Џабе ќе биде.Со векови се употребуваат тие зборови.Отстранувањето од речник нема да значи отстранување од памет.Баш е добро да стојат во речник,на пример да се со црвена боја и да има добро објаснување дека се навредливи. И сите не ги сфаќаме навредите исто.Ако за тебе некој збор е навреда,за друг не е и обратно. Не е ни добро да се отстрани збор без да се направи детално истражување колкав дел од населението го смета тој збор за навредлив.
Очопат Да го прошириме малку речникот Инаку, се пишманиле https://time.mk/c/776cc3be1b/vladat...eniot-lingvisticki-i-opstestven-kontekst.html Ништо не ги разбирам, ама го прогласувам темата за умрено. Клуч. Среќа шо Вајлд не им е во владата, никогаш немаше да се пишмани
Јас сум поќе за да се додај зошто одреден збор е навредлив. Да се објасни со примери зошто е лош, да се опиши и кога јас како дете го слушам и отворам речник да видам шо значи, информацијата дека е навредва и има повреден чоек да стигни до мене. Оти сите идиме од башка семејства. И доста често ваков јазик се поддржува во поќето семејства и треба надворешен извор да се види зошто нели, треба да се избегнува.
Еве убаво објаснето од стручни лица: Почитувани, Ви се обраќам како професионалец, научен работник кој сиот свој работен век, односно повеќе од две децении, го посветил на лексикографијата. Ќе бидам кус. Не знам колку сте упатени, но во лексикографските изданија, особено кога станува збор за толковен речник, се одбележуваат сите лексеми кои постојат во јазикот, без оглед на тоа дали се во активна или во пасивна употреба, дали се архаизми, историзми, во кој стилски пласт се употребуваат итн. Имено, одредниците „циганчи се“, „циганштија“ и „циганштилак“, на кои реагираа одредени здруженија, во речникот се проследени со скратениците „разг.“ и „пејор.“, односно разговорно и пејоратив, со што јасно се определува сегментот на нивната употреба. На овие одредници, како што може да се прочита во медиумите, како непожелни се додадени и други, за кои се бара да бидат исфрлени од речникот. Одредницата „курва“ е исто така проследена со скратениците „разг.“ и „пејор.“, одредницата „педер“ со „разг“ и „грубо“, одредницата „педераст“ со „грубо“ итн. Фактот што определени зборови не се општоприфатливи во секојдневната комуникација, не значи дека не постојат и не значи дека не треба да бидат опишани во едно вакво лексикографско издание. Чинот на исфрлање е чин на цензура, која е категорија забранета со Уставот, згора на тоа што станува збор за сериозен научен и лексикографски труд. На ваквиот „лов на вештерки“, може да се очекува да почнеме од речниците да ги исфрламе зборовите „кур“ и „пичка“ проследени со скратеницата „вулг“, односно вулгарно, како и многу други лексеми, кои во секојдневниот говор може да им се чинат навредливи на одредена група говорители. Треба да се има на ум дека едно вакво лексикографско издание не претставува прирачник за (не)употреба на зборовите, ами дава опис на нивните значења кои се одбележани во определени контексти (најчесто во литературата, но и во публицистиката итн). Доколку продолжи ваквата практика, со право ќе сметам дека тоа е кршење на начелото за професионалност и на научната етика, што може да доведе и до анатемисување на научниците, па и нивно палење на клада. Земјата е тркалезна, гравитацијата постои, постојат и соодветните лексеми во јазикот. Воедно ги охрабрувам моите колеги кои се автори на овие одредници да не попуштаат и да се спротивстават на ваквиот чин на обесценување на нивниот труд. Со почит, Емил Ниами, доктор на филолошки науки извор: Опсервер
Дерогативните (навредливи) зборови лингвистички се неизбежен дел од секој јазик, како такви и од речниците. Боли општествената атмосфера од која потекнуваат и не е оправдливо нивното активно користење во реалниот живот за омаловажување и ширење говор на омраза, но со бришење на истите не се постигнува ништо, само се бришат трагите на постоечката дискриминација. Исто како што важи и за денешното адресирање на преставувањето на расизмот во постара литература или филмови со негово бришење. Секако, зборовите задолжително треба да одат со коректна назнака како навредливи. Јас најпрвин кога прочитав вчера за случајот со толковникот, мислев дека токму тоа им е и намерата - да ги надоградат дефинициите, но според реакциите на најстручните инстанци - очигледно не било така. Ја сфаќам реакцијата и чувствата на ромската заедница, но ваквото справување со ситуацијата е во најмала рака мрзливо и контрапродуктивно.
