Да си бидам искрена никогаш нема да разберам што ми зборуваш, еве ако еден ден од не знам која причина се случи тоа ќе ти се извинам. Неколку пати си го кажав своето мислење. Повеќе немам намера да дискутирам затоа што што и да пишам не се ни обидуваш да сфатиш што воопшто сакав да кажам, немам никакви предрасуди само си имам некои познавања затоа што имам личности во трговија, и плус од она што го учам. Биди поздравена.
Зборите за различни работи, затоа не се разбирате. Теди збори за некоја друга марка тестенини кои се евтини, не за истите што се продаваат сегде, сама рече дека не ја видела ни марката која е. Ако и мене ме разбирате што сакам да кажам. Гужвите се страшни, јас само имам поминато, постојав да видам какви ми се шансите, ама се откажав. Па колку ги тресеа луѓето, толку да се крадело човече. Каков народ сме, не сме народ ние, џган сме. Немаме ни култура никаква, затоа никогаш нема ни да влезам таму, да се тепам за тоалетна човече. И ја разбирам Мече, мене мајка ми ми кажуваше, она оди таму да пазари, од се знае кои причини, ми вика, абре да разберам сиромашен народ, ама кога ќе видиш некој што очигледно нема потреба да се граба за нешто оди па сфати. Па направи ред мајку му, а не вака. На ништо не личи маркетот, тоа само можам да кажам. Јака им душа на вработените што се расправаат со секаков народ, а полошо од толпа нервозен народ нема.
За истите тестенини збориме , за тие што се на промоција, нема други 19 денари (патем две пакетчиња се за 19). Епа луѓе, веројатно јас не сум била во време на големи гужви и затоа искрено ќе ве посоветувам ако имате намера да пазарувате одете во 8.30 - 9 навечер. Јас тој период бев два пати и тврдам дека поминав без никакви последици без грабање и влечење, а освен тоа немаше баби и дедовци кои се тепаат туку млад и културен народ.
Јас кога бев,мислам дека луѓето ќе ме испотепаа со количките ,како мравки на леб буквално таква беше сликата Не бев ни по шеќер ни по ориз,едноставно ми се пријаде пица па решив да си купам што ми треба,ама кога видов што се дешава,само чекав да излезам.На сестра ми и се заврте од таквата гужва ,тоа беше на 11ти октомври. Не ги обвинувам луѓето кои пазарат,дали сакале да заштедат или не ич не ми е гајле,ама културата бе,основна ја немаат,онаа најосновната Дури јас се почувствував засрамена што се наоѓам меѓу нив. Отвараат НИЛА да ја мириснат,пола ја истураат,оставаат на среде колички,исфрлано овошје,зеленчук,аххх страшно
Влегов вчера во маркетов и имаше многу гужва, производи оставени на места на некои други, не можеш да се разминеш, нечисто, а цените како што видов се разликуваа од оние на другите маркети неколку денари само. Фамозната тоалетна ја немаше, единствено ефтино што земав беше два течни сапуни од 400мл за 55 денари. Сепак и тоа како се исплаќа ако купуваш на големо! Друго што видов во маркетот и никогаш нема да заборавам беше полусвесен човек кој лежеше на плочките со полупревртени безизразни очи и отворена уста и луѓе кои го ладеа. Имаше ако не се лажам и крв околу него. Не знам што точно се случило ама човекот лежеше таму без да се мрдне најмалку дестина минути. После дојде медицинска сестра и најверојатно му помогнаа. Дали беше тепан или нешто друго придонело за неговата состојба не знам. Единствено знам дека беше ужасна глетка. Нозете ми се пресекоа кога го видов.
Веќе нема гужви, еве бев денес да купам нешто што ми требаше таму и во ДМ од што ми е на иста одалеченост колку и маалскиве продавничиња, и на каса по 2-3 корпи или колички, и на другите каси слична ситуација. Многу од работите што ги имаше првиот ден веќе и ги нема (а рекоа ќе донесат, да ќе донесат ко ќе заврши попустот) и тоа е лошо. Ти си мислиш истото а сега, а утре ќе го купиш ама не е така. Не биле џабе чекањата по 2 саати на каса, се уверив.
Го посетив маркетов од љубопитност колку да видам што има и уз пат си купив по нешто од стварите што беа на промоција и секако благо. И јас приметив дека многу од стварите што ги има на промоција ги немаше и не носеа. Вработените цело време викаа ќе има следната недела, па сигурно кога ќе помине 21-ви ќе има. Јас кога бев во моментот отворија од тие перниците и јорганите. За секунда ги снема, луѓево веднаш ги испоземаа. Многу луѓе чекаа кај сушалките и даските за пеглање за да донесат ама слабо. Тетка ми запна да си земе сушалка и даска, али и се погоди само сушалка во моментот додека се шетавме пред нос и ги отворија па успеа да земе. Иначе и нив одма ги снема. Цените на другиве производи како и во другите маркети па дури и поскапи. Битно без благо не излегов Иначе вработените беа љубезни и касиерките и обезбедувачите.
