Well ми се допага тој тим на танцување и баш би сакала и јас да бидам дел од таква група но за жал во мојот град нема
Многу сакам да се запишам, сакам чисто рекреативно бидејќи немам многу време за посветување. А тоа што ми е блиску во Аеродром ( заборавив како се вика ) премногу професионално играат- постојано некаде надвор од државата, натпревари го немам тоа време..
Јак стил на танцување. Фино си одат и со брејкденс. Туку девојки, јас младо моме, не излегувам по дискотеки и да прашам игра ли некоја цура, па и дечко еве, хип хоп по клубовите? Ја прашав сестра ми, она ми вика, не бе, што ти е, тапа било..
Тапа е, тапаааааааааа убаво ти кажала Барем колку што имам јас приметено, може во една вечер да се најде некој 1-2 машки похрабри што ќе заиграат, ама од страна се гледани во стилот на .....што му е на овој бе, во кој филм влегол Нели кај нас по клубовите се оди да се стои посматра и фаќа сеир, а ако си испијанет и да ти фаќаат сеир. Речиси никој не оди затоа што навистина сака да се изнажурка на музиката, тргнувајќи од самиот начин на облекување, ако се појавиш во патичиња и некои парчиња облека карактеристични за фановите хип-хоп музиката може и да не влезеш во дисктеката зашто не си "соодветно" облечен, а во најдобар случај ќе изгледаш "како за по дома", со сите тие "накитени" околу тебе.
играм хип хоп веќе три години. ама сменив две групи т.е. членував во две студија.. со првата група имавме само два настапи.. па потоа кога се префрлив во друго студио каде што и уште одам добро напредуваме. Бевме и на танцовиот натпревар ИДО што се одржува во Скопје во организација на Прима Данца и освоивме 1-во.. инаку и кај нас настапуваме, кога-како.. ке не повикаат .. го овожавам танцувањето, тоа е дел од мојот живот.. а хип хопот ми е најголема пасија која никогаш нема да згасне.. се надевам еден ден ке денсам за некој од познативе рапери
јас одам во Dare2Dance.. најдобро студио во Битола нема да згрешиш.. што те интересира пиши ми во инбокс
Мм..Јако е,ама ја не идам на Хип-Хоп идам на модерен танц и досега имам настапувано во многу држави вклучувајки ја и Евровизија... *Едит-Евровизија не е држава.
Многу го сакам овој вид на танцување,ама во мојот град нема,но доколку имам прилика сигурно би се запишала
хип-хоп(модерен танц) Се занимавам со хип хоп повеќе од 1 година За сега добро ми оди.Многу е забавно и додека ги правиш сите оние движења се чувствуваш како друг човек.Прекрасен вид на танц Многу сум задоволна! Некој друг ?
хип-хоп(модерен танц) Хип-хопот како правец не го сакам многу. И со модерен танц, нема допирна точка. Модерен танц е едно а хип-хоп е друго, ти го кажувам ова како балерина со долги години искуство :] Иначе го играв и го играм... Интересно е, ама сепак не е мој стил и не ми лежи како модерниот танц, шоу денсот и слично ;]
хип-хоп(модерен танц) Абе...хип хоп е култура која го опфаќа рапот (MCing), графитите, брејкденсот (Bboying) и DJing, а не танц Е сеа, на што се мисли, на каков танц? На брејкденс или? Или streetdance? Нема врска со модерен балет, морам да се придружам и јас кон Реина, и со еден стритденсер многу се карав еднаш, дебатирав де кога ми тврдеше за некои си чекори и правила, а стритденсот ми е мене freestyle, нема врска со балет ниту со модерен (џез) балет каде имаш точно одредени чекори, позиции и слично Инаку почитувам и сакам каков и да е танц, и некои се мајстори и во стриденсот. А брејкденсот посебно го обожавам, тие кои го владеат отсекогаш ми биле ко од друга планета. Обожавам да ги гледам едноставно. Мелем за очиве ми се. Софија Бутела и Salah ми се едноставно фаворити.
Јас пред некоја година играв хип-хоп, но повеќе не играм, зашто ми беше ептен скапо, 2 пати неделно 1400 а и плус далеку ми беше, па морав да идам со автобус. Но многу обожавам да играм хип-хоп и ако би имало и сега пак би се запишала некаде што не е толку скапо и да ми биде поблиску.
Знам дека има но незнам каде и како се викаат местата каде има часови по хип хоп во Скопје.Ве молам кажете
Знам за макмоделс : http://mk-mk.facebook.com/pages/Mak-Models/157843730902078 и за брејк а лег : http://mk-mk.facebook.com/studiobreakaleg
Дали има подобро dance studio од Брејк а лег? Дали има подобро студио од Брејк а лег и дали има студио само во Три Бисери?А да и дали има место каде држат часови по хип хоп во близина на центар,така центар.Ако знаете ве молам кежете ми
според мене ако си решена да одиш на хип -хоп часови само во брејк а лег мислам дека се најдобри имам таму неколку другари што одат со години и се презадоволни