Мене ќе ме фати сабота изгледа кога ќе треба да си одам а негде прочитав викенд не пуштале... точно ли е тоа , да не знаеш?
@LunaGrey девојче, одбројуваш ситно до операција? Ајде со лесно, и не се плаши, супер ќе поминеш. Инаку имам наидено на пост на членка што од Чаир после лапаро ја пуштиле баш во сабота, ама да ме утепаш, не ми текнува која беше, може ќе види, па сама ќе се јави.
Луна со лесно мила, ич немој да се секираш. Инаку мене ме отпуштија во сабота. Докторот што ќе те оперира одлучува кога ќе те пуштат
Се зависи од докторот. Мојот организираше се.. од рецепти, отпусно писмо, им кажа на сестрите бидејќи денот кога требаше да си одам он беше дежурен и покасно дојде на работа, ја веќе замината си бев. Кај кој доктор си?
Девојки, кога ви рекоа да се јавите на прв ден од циклус за припрема за хистероскопија, дали е потребен пак упат од свој матичен или само одите со извештај и со анализите кои ви кажале да направите? Се работи за на ГАК.
Јас ќе правам во Чаир ми рекоја да се јавам на прв ден менструација,документи само корона тест и крвна група да носам друго ништо,ако веќе си однела упат нема да треба веќе историја ќе ти направат со тој упат што си го отворила предходно.
Кај кој доктор правеше? Дали нешто пред тоа ти рекоа ако ти се падне прв ден викенд? Мене тоа сега ме буни.
Ако ти се падне викенд, ќе ѕвониш на одделение, ќе најдеш сигурно дежурна сестра и ќе објасниш зашто ѕвониш. Ако не ги добиеш (а сигурна сум дека некого ќе добиеш пошто лежат таму жени, мора да има некој) јави се одма на следниот работен ден. Ти рекле на прв ден за да има доволно време да те стават во распоред зашто претпоставувам дека не ти дале да пиеш орални контрацептиви, а во тој случај хистероскопија се прави одма по завршување на крварење (пред овулација). На прв ден на циклус не ти прават ништо, никакви испитувања, само ќе ти кажат кога пак да дојдеш и што да имаш со себе. Пред процедурата секако мора да ти отворат историја и да поминеш преглед кај анестезиолог, значи на почеток на циклус се јавуваш, па ти закажуваат преглед кај анестезиолог, и после ти го кажуваат и датумот за интервенција. Јас не сум правела хистеро на ГАК, ама имам правено друг тип на интервенција и процедурите им се мање-више исти.
Мене хистеро и лапаро на 13ти ден од менструација ми правеа без претходна тарапија. И во понеделник да ги добиеш не е страшно, само да им нагласиш кој ден ти е од циклус
Девојки денеска добив се јавив во Чаир кај сестрата и кажав дека денес добив ми рече дека ќе ми се јави,дали да очекувам денес или друг ден оти ќе треба да се јавам и кај матичната за да закажам термин за корона тест,а утре е викенд.
Мене ми се јавија после 10 дена... Во петок ми се јавија, во недела правев ковид тест, понеделник отидов, вторник операција, четврток бев дома. Приватно го правев тестот за ковид, немаше термини...
Zdravo feminki da ve prasam , dali na nekoja od vas posle histeroslkopia ( vaganje na septum vo uterus) vi napisaa terapia Estrofen od 1 mg ( 1 nedela 2x3 , edna 2x2 i edna 2x1) i cikloproginova? I dali nekoja od vas znajt za sto se apcinjata estrofen, fala odnapred
Јас пијам се тоа. Естрофемот е хормонско апче- естрадиол исто и цикопрогиновата. Се пијат за побрзо и поубаво да ти заздрави матката внатре. Пиј ги на јадено. Немој на празен стомак.