Da da na jadeno gi pijam oti i taka mnoguu mi se dnevo 7 apcinja mi idat... jas imam i mnogu tenka matka mozda i zatoa mi dal tolku golema terapija, fala ti za odgovorot
Здраво, ќе можеш ли да ми кажеш колку плати за хистеро и скречинг во Ремедика? И дали веднаш следниот циклус може да се прави трансфер? Позз
Дијагностичка хистероскопија со скречинг во Ремедика е 25.000 ден. Ако се најде нешто што треба да се отстрани и премине во оперативна, тогаш кошта повеќе и тоа во зависност што и колку ќе се отстранува. После дијагностичка хистеро со скречинг, трансфер може да се прави веќе на нареден циклус.
Супер, фала ти... очекувам деновиве да добијам, па ќе отидам на прв ден од циклус да се информирам подобро кај докторот. Инаку после интервенциите планираш да правиш трансфер или со природни обиди?
Па јас имам проодни јајцеводи и немам никаков друг механички проблем што би можел да биде пречка за природно забременување, спермограмот е во ред, така што докторот е оптимистичен дека можеме и природно и ќе пробуваме, па ќе видиме, јас би била пресреќна да ни успее.
Мене на клиника ми го дадоа ова ливче за вадење миом. Дали треба стварно се ова да се направи пред да ми отворат историја? Термини нема за трансфузиологија не знам што да правам. Два месеца ми се пролонгира се ради испитувањава. А како што читам, некои само со крвна група одите. П.с. За на ГАК прашувам
Кај тебе мора да се отстрани миом, затоа ти бараат повеќе испитувања, пошто хистероскопијата ќе биде оперативна. За дијагностичка хистероскопија може да се помалку испитувања, ама сигурно не е само крвна група - ПАП, микробиолошки брисеви, инфективен скрининг, крвна група и крвна слика со електролитен статус се задолжителни испитувања секаде, и на државно и на приватно. Хемостаза, односно фактори на коагулација можеш да испиташ во било која приватна лабораторија, не е повеќе од 1100-1500 ден. Тумор маркери може и да може на ГАК или Клиничка биохемија, најдобро прашај го матичниот.
А јас да прашам дали од време на време имате на бришење како малку крв три четири дена после хистероскопија со истава терапија сум и јас
Имав и јас два дена после операција ама еве ми престана. Освен хормонската терапија, пијам плус антибиотик цитерал и капки метилергометрин(3 пати на ден по 15 капки, 3 дена ), тие се за да го сопрат крварењето, ми дадоа три дена да ги пијам. Се даваат и после пораѓај, ја смируваат матката.
И мене во чаир дел од ова ми побараа Не ми побараа само тумор маркери,пап и брисеви. Другото се ми бараа и они. Зошто ти се пролонгира два месеци? Ова може да се заврши за една недела. Фактори на хемостаза и тумор маркери можеш да провериш во било која приватна лабатоторија или на клиничка биохемија до упат од матичен гинеко, секој ден примаат луѓе таму. Ако си правела пап и брисеви последниве три месеца дај ги тие. А хсг снимка и крвна група веројатно имаш. Дента кога отидов на разговор со анестезиолог за да ми отворат историја, во лабораторијата во чаир самите ми земаа крв и ми направија детална крвна слика и инфективен скрининг кај нив, прашај ги во гак дали они прават така... имаат лабораторија таму и они на гак,зошто не си проверат сами кај нив, глупости.
Nema termin za henostaza ddimeri toa ispituvanje. Sekoj den vrtam na ginekologov maticen i se nema. Pa ke ispitam i toa privatno kolku i da e so da pravam. Ke zemam prioriteten upat i ke im odam. Pa sto vikas ako treba neka me prepratat oni za drugi ispituvanja. Od hsg snimkite mi gi zadrzaa koga podnesuvav za vaucer lani (debili tie na salter kaj so podavav dokumenti, a jas uste pogolem sto gi ostaviv). Sega samo izvestaj od Hsg imam. Fala na odgovor. Uste za upat so kakov otide. Mene mi rekoa za istorija gore na oddelenie ke odis so upat, ama kakov ne mi kazaa. I koj den da otidam, prv den na ciklus li. Bev tamu i od 1000 prasanja, 500 ne mi teknuvaa vo momentot
Хемостаза со д-димери е поскапо. Мислев прашуваш само времиња на коагулација пошто тоа ти пишува на ливчето. Крвна слика и инфективен скрининг ќе ти направат на ГАК дента кога ќе ти отворат историја. Бар така беше пред 5-6 години кога јас правев таму интервенција. Ти треба од претходно да имаш спремно да однесеш ПАП не постар од една година, микробиолошки анализи не постари од шест месеци, извештајот од ХСГ, негативен резултат на ковид тест правен непосредно пред операција (за ова исто ќе ти закаже матичен откако ќе добиеш датум за интервенцијата, даваат термини за тестирање кога е во прашање операција). Крвна група претпоставувам дека веќе имаш, а за тумор маркерите може на државно со упат, само прашај го матичниот гинеколог каде, они знаат и ќе те препратат. Кога ќе се јавиш на ГАК дента кога ќе добиеш, ќе ти кажат убаво што ќе треба да однесеш кога ќе одиш за отворање на историја и на преглед кај анестезиолог. Ама некои од горенаведените работи добро е да ги имаш спремно.
Pa izgleda ne treba D dimeri,si izmisliv jas Toa sto pisuva, faktori na hemostaza ke proveram. Fala mnogu, pap i brisevi imam novi, hsg izvestaj samo pa toj ke go zemam,bez snimki sum (mi go zadrzaa koga aplicirav za vaucer kako sto spomenav pogore), krvna grupa i tumor markeri ke napravam na drzavno. Wish me luck
Пред месец дена во Чаир платив 2700 денари за оперативна лапаро хистероскопија. Сигурно тука некаде и за хистероскопија
@Melek 36 Јас правев само хистероскопија, ми отстраниа полип, ми се јавија дека ми е готов резултатот и прашав колку кошта.. Не ми се веруваше кога ми рекоа помалце од 5000.... Мислам дека е абнормално...
Ти ја пуштам целата среќа на светот Инаку на hsg и кај мене се покажаа каналите како проодни, сопругот нормозооспермија. Јас сум со mthfr хомозигот, полицистични јајници и покачени машки хормони...сега колку толку со терапија ги стабилизирав... па да видиме што ќе искочи сега со скречингот... Кој доктор те води? Ти благодарам за споделените информации