Јас два пати имам оперирано полипи во матката. Првиот пат беа 3-4 помали, а вториот пат еден ама 2цм. Прво почекав месец два да видиме дали ќе се исфрли само со циклус, па после закажав операција. Испитување освен преглед на ехо не направив никакво. Процесот е пола саат пред операцијата бев таму. Целосна анестезија ми ставија и после пола саат бев будна и ме вратија во нормална соба. Морав да бидам таму два саати после операција и да дојде некој да ме земе. Првите 24 саати со придружба дома и тоа беше се. Болки немав ништо посебно. Ми рекоа можам одма да се вратам на работа.
Здраво имам едно прашање за тие што правеле во Чаир хистероскопија. За колку време ви испадна резултатот. Јас правев во ноември и се уште не е готов резултатот.
Пред хистероскопија освен екг, крвна група и пап тест дали треба и микробиолошки брисеви? И колку време пред хистероскопија треба да се однесат резултатитеза да ги види анестезиолог?
Да, ти требаат и чисти микробиолошки брисеви, Екг и крвна слика само гледа анестезиологот останатото се дава на доктор /сестра се става во историјата.
Здраво имам едно прашање за тие што правеле во Чаир хистероскопија. За колку време ви испадна резултатот. Јас правев во ноември и се уште не е готов резултатот.
Здраво, бидејќи од искуствата читав дека др Глигор Димитров е ценет доктор во областа на хистерија лапаро и моментално е во Систина, сакам да ве прашам дали некоја била во скоро време, дали е задоволна и која цена е интервенцијата?
Машала висока сума, порано што пишеле членки било 30 000. Дали знаете при дијагностичка што се прави, а што при оперативна? И каде отидовте на крај?
Дијагностичка е само да ја видат матката и да го откријат проблемот, а оперативна е да го отстранат, јас направив во Чаир
Zdravo, se nadevam deka si veke dobro. Jas go imam istiot problem, na 17.01.2023 pravev histero-laparoskopija I mi bese otstranet dosta golem septum I probien samo edniot jajnik. Tri dena posle zavrsuvanje na ciklo progynova jas dobiv ciklus. Denes e 10 ti den od ciklus, a jas uste imam kafeav iscedok,nekogas I bledo rozevo,kako kapilar/ sluz i mn sekret. Vcera bev kaj maticnata, me gledase rece vnatre nema krv, cisto e se vnatre, zemavme bris. Na eho rece deka gleda ovulacija, moze radi toa sto pak pijam ciklo progynova ( Po preporaka na Dr. Ilievski od prv den od ciklus) i rece moze radi ovulacijata da imam takov iscedok. Dali se sredi se kaj tebe i dali napravi konsultacija so lekar? Ke poludam od grizi
Zdravo na site,ve zamoluvam da spodelete iskustvo dokolku ste imale ist problem kako mene. Na 17.01.2023 napraviv histero-laparoskopija, otstranet dosta golem septum. Tri dena po zavrsuvanjeto na ciklo progynova jas dobiv ciklus. Denes e 10ti den od ciklus,a jas uste imam kafeav iscedok, nekogas I bledo rozevo kako nekoe kapilarce niz gust bel sekret.( Nekogas kafeav nekogas bel)Bev vcera kaj maticnata, me gledase I vaginalno, zema bris I rece ne gleda krvarenje vnatre, se e cisto. Na eho vide ovulacija sto e mn rano I rece mozno e od toa e iscedokot. Uste pijam ciklo progynova od prv den od ciklus po preporaka na Dr. Ilievski. Stvarno sum zagrizena I ve molam dokolku nekoj ima vakvo iskustvo da spodeli. Vi blagodaram
Нормално било, тогаш се слушнав со докторот и така ми кажа околу 2 недели имав кафен исцедок и потоа помина