Карфур беше полн само првите недели,сега некако замре,слаба атмосфера,а цените повисоки и од други супермаркети. Свако чудо за три дана. Видовме-помина.
Го фалеа,го рекламираа хипер, абе да ... верото во веро центарот е по големина исто а и по снабденост. Значи нема ништо посебно освен неколку производи од нивната марка. очекував повеќе ,но изгледа за наш стандард толку е
На новата промоција што трае од вчера (до 7ми декември ми се чини), има перничиња за по 80 денари. Земајте по една количка, па бирајте и комбинирајте според домашниот ентериер
Треба да има вакви хипермаркети во секој поголем град А и секогаш даваат попусти на некои производи,секогаш се менуваат.
Се наоѓаат евтини и корисни работи... Би требало вакви маркети да има и во другите градови во државава
Он-лајн каталог мислам немаат, но дали некоја знае дали ги имаат во маркетот тенџерињата што се на насловната на каталогот? Сет од 6 парчиња за 899ден.
Имам впечаток дека Ramstore во центар е подобро снабден во поглед на многу работи. И една споредба: Мекдоналдс кечапот во Карфур е 150 во Рамстор 145 ден. Но во Карфур ми се допадна тоа што имаат како мало ресторанче каде може по долгото пазарење или разгледување да се седне и се изеде нешто солено или благо (има големи индијанки за 35 ден.).
бев пред 2 дена и сеуште ги имаше тие тенџериња ама кога ги видов квалитет никаков! тенки тенки како едни стари чиниивчиња што ги имаше порано ! тоа да го ставиш ќе ти загори одма! претанки беа! а луѓе земаа гледам носеа во рака...мене лично воопшто не ми се допаднаа
Поминувам често во маркетов. Ама мислам дека ни од далеку не е тоа што очекувавме. Повеќето производи дури 80 до 90 % ги има и во Тинекс,Веро Рамстор..и на истите производи цените им се повисоки во Карфур. Од производите со ознака Карфур па и нема некаков избор.. Единствено добра придобивка за нас потрошувачите е што помпезното најавување на маркетот и најавувањето на супер ниски цени..придонесе намалување на цените и повеќе акции во останатите големи маркети.. А за хигиената дали поради големата површина или големата посетеностна маркетот и целиот објект ..не сакам да коментирам.. Се на се целиот простор нема некоја топлина..внатре кога ќе влезеш имаш чувство дека нешто недостасува..нема атмосфера која привлекува да останеш и да ти е убаво..се е некако ладно, сиво..
Пред 2 недели за прв пат го посетив фамозниот хипермаркет Карфур, затоа што претходно кога ќе ја видев сета таа гужва по касите не ми се влегуваше. Како прво не е ништо посебно, како и секој супермаркет. (не дека очекував да е нешто спектакуларно, маркет како маркет) За прв пат ми добив многу лош впечаток, беше некако многу несредено, мирисаше на риба. Не знам дали ќе влезам повторно во скоро време.
Кога и да одам во Солун со саати се заглавував во тамошниот Карфур и ептен се израдував кога видов дека и тука ќе отворат. Вчера прв пат бев,воопшто немаше гужва,ама некако се разочарав. Не е толку голем, нема ништо посебно избор на производи,а и цените не ми се видоа нешто баш ниски. Плус се изнервирав што одредени производи се "made in China".
Голем е маркетот , но немаат врска овие производи со производите во Грција. Овде се се произведени или во Романија или во Бугарија. Инаку цените се ок , последно земав неколку чоколади 72% какао фарби за коса и од тие чашите стаклени во боја 1 чаша за 50 денари
За сите љубители на зачини-чили+кари+цимет=75ден ,со рок до 2015 Спојлер Oд овие За сите домаќинки Первол 2 зелени плус гратис за црни алишта 350 ден. Ете реклама
Веќе почна од самото име сипаници да ми искачаат Или тетка ми,или баба ми,или стрина ми,или вујна ми....Се шалам,само тетка ми и баба ми,секој ден ги шетам ми се смачи веќе ми се смачи,а за ова со цениве да не зборам.Карма каша им се,се е различно од цените во маркетот и во цените од тие на проспектите
Прв и последен пат влегов пред некои месец дена....Побогу, ваков маркет немам видено ни во странство, а богами ни кај нас до сега! Прво маркетот е ужасно прљав ( валкан, се извинувам ).Второ, само мене така страшно ми мирисаше, или сте ја осетиле таа одвратна миризба и вие???Мириса како зоолошка градина! Ниеден маркет во Скопје не мириса така.Не ми е јасно како санитарна инспекција до сега не реагирала.Па, таму храна се продава!Жално и бедно човек да се осети кога таму купува. Веро и Тинекс се чист луксуз во споредба со ова...
Ужасно смрди, ми се чини цел трговски мириса на риба скапана...не го сакам и точка, евентуално некогаш на мачето му купувам храна што ја нема во другите маркети и тоа влегувам земам и за 5 мин искачам