И така деца, во времето на турската администрација султанот имал харем во кој живееле жените. Тие биле превземени од грижата на родителите и ставени под грижа на султанот, исто како и јаничарите и така чекале да ги оплоди за да просперираат во кариерата.
Кога веќе сме кај зборови кои можат да бидат навредливи, јас предлагам да се избришат и следниве: провинцијалец, плавуша, ропак, глупав, грда, дудлач, лижач (и сл зборови), недораснат, плачко, шмизла/пуфла, пијаница, наркоман/дрогаш (да не им се повредат чувствата на уживачите на опојни дроги), ненормална, лигуш... (дополни ја листата).... А може и цел речник да го избришат ако не... Што е сигурно, сигурно си е.
Не чинело ропство да се кажува и пишува. Тогаш,зошто грабале луѓе? За журки во палатите? Ко мерак да ни било кога нè владееле.
https://nezavisen.mk/zoshto-zborovite-ne-smeat-da-se-brishat/ Спојлер „Решението на овој проблем не е во тоа да се исклучат зборовите, туку тие да се дефинираат согласно општествениот контекст. Значи, ако зборот „Шиптар“ во македонскиот јазик е употребува како погрден и навредлив збор за Албанец, во речникот таа информација треба да стои, зашто таа е документ за времето во кој се употребувал тој збор. Бришењето на зборот од речникот нема да направи ништо освен што вештачки ќе нѐ принуди да ги затвориме очите пред предрасудите во нашето општество. Предрасудите нема волшебно да исчезнат ако ги избришеме зборовите од речникот, исто како што нема да исчезнат и тие зборови од употреба. Тие ќе исчезнат ако имаме соодветно образование и стручни дебати и дискусии кои се одвиваат на медиуми, а не на платформи како Фејсбук.“ „Пример 1: во роман опишувате Македонец полн предрасуди што мрази Роми, Албанци, хомосексуалци и жени. Каков јазик ќе му припишете на таков лик? Ќе зборува чисто, пуритански? Нема да пцуе? Како ќе покажете дека е шовинист? Или нема, па ќе се преправаме дека такви Македонци не постојат?“
Бришењето на навредливи зборови од речникот не е правилен начин на борба против дискриминација. Напротив, зборовите ќе продолжат да постојат, а после бришењето само видов зголемена употреба на педер, циган, шиптар и сл. Проблемот и реакциите на организациите за човекови права за зборовите беше за стереотипизираниот погрешен ОПИС на истите а не дека постојат во речник. И N-word постои во речник, ама си пишува дека е slur, не треба да се користи и е деградирачки.
Не се однесува 'ропството' во однос на жените во харемот, туку во однос на окупираните територии и жителите во нив. И Германија окупирала територии, па не го викаат луѓето 'ропство' нивното кратко владеење. Ропство, подефиниција е кога има робови. Не биле робови, само имале турска власт.
Кога има робови е робовладетелство Не биле робови, поробени биле. Може колонијализам е посоодветен збор, а?
Окупација. Колку што знам имале исти права како турците. На трговија, производство, образование... само не знам дали смееле да бидат дел од државни структури. Плус, окупација на Македонија и' е второ име. И од Италјани сме биле окупирани и од Срби и од Бугари... па тоа не го викаме ропство.
Во кој свет сите други народи имале исти права со турците во отоманската империја Вајлд? Мислам, може до утре да вртиме околу терминологија, ама вакви тврдења, еве не знам.
Па така учевме. си работеле ниви, Битола бил конзулски град, се живеело нормално, само што власта била турска и нивните закони важеле и за нас.
за што не сум во право? зборуваме за општествен систем, а не за емоции. Како систем Турската империја не била робовладетелско општество, туку феудализам
Абе и феудализам нека е. Ни приближно исти права немале. Прво добар дел горе е опфатено во slavery in the ottoman empire, друго буквално приморани биле да работат на феудални поседи без пари (чифлик) и да ја обработуваат земјата на агата/бегот. Тоа е исто ко да речеме сега епа добро, во Египет немало робови зошто реално храна им давале. Инаку побарај white slavery, најчесто отоманската империја се спомнува во тој контекст.
Не. Имало луѓе кои имале свои поседи и плаќале десеток данок. Односно, десеттина од производството го давале за државата. И сега имаме данок.