Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хистероскопија

Дискусија во 'Бременост' започната од nilanani, 13 октомври 2011.

  1. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    104
    Здраво девојки. Во право бевте, хистероскопијата не е ништо страшно, еве јас веќе сум дома и се чувствувам одлично. Иначе во Систина моментално цената е 76000
     
    На Just Women и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Супер што си одлично. Сега знаеме дека нема страшно. Тоа што мора да се направи, мора.
    Ама стварно скапа Систина, општо претераа со цените. Кај Органџиски 37 илјади, дупло поскапо кај нив.
     
    На Ma4ence11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Колку време после хистерскопија може да се проба со Ин витро?
     
  4. Mihaela123456

    Mihaela123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.738
    Devojki pijam cikloproginova, mi ostanaa uste 5 apcija od crvenite, no mislam deka denes dobiv. Dali da gi dopijam ili da prestanam dokolku ova e ciklus?
     
  5. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски

    Треба да ги испиеш сите.
    Црвените немаат функција за заштита од бременост и одложување менструација,затоа и се викаат плацебо таблети.
    Период кога треба да добиеш.
     
  6. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Утре ќе одам за хистероскопија. 21ви ден ќе ми биде, и земам микрогинон.
    Дали е доцна?
     
  7. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    За интервенција мислам дека се прави до 15 ден.
    Јас правев на 8 ден, а почнав со микрогинон од 2 ден.
    Ги завршив во четврток и денес добив како кафено само на бришење.
    Знае некоја зошто така? Нели треба да добијам? Инаку, градите ме болат скоро пола месец.
    Може кафеното е најава за добивање, ама претходно не сум имала така, право крварам.
     
    На Ma4ence11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Значи, ми рекоа да почнам со микрогинон на 3-ти или 4-ти ден, сеедно било, и ми рекоа во понеделник нема да те побараме дека е нерАБОТЕН ден, ама ќе те побараме 2 дена однапред да си планираш, и тоа веројатно ќе биде четврток (што би ми било 10ти ден). Ама не се јавија цела недела, после јас ги побарав, сестрата рече дека јас сум за кај професорот а он не е тука моемнтално, не дека ме заборавиле, За да после неколку часа ми се јави друга сетсра и ми каже дека треба да идам во понеделник, кога ми е веќе 21ви ден (ама они иако имаат се’ запишано се сомневам дека се замараат со тоа) и кога и реков дека другата сестра ми рече дека не ме побарале бидејќи професорот не бил тука, ми рече нееее, ти не си за кај него, еве тука пишува друг д-р дека ќе те прави.
     
  9. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    104

    Јас почнав со микрогинон на 6ти ден, а интервенцијата ја правев на 12ти. Никој не ми кажа кога се прави, едноставно тогаш ми закажаа и си појдов.
     
  10. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    104

    После 3-4 дена од завршувањето на микрогинонот треба да добиш, така ми кажаа и мене, јас вчера ги завршив, но сестрата ми нагласи дека првите два циклуси можно е да бидат пореметени и сето тоа е нормално. Малце е специфично бидејќи на 4ти ден од добивање треба да почнам циклопрогинова и ако не добијам нормално нема да знам кога да ги почнам :/
     
  11. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Добив, во понеделник веќе крварев, само неделата беше кафеав исцедок.
    Ама пореметен е циклусот, ќе видам наредниот како ќе е. Се исфрлав на образите, пола месец скоро ме болеа градите.
    А зошто ќе почнуваш циклопрогинова? Што интервенција правеше? Јас септум отстранував, ништо не ми кажаа после микрогинон.
     
  12. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    104
    И јас септум отстранував, беше многу голем, ми кажаа две интервенции дека изгледа ќе треба ама докторот средил со една. Незнам зошто ми ги дадоја циклопрогиновата, изгледа за да регулирам циклус. Јас пиев и естрофем одма после интервенцијата 7 дена.
     
  13. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Да, и мојот голем, спомнаа 2, ама успеале со 1 интервенција.
    И јас пиев естрофем 7 дена.
    И завршив со микрогинон, добив и веќе контрацептиви- не!
    Матичната даде крипинео за да средам хормони божем, ама со сите несакани дејства не ги ни почнав.
    Сега мораше за интервенцијата, инаку за друго не.
     
  14. TiFani87

    TiFani87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    85000 Органџиски
     
  15. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Што 85 илјади?
    За септум јас платив 37 илјади.
     
  16. TiFani87

    TiFani87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    За јајцеводи...хидросалпингс
     
  17. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Здраво, после хистероскопија (нз точно што ме сечеле ама ми рекоа на две места, уште бев под анестезија па ми е некако матно) колку време е нормално да има крвав исцедок?
     
  18. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Јас имав 5-6 дена. Некогаш побледо, некогаш појака црвена боја имаше исцедокот.
    Најмногу истече после интервенцијата, потоа послабо.
     
  19. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Јас еве 11ти ден крварам. Не многу. Оксидирана крв
     
  20. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski se borime so neobjasneta neplodnost 2.5godini. Dali nekoja pokraj od vas pokraj proodni kanali pravela i histeroskopija? Dosega nisto mi nema kazano maticnata a koga pravev HSG mi kazaa deka se e ok.
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.