По пуштањето во употреба на дигиталната верзија на Толковниот речник, стигнале реакции од граѓански здруженија за тоа дека во речникот има навредливи термини , па така Владата решила да ни го корегира јазикот со бришење на навредливите термини. Меѓу другото од толковниот речник се, односно ќе бидат повлечени навредливи зборови, како „циганштија“, „курва“, „педер“, „каур“ и други. Филолозите го кажаа своето: Речник не е список на дозволени зборови- Илина, Букбокс Емил Ниами- доктор по филолошки науки и славист, ако не се лажам, реагирал на ФБ Едно резиме на реакциите и овде Што мислите вие за овој досега невиден и нечуен потег во филологијата и државното уредување? Дали ако ги избришат зборовите од речник истите ќе престанат да постојат? Дали македонското општество ќе стане потолерантно и политички коретно и дали воопшто такво нешто е возможно? Бонус Спојлер: реакции
Колку прекрасно! Брилијантна идеја. Не се сомневам во тоа. Јас генерално кога зборам онака со луѓе имам речник во рака и исклучиво само по зборовите во него се водам и составувам реченици. Апсолутно, да. Знаеш она ко ќе просат децата Ромчиња на семафор дека родителите ги принудуваат, наместо да ги испраќаат на училиште, со каква гордост и достоинство сега ќе го прават? Или ко ќе претепаат некој пед...упс, мислам хомосексуалец...со секој удар ќе ја осеќа толерантноста. Изгледа на некој му било досадно и не знаел што да прави, па ај нешто да се дешава. Речникот е само групен запис на зборовите кои се користат во еден јазик, а не обратно да го диктираат говорот. Милион и една глупост ќе им текне, само да не седне некој и реално да почне да решава проблеми. Искрено идејата е преглупа за нешто повеќе да се пише.
Сите јазици претрпуваат промени. Шекспир да ви зборува сега на тогашниот Англиски јазик, ништо нема да го разберете.
Баш го следев ова и во групата Пуздер. Имаше некој предложено само да се додаде дека е во навредлива конотација зборот, така нешто, ама требало да се поминува низ многу комисии, демек ептен долг процес, па полесно било вака. Ете, зошто да се мачиме.
Да, ама тоа настанува природно со тек на време. Освен тоа, која е разликата дали ќе кажеш види ги Цигаништава или види ги Ромиштава. Не им се менуваат чувствата на луѓето магично преку зборовите. За да имаме толерантност треба добро да седнат и од корен да го реформираат образованието.
Види, јас многу добро знам дека поимот курва е навредлив. И знам дека темата ја избришавте. Ама да го избришеш од речник. единствениот збор кој идентичен постои во сите словенски јазици ми е многу многу...не ми текнува соодетен збор, чек да видам во речникот Многу комисии требало да поминува А преведувачите нека се чешаат како да преведат. Или лекторите како да излекторираат
Нема разлика. Јас да сум и двата збора ќе ги исклучам од јазикот. Иначе, се обидуваат да го рефрмираат образованието, ама има огромен отпор кај народот. Некој им кажал дека нема да има учебници... ама уште не знам кој
Абе се се обидуваат да реформираат, олку мултиталенти немаме видено од времето на Питагора мислам Па ќе им кажат експерти од областа, видете другари, тоа така не може- ама не, они не разбирале. Тебе и учебниците нема да ги коментираме, јер не е тоа темата.
Ептен ќе забегаме натаму со темата. Само ќе кажам промените треба да се насочени помалку кон дигитализација, а повеќе кон искоренување на несоодветен кадар.
Таа спомна реформа, јас само се надворзав. И точно е дека не е за мене темава, ама не е ни за вас. .... туку оние кои припаѓаат на заедницата која се ословува со конкретниот (за нив) навредлив збор.
Се согласувам. И тоа е всушност дел од реформата. Ќе летаат еден куп неспособни наставници. Затоа толкав отпор пружаат.
Сериозно почнувам да се прашувам кој е генијалецот што му текнуваат идеиве. Се поверојатно ми е дека на дроги им текнуваат. Постои дроги сега? Ок на недозволени супстанци дека им текнуваат.
Која глупост Ама па и ние да бидеме во тек со светските трендови. Туку како експресно донесоа одлука откако се пожалија од здружението, браво, најбитните работи веднаш се решаваат.
За речник праиме муабет, една досадна и стерилна тема Би можела да ги отвориш линковите од воведот, ама пошто си спремна за дискусија и без нив, еве, за ова праиме муабет Страшно, зборот Нигер постои во речник