Реков јас во насмевка темава. Одма да одиш и да им пишеш на конгресмените. И на газдата на интернет исто
Ама рачунај, со каква конотација е тој збор да го употребиш за Афро-Американец? Затоа реков:Заедницата која ќе се најде навредена, ќе си каже сама. Нема што ние за нив да мислиме што е навредливо, а што не.
Бришењето на зборовите од еден речник не значи дека се брише и појавата. Таа и натаму ќе си постои, зборовите ќе си постојат. Подобро е да стојат во речникот со назнака дека се навредливи, за некој кога ќе го побара зборот да види дека е навредлив. Вака ќе побара и ќе нема никaкво објаснување, нема ни да знае што е, па може само да продолжи да си го користи зашто го слушнал некаде, само поима ќе нема дека е навредлив. Не оди тоа така, се што не ни се допаѓа да збришеме од речник. Колку тоа не е во ред само нема зборови. (во толковниот речник )
Не мора да си филолог, за да знаеш дека навреда по расна, национална, сексуална, полова и било која основа, е неприфалтиво однесување во современото општество. Зошто да користиме зборови кои некого навредуваат?
Не. Не треба да стои во речник. Па ако некој го научи од друго место, ние околу да го осудиме.... и да го осудуваме, додека не престане да го користи тој збор.
За која заедница збориме? На која заедница се однесува зборот курва? И пак, за речник зборуваме. Знаеш кога се користи толковен речник?
Мислам дека треба да направат листа на 500 зборови кои ќе смее да ги користиме и на тој начин никој нема да биде навреден.Сите ќе бидеме исти и среќни.
Ако не си филолог, тогаш твоето мислење има иста тежина како тоа на мамичка Славица за вакцинацијата на нејзината МиаМарија.
“Курва“ е збор, кој единствена функција има да ја навреди жената. Значи, базиран е врз основа на полова омраза. Зошто да постои таков збор? Секоја жена е наречена “Курва“, барем еднаш, барем од еден човек во својот живот. И нема апсолутно никаква поврзаност со нејзиниот карактер или однесување, туку исклучиво на фактот дека е жена. Пак да прашам: Зошто да стои зборот во речник?
@WildMk Дали мислиш дека општеството некако ќе добие колективна амнезија со бришење на зборовите од речник? А ако 80% од луѓето се исто нетолерантни и го користат исто, кој ќе го осуди?
Вајлд знаеме твоето каде ќе заврши, ти воопшто не ни дискутираш на тема. Прво прочитај што значи толковен речник и што се опфаќа, прочитај и за толковни речници за други јазици. Тие зборови се дел од јазикот, сакале или не, да ги снема како појави и ќе нема потреба од зборот, така оди тоа, а не обратно.
Ок, оди преведи го Буковски те молам Бтв, првпат го отворам речников. Стварно му фали да ги помине сите комисии и сите зборови да добијат појаснување, дали се официјални, колоквијални, дијалекти и штотијазнам. Ептен е за греота
На тема дискутирам. Се што е измислено од луѓето, се менува и еволуира, заедно со еволуцијата на тие луѓе. Општествено 'решение' за комуникација е јазикот.