Фала ви девојки, се надевам дека лесно ќе поминам. Работата не ми е физичка, цело време седам и блиску ми е од дома, така да мислам дека две недели ќе се таман.
И јас денеска се малку насекирав, многу потенок него вообичаено, али птретпоставив дека мора да биде после прв месец. Фалаа ти
Здраво, колку време чекавте термин за хистероскопија на клиника? Јас се мислам помеѓу Ремедика и клиника. Доколку би одела во Ремедика, би одела кај Димитров.
Ми треба совет Бев на консултација во Њуборн после 2 спонтани абортуси и ми препорача да правам хистероскопија заради сомнение дека можеби имам септум. Кај кој доктор е најдобро да се прави во ГАК ? И кај кој на приватно? Да напоменам, можеби ќе ми треба оперативна, а не само дијагностичка хистероскопија, а би сака одеднаш да се изведе... И кои тестови во ги побараа претходно?
Кога ќе направиш дијагностичка ќе ти кажат дали треба оперативна во New Born e околу 21 700ден, на ГАК не знам колку е , од ГАК Тофоски ептен го фалат, а од New Born др. Трајковски е врвен порано има работено на клиника, прекрасен однос има ... кај него 3д/4д е 2500ден а консултација околу 2000ден. Со среќа и со лесно
Јас правев пред еден месец на ГАК, Др Тофоски и Спасова ме оперираа и поминав многу лесно и без болки. Требаше да биде дијагностичка, но имав септум и премина во оперативна, плус корекција на матка ми направија. Платив 1250 денари. Пред тоа ми побараа брисеви не постари од 6 месеци, Пап тест, крвна група, Хсг.
Зошто не се јавиш во чаир... Имам искуство и во чаир и гак. Една лапараскопија на гак и хистеро и лапаро во чаир, нема споредба. Некако ми се погрижливи во чаир, а и докторот што ме оперираше е достапен во секое време. Незнам за другите ама ја немам пријатно искуство на гак...