Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хистероскопија

Дискусија во 'Бременост' започната од nilanani, 13 октомври 2011.

  1. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.066
    Пол:
    Женски
    Мене после киретажа ми ги дадоа да ги пијам, по 2 дена добив и кстп, 10 дена се влечев со тој исцедок, ден имав ден го немав.
     
  2. Bislimska

    Bislimska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Прашањето е за женските што правеле хистероскопија што се со ИВФ и им земале биопсија од ендометриум. Што се испитува со биопсијата? Не мислам на ЕРА тест, ниту кога се вадат полипи, ни септуми или субсептуми. Туку, биопсија и се испитува што?
     
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Правев биопсија, но примерок не ми зедоа за време на хистероскопија, туку во амбулантски услови.
    Инаку, материјалот хистолошки го проверуваа за да се види дали клетките од ендометриумот се ,,стари" соодветно на циклусот или е, да речеме, презреан ендометриумот.
    Тоа беше кај мене, но читам некои прават за да се види да не има некоја бактерија.

    Тебе што ти кажаа?
     
  4. Bislimska

    Bislimska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Јас ке правам вистеро во Плодност, прва ќеми е. Ми кажаа ќе тргнеме со дијагностичка експлоративна, па ако треба ќе земеме и биопсија зависи што ќе најдеме. Не прашав во моментов ,но си помислив што би испитувале ако земат биопсија. На патологоја ли се носи биоточниот фрагмент? Што би виделе еве да кажеме ако е презреан ендометриумот и дали и калва терапија се прима заради тоа?
    Инаку, имав до сега 3 трансфери на вкупно 5 бласто и 3 од нив се ,,фатија", ама не се формираше ембрион. Последно ни имплантација. Со машки фактпр сме, но еве да пробаме и со хистеро пред трансфер на последниот ембрион.
     
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Сакаше докторот да знае дали кај мене не доаѓа до имплантација поради презреан ендометриум. Мојот ендометриум многу се задебелува, имам обилни менструации, но не се чисти сосема. Се сомневаше во тоа дека на ден на трансфер е презреан и затоа не го прифаќа ембрионот. Никаква бременост сум немала до успешниот трансфер.
    Се покажа дека во ред се клетките, не се презреани.
    Ако беа, претпоставувам дека посекако ќе пробаше со супресија за да се стават во мирување јајниците, максимум да се истенчи ендометриумот и со контрола на докторот да ми се дава естроген за да не презрева повторно.
    Иако беше во ред резултатот, всушност така и испадна успешно, не оди на природен циклус кај мене.
    Но ти штом остануваш бремена, сепак имаш имплантација.

    За успех најголем удел имаат ембрионите и ендометриумот.
    Ти посакувам успешен трансфер како мојот со последното ембрионче од првото инвитро, јуначе да ти е последното и да биде сè во ред. (fingers)
     
    На Bislimska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bislimska

    Bislimska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Фала многу!
    Кај кој доктот си ти?
     
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Кај Трајковски бев од почеток.
     
    На Bislimska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Доколку некоја членка на интересира инфо за цена во Систина за хистеро лапаро вчера ми кажаа околу 2500 евра за експлоративно хистеро и лапароскопија ( може и повеќе во зависност од тоа колку дена докторот ќе те задржел )
     
    На Nbnbnb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.576
    Допаѓања:
    10.789
    Пол:
    Женски
    Што направија со цените :o
    Знам претходно беше многу поефтино во приватните :|
     
  10. veka66

    veka66 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Здраво, после колку време од хистероскопијата добивте циклус?
     
  11. Nikol29

    Nikol29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Епа претераа со цените, јас минатиот месец кога прашував исто за дијагностичка хистероскопија и лапароскопија ми кажаа цената дека е од 1400-1800 евра, зависно нели од состојбата.
     
  12. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    172
    Здраво, во Ремедика правеше? Колку е таму хистероскопија за остранување на полип?
     
  13. Nbnbnb

    Nbnbnb Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.663
    Пол:
    Женски
    Ispadna deka kaj niv nema operacija poevtina od 2000 evra se nagore.
     
    На eleonora7852 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    1.204
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво,

    Искуство со лапароскопја? Што е, како се прави, колку време се седи во болница и дали после тоа има болки треба да се лежи дома . Како се функционира?

