Хиперпигментација на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Frida xxx, 3 ноември 2026 во 12:35.

  1. Frida xxx

    Frida xxx Нов член

    Се зачлени на:
    Денес
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Бидејќи не наидов на ваква тема, отворив нова.

    Би сакала да ве прашам за искуство и препорака за крема против хиперпигментација.

    Ми се појави потемнување на кожата над горната усна (надусницата), најверојатно како последица на сонце и иритација, па можно е да станува збор за постинфламаторна хиперпигментација, но не исклучувам ни мелазма.

    Во моментов користам Melabel Forte од Biotrade навечер пред легнување, сабајле спф (корејска) но би сакала да воведам подобар SPF за секојдневна употреба, да е медицинска козметика, некако посигурни ми се.
    Гледам доста форсирани се линијата на еуцерин антипигмент, пигмент контрол, биодерма.. ла рош спф 50 (ама она не е антипигмент).
    Некои посочуваат дека неопходно е и витамин Ц, цинк оксид, титаниум диоксид.. исто и ретинол.

    Која крема со SPF би ми ја препорачале за ваков тип пигментација? Дали имате лично искуство со некој производ што ви помогнал за ваков конкретен проблем?

    Би ми значеле вашите искуства и препораки. Ви благодарам! [​IMG]
     
    Последна измена: 3 ноември 2026 во 12:43