Здраво да прашам после направена хистероскопија нормално ли е да ми доцни наредната менструација и колку време од прилика е можно да доцни или е некаков проблем
Пред 6 месеци лапаро и хистеро кај него. Презадоволна, се грижи за пациентите премногу, ти објаснува се што ќе го прашаш. Не се двоуми ич иди си кај него. Јас на прегледи уште си одам премногу е посветен и од после операцијата.
Прекрасен доктор, посветен на пациентите. Нема да погрешиш ако одиш кај него . И јас правев лапаро и хистероскопија кај него.
Здраво девојки ме интересира со каква анестезија правевте хистеро на гак? После колку време ве пуштија дома.. Поздрав фала однапред
Devojki treba da pravam histero vo cair.. Kako e postapkata, dali se prespiva, dali odis od vecer ili od sabajle,dali te pustaat istiot den doma ili nareden???za.da si planiram so denovi od rabota
Мене ми рекоа да одам ден претходно, околу пладне, за да те конѕролираат да не јадеш ништо и навреме да ти дадат апче за прочистување. Преспиваш и сабајлето те носат на операција со целосна анестезија. И тој ден преспиваш и другиот ден ако оценат они може и да си идеш а може и тој ден да останеш,отприлика 3-4 дена, после можеш одма на работа да идеш не е тежок зафат, јас цела недела си земав одмор за да заздравам подобро. Со среќа и со лесно, не се плаши ич не боли миту пак е страшно, поише болки имаме пред добивање што се вика отколку после оваа операција
Znaci pogresno sum razbrala jas... Se mislev za histero e sabajle odis popladne doma... Da si se organiziram pred vreme... Fala ti mnogu
Па сестрата ме исконтактира ми кажа од 22 часот ништо да не пијам и јадам гладна и жедна да отидам во 11 часот ми беше закажана дијагностичка хистероскопија,испадна дека имам мал септум.За 2 часа ме пуштија дома
И кај мене беше исто, сабајле во 8 отидов, во 11 процедурата, во 14 ме пуштија дома. Но тоа во Ремедика, во Чаир не знам како е.
Да Бев покриена со терапија Цитерал 5 дена , Циклопрогинова,Естрофем и Метипергометрин капки .Контрола имав по 3 недели
Девојки после лапароскопијата сестрата ми рече дека можам да се бањам со водоотпорни фластери на раните првите денови. Ама не ја прашав дали после тоа можам без фластери да ги мокрам раните. Ако имате искуства да пишете. Фалааа
Девојки извинете ако не е за тука прашањево но тука сме по активни, после 48 часа од лапароскопија дали можам да ги бањам раните без проблем. Првите два дена ми кажа сестрата со водоотпорни фластери ,ама не прашав за после тие два дена дали може без нив.
Да можеш слободно, мене ми кажаа да не ги пазам воопшто и да се бањам со гел за туширање или сапун дека е добро за раната. Така и правев и немаше никаков проблем.