Dali posle prvata histetoskopija septumot zarasnuva pak i ima potreba od vtora intervencija? Kaj kolku od vas imalonpotreba od vtora histeroskopija?
Колку дена крваревтр после хистероскопија? Јад првите 2 дена немав ни капка крв, а сега 3ти и 4ти ден почнав да крварам (не колку на добиено, помалку)
Privte denovi i ja minimalno krvarev posle 5, 6, 7 den povekje , najmogu 8 den posle toa kako prvite denovi skoro ic. Denes mi e 11 den od histeroskopija i imam samo nekoj zoltenikav iscedok
Направив хистероскопија пред 14 дена. Сеуште чуствувам (слаба) болка во стомакот. Од терапија примам Циклопрогинова. Дали некоја имала вакво искуство? Си мислам болката во стомак да не е од апчињата
Ako e vo predelot kaj matkata, treba da se konsultiras so ginekolog, mozebi se seuste kontrakcii dodeka zazdravuva matkata, ili dokolku imas i poinakva mirizba ili iscedok, mozebi e pametno da napravis brisevi. Dokolku te boli zeludnkot, od apcinjata ti e, pij povekje jogurt i probiotici. So lesno!
Заради истото после хистероскпија во петокот се видов со Калчовски, неговиот одговор беше нормално е жените после оваа интервенција да имаат болки и до три недели затоа што ја полниме матката со вода за да ја зголемиме и да можеме да работиме. Ако болките се појаки можеш и порано да одиш на контрола да те видат.
Od toa jas sto citav dodeka se spremav Tofovski i kaj nego i otidov. Doktorot ne e sam so nego se uste 2 doktori kaj mene bea potpisani Rosa Spasova i Kalcovski.Tofovski toj den jas voopsto ne go vidov u sala da dojde ili da se kaci posle u soba, Rosa dojde da mi prenese so kako pominalo samo mi dadoa terapija kontrola za 1 mesec i tolku .
Posle histeroskopija bev na terapija so estrofem pa posle so primolut nor, terapijata ja zavrsiv u nedelata a ciklus uste nigde nema. Kolku vreme po terapijata go imavte prviot ciklus ?
Zdravo, Jas treba da napravam histeroskopija zakav za ovaa nedela vo sisitina kaj Badzakovski, ima li nekoja iskustvo da mi kaze malku kako pominal? Koga kje se razbudis od anestezija dali imas bolki sto primavte za bolki, posle kolku vreme se vrativte vo normala pocnavte da odite na rabota? prasuvam zasto imam i dve deca i sama sum doma. Posle kolku vreme doagat rezultatite od biopsijata? Jas imam dva polipa na matka ednotot 21 mm drugoto 10 mm. Mnogu se plasam, se molam da pomine sto pobrzo.
Во декември правев хистероскопија на клиника за отстранување на септум околу саат време траеше целиот процес од симнување во сала и враќање назад во соба. Болките можам да ги опишам како менструални, крварење десетина дена. Хистероскопијата ја правев четврток ,а понеделник веќе бев на работа. Денот кога се вратив од болница имав полна куќа гости сите да се угостат кафе, сок ,благо станување седнување 100 пати бев ок не осеќав некои јаки болки али затоа кога си отидоа неможев да заспијам од болки . Пробај барем првиот ден да одмараш ако имаш можност.
Ti blagodaram mnogu za odgovorot, ne gostii ne doagat u obzir sega so pandemijata da mi donesat i virus na site mu rekov samo preko telefon. Ne znam jas se plasam povekje zasto sum i alergicna na mnogu lekovi i na dve anestetici i se plasam najmnogu dur da se razbudam koga bi trebalo celata procedura da zavrsi.
Нема на што. Можеш да побараш да ти направат алерготест пред интервенцијата штом веќе имаш некои алергии.
Јас правев лани во Ремедика кај др.Димитров и поминав супер. Имав исто полип на матка не се сеќавам точно ама мислам дека беше околу 14мм. Интервенцијата е кратка и нема да осетиш ништо. Сабајлето отидов ме примија во соба да се реласирам пола саат, те подготвуваат во соба канила едно друго и ме однесоа во сала, си отидов сама на нозе како ништо да не е, таму ми ја ставија анестезијата и после тоа не знам ништо Се разбудив на интензивна без никаква болка и ме префрлија одма во соба, каде останав уште некои два саати додека истечат инфузиите и тоа е тоа, одиш дома. Немав многу болки, само надуеност и ептен слаби менструални грчеви. Тој ден го преспав дома и од другиот ден бев како ништо да не сум правела. Резултатите од биопсија ми стигнаа на маил за некои 5 дена мислам и беше обичен ендометриален полип. Нема зошто да се плашиш, во добри раце си нема да осетиш ништо, ниту после тоа да имаш проблеми верувај ми Инаку не се плаши 80% од жените имаат такви полипи кои се целосно безопасни, само можат да ти сметат при бременост доколку не сакаш да го извадиш. Со лесно п.с мене Димитров ми викаше да пробаме за бременост со полип па здравје на пораѓај да се среди и тој, ама јас фала богу паничарка да не е нешто друго настојував за интервенција
Здраво девојки, мајка ми има закажано хистероскопија кај др Саша Јовчевски. Може ли да ми кажете како сте задоволни бидејќи не најдов многу мислења за него. Поздрав
Zdravo, Jas pravev vo vtornik intervencija so celosna anestezija i da vi kazam ne znam kako pominav ziva imav reakcija na a estezijata pa mi dadoa urbazon i drugi lekovi, i pomalku anestezija sto mnogu brzo se osvestiv i pocustvuva mnogu jaka bolka. Seuste ne mozam da sedim na noze da stojim dolgo povekje od 5 minuti me boli stomakot mbogu posle i mi se vrti seuste nemam sila ic.Seuste krvarim. Gledam vas site posle toa vi dale hormonalna terapija a mene samo 3 dena ergotyl kapki i ednas dnevno vibramicin edna nedela da pijam? na kontrola mi rece posle eden mesec a posle edna nedela rezultatot of biopsija.
Мене па никаква терапија не ми спомнаа Можно е да е наведена во документите што ми ги дадоа на заминување? Маж ми плаќаше знам тој ги зеде а јас не ги ни погледнав не ги отворив воопшто Дали на сите даваат терапија после? Јас правев во Плодност.