    За секој одговор би ви била благодарна
     
  15. Nikol29

    Nikol29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Најпрво да ти кажам дека не е ништо ни страшно ни болно. Јас сум тазе оперирана, во четвртокот правев лапароскопија и хистероскопија. Ооерацијата е со целосна анестезија, се будиш во шок соба, потоа преспиваш една вечер и сабајлето после визита ќе те пуштат дома. Јас конкретно немав некои болки дома кога дојдов, повеќе беа како менструални ама се издржуваат. Ако имаш болки можеш слободно апче да се напиеш.
    Оваа недела дури не ми ги извадат конците подолг период од денот си лежам. Треба да внимаваш да не се наведнуваш, да не креваш ништо тешко, да јадеш повеќе лесна храна првите денови.

    После операцијата може да осеќаш болки во ребрата, рамениците и грлото. Тоа е бидејки при операцијата те полнат со кислород.
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Лапаро е со три дупчиња. Јас едно на папок имав и две во делот од прилика кај јајниците.
    Се прави со целосна анестезија.
    На интензивна бев можеби 2-3 часа бев, не се сеќавам, а преспав една вечер во соба после тоа.
    Дома внимателно се движев и одмарав, мислам дека само еднаш се напив апче за болка. Непријатно беше тоа што нели го дујат стомакот за да се изведе лапароскопијата и некој ден требаше за да се повлече стомакот и да не чувствувам нелагодност. Гасови ќе имаш, се разработуваат цревата после анестезијата, а и малку болка во рамениците.

    Правев на ГАК.
    Не е ништо страшно, поминува, не плаши се.
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    1.204
    Пол:
    Женски
    Колку време си на боледување? За да знам отприлика да се организирам на работа. Хистероскопја е доколку има нешто за отстранување а лапароскопја за што е ? И кај кој доктор правеше на гак?
     
  18. Vera1002

    Vera1002 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Napravena histeroskopija vo new born
    Cena 31.000den
    Pod anestezija okolu 1 cas, posle uste tolku lezenje vo soba. Bolki nemav.
    Terapija citeral, cikloproginova, estrofem 3 nedeli i kapki metipergometrin
    Krvarenje slabo prvite 3 dena, posle poobilno
     
  19. Nikol29

    Nikol29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Јас не сум на боледување моментално, користам денови од одмор.
    За лапароскопска операција мислам даваат една или две недели, ќе мора да ја прашаш матичната.
    Хистероскопија е со камера влегуваат во матката и доколку има некој септум, полип можат да го извадат.
    Лапароскопија се прави доколку имаш некое запушување на јајцеводите, циста на јајниците, ектопична бременост.
    Јас кокнретно правев дијагностичка хистероскопија, а лапароскопија бидејки имав запушени јајцеводи. Во таков случај докторот пробува или да ги исчисти, или ако се многу запушени или полни со токсична течност може и да ги извади јајцеводите.
    операцијата ја правев на Гак кај доктор Тофоски, и Роза Спасова.
     
  20. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Јас правев комбинирана лапаро-хистероскопија и плус скречинг. Имам ендометриоза, отстранети беа со лапароскоп цисти од јајниците и каутеризирани повеќе адхезии во делот околу репродуктивните органи. Хистероскопијата беше експлоративна, не најдоа ништо во самата матка за ексцизија. Дента на операција отидов сабајлето, во болница останав една вечер и следниот ден после визита ме пуштија дома. Кај мене се чекаше и наод од хистопатологија на извадените цисти и тој стигна по една недела. Болки на самите резови немав воопшто, најмногу "мака" видов со болките во ребра и рамења од гасот што го дуваат внатре. После 5-6 дена бев како нова и после една недела се вратив на работа. Генерално поминав супер. Ова во Ремедика, кај Димитров.

    @Bislimska и кај мене амбулантски два пати беше изведена биопсија, всушност се гребе од ендометриумот и потоа се испраќа на патологија или микро, зависи што се испитува. Кај мене беше за ендометритис (бактерии), ама на истиот примерок може да се направи анализа на НК клетки, датирање на ендометирум и ЕРА тест. Она што на форумот го викаат брис од ендометриум, е всушност тоа - биопсија на ендометриум, истото е, се гребе парче од горниот слој на матката. Не постои нешто што се вика "брис од ендометриум", во сите случаи станува збор за ендометријална биопсија.

    Да не мислел твојот доктор во случај да најдат некаков септум, полип или миом, па да испратат примерок на хистопатологија, тоа е стандард процедура доколку се најде нешто. Или евентуално да се направи ЕРА, знам во Плодност тоа препорачуваат, праќаат материјал од биопсија во Шпанија. Прашај го докторот да ти објасни на што мислел.

     
    Последна измена: 15 февруари 2023
    На Bislimska, Bejb15 и Nikol29 им се допаѓа ова.