и баш ова сега го прочитав и сакам да го продискутирам, баш ради ова неќам поделби од било кој тип зошто после се наоѓаат мислења од типот металците се малоумни, хипиците наркомани, фолкерите без стил or whatever. Мислам дека сериозно стилот на живот кој некој го избрал да биди водечки фактор за неговата личност.
Точно така,тоа сакав да го кажам.Тоа што сум одбрала да слушам метал не значи дека сум поразлична од другите.Најчесто поимот металец,рокер или панкер се поврзува со тоа дека се наркомани,силувачи,алкохоличари и така натака.Градот во кој живеам е мал,и скоро сите меѓусебно се познаваат.Можеби до сега сум забележала едвај 5-6 луѓе кои носат такви блузи и се облекуваат во црно.Мене искрено ме радува што има луѓе со различни стилови во моето општество.И не сакам со ова до дојде до заклучок „Те оваа се прае поразлична од другите.“Тоа што слушам метал не ме прави ништо поразлична од тие што слушаат 1D,Justin Bieber,Selena Gomez итн.Едноставно сум одбрала таков животен стил според музиката во која се пронаоѓам,но тоа не ме прави неинтелегентна или необразувана личност.
Секоја индивидуа има право на своја определба, мое мислење е дека секој треба да се движи во границите на нормалното и општо прифатеното, да не се излегува надвор од тоа и да не се забегува во екстрема на било кој план.