Mozam da go kazam istoto I jas dodeka cekav tri sati na 3 sprat kaj doktor Tofovski imase pacientki kaj Kalcovski mlad doktor e I da se gleda posveten licno barase po telefon termini za dopolnitelni isleduvanja na drugi kliniki za edna mlada pacientka, ama eden pregled I ke si oceni clenkata sto prasuva za Kalcovski kako vpecatok ke I ostavi.
Мислам дека никој не може да ти го одговори прашањето поготово затоа што се вклучени повеќе работи. Јас имав голем септум за кој правев хистероскопија. Исто стимулации со летразол и кломифен и преку глава ми беше реков пауза и првиот месец останав бремена. Исто проблем со полицистични јајници кај што на крај се испостави дека имам овулација покасно околу 20-22 ден. Конкретно за септум немам до сега од ниеден гинеколог слушнато дка е пречка за забременување. Мој совет направи 2-3 месеци пауза, не значи дека ќе забремениш туку дај му малку одмор на телото. Ќе биде
Женски, после колку време од дијагностичка хисѕероскопија со биопсија на ендометриум сте правеле ФЕТ, за тие со ИВФ е прашањето? Какви се препораките? Терапија после хистеро не примам.
Здраво девојки. Кога правев хистероскопија во Чаир докторот ми кажа дека сум имала мала преграда која ми а отстранил. Поминаа 4 месеци од тогаш. Дали таа интервенција ја има само на отпусна листа и не се праќа материјал во ГАК за тоа.
Што се одлучи ќе правиш ли хистероскопија? Те запомнив бидејќи исти случај си како мене. Мене Димитров ми вели ако правам тоа да видел дали од вториот спонтан имам нешто останато,затоа што сама се чистев а не и за првиот да се сомнева затоа што бев со вакум. Некако се откажав од хистероскопија јас.
Кога бев на контрола после втората киретажа зборев со докторот што ми ја правеше, он рече дека не гледа потреба од тоа, дека не може 100% ехото да покаже дали има или нема ашерман синдром или слично, но дека они како доктори на самото ехо забележуваат промени во матката (доколку ги има) па предлагаат хистеро за да се утврди што точно е состојбата. И некако не одврати од самата помисла
Здраво, би сакала да споделите искуство тие што имате правено хистеро лапараскопија. Колку време после интеренција имавте крварење, после колку денови може нормално да функционирате и да одите на работа, колку време треба да се прави пауза за обиди са бременост? Јас ја правев во систина кај Димитров, ми кажаа дека извадена е преграда 15mm и левиот јајцевод е пресечен поради хидросалоинг.
Па после операцијата не. Моментално сум бремена после 2 години од операцијата, останав природно. И тоа во период кога одев на физикална терапија и користев топол базен. Дали тоа помогнало незнам ама тој месец имав останато бремена
Здраво. Бев на гинеколог кај доктор Надица Геровска, која константира септум и ми кажа дека оваа е причината поради која најверојатно неможам да забременам 1 година. Прв пат одам кај Надица по препорака и бидејќи ми требаше матичен гинеколог. Докторката е фина, пристапна и се ми објасни дури со цртање. Уште од самиот старт кога почнав да одам на гинеколог кај Др Ина ми кажа дека имам септум, а потоа и Палчевски (Систина). Палчевски не сметаше дека септумот би ми правел проблем за бременост, односно ми рече дека по забременување ќе треба да примам терапија за поддршка, но Надица вика обратно дека тоа е причината и дека дефинитивно треба да правам хистероскопија. Искрено не ја сфатив добро, дали хистероскопијата е дополнителен преглед, или тоа е самиот зафат каде што се гори матката? Се договоривме најпрво да испитам хормони, и некои дополнителни испитувања бидејќи ми најде циста од 29мм. Дали сте правеле хистероскопија, сте имале ваков проблем со септум и кај кој доктор сте правеле хистероскопија?
Мислам дека септумот не прече за забременување туку е проблем откако ќе настане оплодување да се сместе ембрионот во матката. Јас имав септум 15мм и правев хистероскопија кај др Глигор Димитров. Има експлоративна хистероскопија каде што само гледаат и хистеро при која се праве ресекција на септум односно отстрануваат преграда на матка
Се јавив да закажам кај Др Димитров, некако најмногу препораки добив за него, но сестрата ми рече од кога ќе добијам да и се јавам таа проверка се правела пред мензис, не сфатив само дали прво ќе ми прави обичен преглед(ехо), па да договориме хистероскопија или па дирек на тоа. Исто така имам упат за хормони, па најдобро било со се резултати да појдам. Како и да е ќе и се јавам на 7ми ден од циклус. Друг проблем што имам е циста од 29мм на лев јајник, па докторката ме испрати на дополнителни лабораториски испитувања, не ми кажа што точно треба да испитам но во зависност од резултатот треба да знае дали да ми даде терапија. Да не сте имале искуство со цисти? Јас и порано сум имала на некој од јајниците но пукале сами, во наодиве гледам дека пред некоја година сум имала на десен исто 29мм, сега на лев....
Со цисти не сум имала проблем. Лапараскопијата ја правев за хидросалоинг на лев јајцевод и ми го пресекоа, а хистеро за ресекција на септум на матка правев. Се што нема да разберете препрашајте ја пак сестрана сигурно комуницирате со сестра Тања супер фина е