Не ми се допаѓа музиката па ни стилот -хип-хоп-. Немам ни едно вакво парче во плакарот. Кој си го има стилот,нека си го носи.Многу е важно да знаеш да го носиш,а не да се облакаш така затоа што сите го прават тоа,на пример.
Леееле, колку само работи се смениле по отварањето на оваа тема! Мислам на мојот стил. Бев во некој фазон кога бев очајна и депре ради некои ствари, по цели денови го слушав Еминем затворена во соба, се пронаоѓав во неговите песни.. Па ме зафати и треска вака да се облекувам и убаво ми викаа некои дека така ја криеме нашата женственост, каква е таа жена облечена во преголема маица, и војнички панталони?! Ама јас со главата во ѕид, си купував вакви парчиња од Ејсид Веар, имав фармерки кои ми беа омилени (уште ми се убави де онака) ама веќе немам со што да ги носам, зашто купив други работи кои не се совпаѓаат со тој стил. Иако ми фалат некако тие времиња, кога интензивно го слушав Еминем и имав бубачки во главата, сепак сега не би сакала да се облекувам вака, повеќе сум ориентирана на винтиџ стилот, женствениот, со доза на рок елементи. A уште сум почитувач на хип-хоп музиката, особено на Eминем, и го поштувам секој што го фура стилов (посебно машките) ,и ако видам девојка со умесна комбинација ќе ми се допадне, ама јас веќе не се пронаоѓам во овој стил.
Ауу многу глупо ми е ова според мене. Ме фаќа смеа кога ке видам некој ваков,а посебно женско, мислам стварно нема смисла па кај живејме бе ние знаете ? Не сум се облекувала вака ниту планирам.
Па секој си има свој стил и свое мислење но мене искрено не ми се допаѓаат Хип-Хоп музиката и Хип-Хоп Стилот
Јас сум голем фан на хип-хоп стилот. Иако ретко се облекувам така, ама многу ми е убаво особено машко кога го видам облечено во тој стил