Што доведува сиромаштијата во Македонија знаете ли? Не доведува до редици во Керфур и други маркети со акции, туку доведува до толку големи критичари да стануваме бидејки немаме што друго да правиме. Абре први сме за да искритикуваме, први! Редиците во супермаркети посебно за акции се сосема нормална работа секаде во светот, ама секаде! Тоа е, не си го гледаме сопствениот живот туку на комшиите. Ок е мала шала, ок е критика, ама нема крај на критиката. Претерувате. Испаѓа не да му умре козата на комшијата, него да му се вцрвени газот од неквалитетна тоалетна за 49 денари. Абе ако сака со тоалетна, ако сака со весник нека си го брише. Ако сака нека чека ред 2 саати, ако сака нека си купи од Веро за 300 денари 8 слојна тоалетна. Секој кај сака нека си купува. Не го сваќам ова апсолутно критикување на се и свашта. Не сакате скапо, не сакате ефтино. Не сакате гужви, не сакате некој да ве згазне во супермаркет, не сакате мали лименки сте сакале големи и бла бла. Абре ако не црно зрнце во шеќер најдете. Затоа ќе си патиме, зашто критикуваме што скоцкани луѓе купувале на попуст, што иделе на пазар, што сакале поефтино да поминат. Па сакаат бе, нормално е. Сватете нормално е се. Ние сме како народ шлакнати што гледаме се околу нас и фаќаме само забелешки кој што купил. Гледаме у туѓа кошница наместо својата да си ја наполниме и да почекаме +10 минути на каса. Дека немаме култура тоа не е нешто ново, ама и дека стануваме се поглуп народ и тоа е веќе повеќе од јасно.
мислам дека некој спомна за да загледуваме на цените мм денес зема едно бикче и замислете едно бикче значи обично испадна дека било 600 ден и ни кажува колку треба да платиме на крај и јас и мм се гледаме и се чудиме.. и ја прашуваме таа на каса и вика оф леле пак погрешна шифра ставиле .. и уште не прашува дали ке го земеме бикчето хахахха јас вака ја гледам и на крај сама го тргна.. така да не се чудете ако ви кажат некоја цена зошто не им се сите шифри точни и проверувајте си... инаку не ме интересира кој што купил , непристојно е да се гледа во туѓа количка.. Бев земав тоа што ми требаше и толку.
Сега само што се вратив од Карфур и она што го видов се совпадна со моите прогнози.На самиот влез нема никаква гужва,само еден човек од обезбедување,внатре имаше 3 до 4 пати помалку народ од вообичаеното,нема повеќе евтина тоалетна хартија,евтини чоколади,евтин зејтин кој еден пензионер прашуваше на кој рафт се наоѓа по 30 денари а таков јас не видов туку цена од 95 и никој не го купуваше, имаше полузелени банани по 29 и зимаат додека има затоа што промоцијата важи до 28 октомври,кај чорапите што беа на промоција жени правеа гужва додека кај останатите артикли сите рафтови беа полни и нормално народот со полупразни колички оди на каса каде што имаше ред по двајца на секоја каса.Се поретки се оние што излегуваат со полни колички но таквите не ги гледаат цените и каде и да одат без разлика во кој маркет излегуваат со полни колички.Најголемиот дел излегуваа на касите по 2 до 3 ситници што значи дека луѓето не наседнуваат на оние финти дека ако на почеток им даде некој по багателни цени ќе ги научи да пазаруваат од таму.Баба ми покојна викаше дека сиромав човек е жив ѓавол и дека тешко на крај нкој може да излезе со него односно да го прелаже како со Карфур.Како што мене ми изгледа работава бадијала ке отвараат други маркети кога народот по пониски цени ке продолжи да си пазарува од Кам,Стокомак,Денар дисконт и слични такви маркети затоа што цените секогаш ке им бидат пониски.
Дали некој/а знае, има ли сеуште од производите што се на промоција? Знам дека одредени производи ги снемува па повторно носат...
Јас сум изгледа нешто збунка, првичниот попуст трае до 21 или до 28? Сигурна сум дека на билбордите низ град пишуваше до 28
Сабајлево бев, искачаат луѓе од таму со црвени пиперки и перници,бевме и ние, и оваа мајка ми , ај и ние да купиме (а бевме искочни за јакна) и одиме и ја ваква и на враќање паметните перницата и една кеса пиперки мене ми ги тупнаа а плус шо носев и 3 други кеси. Алал да ви е, сеа рацете ко скинати ми се од вас
гледам темава замрела... сакав да прашам дали некој знае како одат работите на рати во карфур...преку која банка и слично...ако некој е запознаен нека пиши ...сакам да купам машина за перење алишта пошто ова мојава цркна па ми треба под итно ....
Ај и јас нешто да прокоментирам. Абре луѓе што е со цениве? На едни чипсови баш прочитав, абре не сум ќора, пишуваше Chipsy чипс и под тоа 9 денари. Малце ме зачуди ама купивме. И оп иди на каса ти куца еден 21 денар? Па добро бе, би сфатила да се испомешани, ама пишуваше чипси чипс од малите, па дај нека не зафркаваат.Исто и со пастата, Колгејт купуваме пишуваше 102 ли беше таму, го куца 140 не не ми е јасно , се им е лом со цениве.Треба барем еден ден да го затворат да си ги наредат како што треба, и ако треба нека ги залепат, не - едно паднало. друго се испомешало, па да се чуди народ кога околу 20 денари ке ти зголемат на каса од цената.А да, и во тоа каталозите, сите цени им се утнати, па напишале се извинуваме,некој човек ке се израдува, леле колку ефтино, ке дојде и оп - се извинуваме за згрешените цени..