Авторката на тој дел од толковникот се огласила со изјава "од печатениот не може да го тргнете". Скриншот од печатениот имаа објавено, фино стои дека е пејоратив. Мислам, озбилно, the dictionary has been cancelled? Немам што повеќе да кажам на темава, тотално е трагикомично. За момент помислив дека е сатирична веста, после видов вистина било. Речникот инаку, е истиот оној што беше на makedonski.info Имаат технички проблеми, им го срушив случајно жити се, професионална деформација е. Поголем проблем е што никој нема да го најде еророт и да го поправи. Има каде да се пријават грешки? Друго ме мачи, што уште на makedonski.info постоеше. Дефинициите за маж и жена: Зошто дефиниција за маж е "лице од машки пол", а за "жена" е лице што не е маж. Маж и не-маж. Нема маж и жена, јок...
Затоа што само така ќе знаеме дека е навредливо. Нема да успее затоа што ќе се измисли нов збор како замена за стариот навредлив и така без крај. А од каде да знаеме сите дека тоа е навистина така? Некои ќе речат можеби значи домаќинка, честита жена... Доколку меѓутоа тој збор го провериме во толковниот речник ќе видиме дека тоа е навредливо! Ова ти што го кажуваш ќе има токму обратен ефект, имено да немаме аргумент црно на бело дека не во ред тој збор да се употребува! Тие што вреѓаат ретко или никогаш не ги учат од речник тие зборови, туку од околината во која растат. Тие што ќе укажуваат на некоректноста меѓутоа секогаш ќе можат да се повикаат на речникот.
https://makedonski.gov.mk/corpus/матка Сервер ерор имаат кога има повеќе од една дефиниција за еден збор и не знае серверот која да ја прикаже. Пример: Матка, како глагол, да те матка некој. И матка ко женски полов орган.
Ахахаххаха ова во случај некој да се реши македонски да учи. Дека ретки се вакви сценарија иначе стварно замислете некој учи Мкд и наместо хомосексуалец рече педер на некого, а со најубава намера. Шала настрана, сосема е во право Реин. Зборовите не треба да се бришат, ама од голема важност е да се нагласи дека се навредливи изрази. Исто треба да се нагласи што спаѓа во разговорен, а што во литературен јазик...Зошто пак замислувам ситуација, некој сака пример да напише формално писмо и да тропне таму нешто во стилот на овие зборови. Тоа може да му се случи на странец што учи македонски (пак ќе речам, ако постои таков ) или па на некој од помладиве, гледајќи накаде се движат новите генерации . П.С. Баш сега го гледав http://www.makedonski.info/, пишува кога некој збор е навредлив дека е така и дека се користи во вулгарна конотација. А, гледам и сте напишале за тоа веќе додека сум го пишувала јас постов Туку наместо да се дискутира за ова, да си го научиме сите сопствениот јазик би било најдобро. Мн е лесен, исто се пишува како што се изговара, има само неколку едначења по звучност кои треба да ги научиме и ние и таму правиме грешки. Дури и личности кои инаку ги сметам за интелигентни, знаат да ме изненадат со ова. Дали не се замараме или навистина не знаеме, не знам. Ама тажно е Замислете англиски да ни беше мајчин, секој збор се изговара различно од напишаното, дури тогаш што сè ќе се изнагледавме на Фејсбук.
Само во Македонија политичарите и претставниците на невладините се сезнајковци и најголеми експерти во секоја област. Си постојат стручни лица за оваа област и тие треба да го имаат последниот збор. Лингвистиката е наука со свои правила и принципи, и нема потреба од вакви непотребни интервенции.
Tи видовид си или Борче си? Немало ропство, таман работа, жените во харемот легитимно си избрале, јаничарите исто...и сл. ср. Еве ја и мојата омилена слика Slavery in the otoman empire, еден клик ќе ви каже повеќе