата? Дека таа лименка од Карфур не е добра како таа од друго место?
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    А извини на колку голема акција е кока колата, три за 50, скоро 20 денари лименка, во локалново продавниче е 28, а не па во огромен хипермаркет. ;) Не го мислам истото за кока колата. :)
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Испаѓа 17 денари лименка... До 28 имаш уште 11. Ако купиш три лименки од друго место ќе треба да дадеш 33 денари плус - а тука имаш уште една лименка :)

    Имаш предрасуди некои, или незнам како да наречам. Кога станува збор за скроз исти произзвод, од истата фирма, не значи дека ако негде е поефтин дека понечини. Можеби бил скап на други места затоа што немал ваква конкуренција, па држеле набиени цени.

    Затоа откако се отвори маркетов и Тинекс и Веро одма ги спуштија цените на некои производи кои овде беа за смешно ниски цени - бананите на пример, и Кит Кет на пример (сега и во Веро ги даваат 2+1 гратис и му доаѓа иста цена како Карфур).

    ЈАс не ги споредувам тестенините на Дивела со овие на Сентела, ама ги споредувам Сентела од Тинекс и Сентела од Карфур и Сентела од Веро и од сегде... Не можеш да ми кажеш дека тие во Карфур не чинат, а другите чинат. Сега се фатив за тестенините како пример ама мислам општо на сите производи. Малце ти е налудничава идејата дека не чинеле зашто биле ефтини, ама некогаш ќе сфатиш што ти зборам :lol: Поздрав
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сосема се слагам со teddybear, поминав два пати имаше огромна редица за влез и си заминав, вториот пат можев да влезам ама имаше на каса едно 15 метра редици и пак си заминав. Да се гужвам за тоалетна, шеќер и ориз не ми паѓа на памет а посебно кога видов FYROM на официјалниот сајт место Македонија уште помалку имам воља таму да купувам.

    За културата на нашиот народ не треба ни муабет да се прави, се што кажа Мечето е точно и сум го доживеал на едно или повеќе места.

    Ја правите будала во здрав мозок а секој што бил знае како е. Ефтин пазар за ефтини производи и народ што за тоалетна ќе се истепа како за злато. Жално.
     
    На kate21, senza.parole, drugarka и 4 други им се допаѓа ова.