Ништо не си не збунила, некако ти сама делуваш збунето. Треба да си стојат зборовите зашто се дел од јазикот и тоа е тоа. Само со доволно образложение и толку. Тоа што ќе стои во речник нема некој да натера уште повеќе да го користи само зашто ете, го видел во речник.
@WildMk Секој можен збор што постоел и постои на светов треба да биде документиран, и да има објаснување во каква конотација се користел. Да, навредливи се, да, ги користат најголемите сељаци, да треба да се стремиме да се исфрлат од употреба, ама никако не смееме да ги цензурираме и бришеме. Напротив, треба да стојат како споменик на фактот што општеството во оваа точка од времето чувало таква гадна омраза кон одредена група луѓе. Со бришење зборови бришеме важна историја што не смее да се заборави. Речникот на еден јазик е само олицетворение на луѓето кои го зборат. Само обична документација е на нашите индивидуални речници. А инаку како и обично секакви коментари се изначитав и за ова. Имаше такви што викаат бришат бришат, слушнав сакале и зборовите мајка и татко да ги бришат, имаше и такви што викаат што се бунат циганиве кога се такви... Нов ден, нова причина да сакаш во око да си пукаш од македонскиот читал-не-дочитал синдром. П.С. Не е ова проблем на политичка коректност, би било фино да можете да погледнете подалеку од тоа и да не си ја искористите ситуацијава за уште едно хехенце од типот и речникот го направија хомофоб ехехе...
Има една статија што наведува за бенефитите на пцуењето и користење на такви зборови. Јас како чест корисник на истите во услови на домашен терен, иако со странки ужасно се контролирам, нема да престанам да ги користам. Кај мене делуваат терапевтски Ми нема смисла негирањето на нивното постоење. Всушност, јас имињата на тие зборови не сум ги прочитала во речник, уште помалку со умисла да земам да читам за истите, за мене тоа се зборови од улицата кои свесно или несвесно ги прифаќаш. Така да, нема да смени ништо. Линк до статијата... https://www.google.com/amp/s/amp.cnn.com/cnn/2021/01/26/health/swearing-benefits-wellness/index.html
Аа, па цел ден да се занимавате за без пари Баш гледам, глагол ,,црнчи,,- да се забрани https://makedonski.gov.mk/s?q=црн
Уште нешто да кажам. Уредување на јазикот и формите на говорење во смисла на отфрлање на термини и забранети зборови само по диктатури има и во дистописки четива. Не зборувам што е тука пристојно или не да се каже.
Бришење на зборови од речникот нема да значи и исфрлање на тие зборови од употреба. Не можеш со поправање на речник да натераш луѓе да не употребуваат зборови кои се употребуваат со векови.
Него едно сериозно прашање, што никогаш ми немаше логика. Кога бев помала ја читав Хари Потер, имаше една реченица која ме остави во енигма уште некоја деценија плус. Што значи ,,Дундестата госпоѓа Фиданка", во малтене детска книга?!?!
Нема да кажуваш повеќе "Една стока дебилна ќе ме прегазеше на пешачки", туку "Едно припитомено животно со заболеност на мозокот ќе ме прегазеше на пешачки". Problem solved.
Нема поента бришење од речник, нема да престанат да постојат ако се избришат. Туку треба да се објасни дека е навреда, и што значи навредата. Ама... џизс крајст. Зашто би направиле нешто како што треба, кога може да забушаваме?
Ама јазикот не еволуира насилно, Е природна појава кај човечките суштества и со нив заедно еволуира. Како да ти кажам, ај вака. За да избришеш "курва" и "педер" од речник, треба истовремено да избришеш историја и колективна амнезија да имаме, и некако да се разбудиме магично и да сме преполни со разбирање за проститутките и хомосексуалците. Ама, тоа е невозможно. Не можеш да направиш збор да не постои, можеш да одлучиш дека е навреда и како таков да го забраниш и да се сносат последици за користење на истиот. Ама не може да престане да постои, исто како што ако избришеме карцином од речник, нема да престане да постои карциномот. Друг пример се термините: кретен, дебил, морон, со кои научници се служеле при опис на лица со психичка и психофизичка попреченост. Одамна се исфрлени од употреба и се сметаат за навредливи зборови, НО, постојат во речник, а постојат и во стручната литература како било, а како е сега. Многу работи од минатото се денес навредливи или во најмала рака знаеме дека се неточни, на пример најголем дел од фројдовските идеи, ама и понатаму ги знаеме и ги учиме, иако Фројд got it wrong. Нема поента да го избришеме, напротив, ТРЕБА да ја учиме историјата, иначе сме наклонети да ги повторуваме грешките од минатото.
@WildMk мислам дека не ја разбираш темава. Не е темата ајде да користиме навредливи изрази. Туку ајде да ги избришеме сите и да не се знае дека постоеле. Ајде нека ги избришеме. После 500 години на некој паметен да му текне дека нигро/курва/younameit е ок термин и пак од почеток истото. Сфаќаш зошто не ти чини логиката?
Ја разбрав темата. Сеуште мислам дека, физички треба да се отстранат од речниците, навредливи зборови.
Од кои реченици? Од реченици никогаш нема да се искорени, невозможно е да му забраниш на некој да користи некој збор приватно. Зборуваме за чиста документација, од говорни реченици знаеме дека не може да се искорени.
Од речници не реченици Знаеш шо дијагноза имаш сега? Комплет не се разбира проблемов, ќе дообјаснам после