Јас сум правела два пати, поради голем септум. И да ради матката неможев да останам трудна односно да го задржам плодот. Но тоа нема врска со проодноста на каналите, едино што ја гледаат поубаво матката на ренген снимката. Ти имаш проблем со матката? Септум, полип?
Супер поминав. Ме правеше д-р Искра на ГАК. Ми кажаа штом добијам да им се јавам и да отидам на контрола. Ама тоа е тоа. Е сега, Ин витро и 4 инсеминации правев кај д-р Трајковски во Њу борн. Он ги виде снимките од ХЦГ и виде дека треба нешто да се интервенира но инсистираше ,, Не бе, тоа нема никаква врска со плодноста". На кратко оставивме многу пари таму и само он тврдеше дека тоа нема врска, додека сите други негови колеги во мк и странство се потпираат на статистика он тврдеше дека тоа нема никаква улога. Истражувањата покажуваат дека фертилноста се зголемува за значителен процент и ризикот од спонтан (јас имав еден) се значително намалува. Освен ова најважното е дека процентот на зачнување исто така се значително зголемува со оваа интервенција. Крварев 12 дена еве сега се' си е супер. Ќе чекам да видам што ќе ми кажат кога може да пробаме пак со инсеминации/ин витро или природно.
Немам проблем, барем така матичната ми кажува кога одам на ехо. Бидејќи не настанува бременост а сите останати испитувања ни се во ред, се мислам може ќе излезе нешто на хистеро што не се гледа на ехо и хсг
Неможе да не се гледа, мојот септум се гледаше од авион на ехо а камо ли на ХСГ. Додуша во Филип втори кога бев др.Илиев за да ми ги земе парите ми правеше магнетна за без везе(одма го сменив), се гледа и на тоа точен облик, најефтината мегнетна е 300евра со контраст.
Zdravo zenski, pred 4 dena pravev histeroskopija vo Plodnost. Mi otstranija polip I septum. Ne mi prepisaa nikakva terapija posle intervencijata. Neznam dali da zemam barem antobiotik, da ne napravam nekoja infekcija. Koj antibiotik vi go davaat? Ve molam za sovet.
Da si piev antibiotik na svoja raka pancef toj go imav doma I 10 Dena piev so probiotik, me fati strav citav ovde deka tie bez antibiotik fatile infekcija, mi bese cudno kako HSG pravev 5 Dena antibiotik pri punkcija za invitro isto antibiotik a ova intervencija so instrument vnatre I bez antibiotik , I dali zabiravija koj gi znae na GAK Bev jas I sama si zedov I ne se pokajav zavrsi kako treba dobiv otidov na kontrola za 1 mesec bese se ok, nareden ciklus ostanav bremena.
Јас после хистероскопија не пиев антибиотик. Освен циклопригинова (се спремам за инвитро) друго ништо не ми препишаа. Таму даваат антибиотик преку инфузијата. Јас правев во Систина.
Ti blagodaram draga. Isto I mene mi bese cudno, zosto ne mi prepishaa nisto. Matichnata mi reche deka site nejzini pacientki piele antibiotik posle intervencijata. Zemav I jas vibramicin. Se nadevam se ke bide vo red. Daj Boze I jas kako tebe, za nekoj mesec da se pofalam so pozitiven test.
Здраво, Имам закажано как Глигор Димитров во Систина остранување на полип. Ве молам ислуство со овој доктор. Фала
Професионалец за матки No.1 во Македонија. Нема да згрешиш, малку е непријатен и нема пристап ама знае што прави.
Kakvi vi bile menstruaciite posle histeroskopija,kaj mene otstranuvaa polip,prvata menstruacija mi bese obilna eve sega drugava pak imam obilno krvarenje,prethodno ne sum imala vaka obilno,inaku ic ne sum zadovolna od doktorot sto me operirase