Некоја ако сака на кратко во порака да ми го опише процесот околу хистероскопија, да знам да се припремам, паничар сум и умирам од страв (за некого е можеби рутина, ама не знам како ќе одам од толкава фобија)
Отидов на денот кога закажаа, 8 ден од циклус. Претходно пиев микрогинон од 2 ден циклус. Те зема анестезиолошката сестра, во соба се пресоблекуваш, мерат притисок, екг, прашуваат дали си раѓала, абортуси, алергии на лекови и сл. 2 инфузии, одеш со сестрата во сала, легнуваш на креветот, исто и таму ти ставаат за следење пулс и притисок додека трае интервенцијата, за кратко анестезија, последно што видов беше кога влезе докторката. Се будеш, полека од креветот стануваш, во соба те носат сестрите, лежеш уште 3 часа отприлика и си одеш. Малце ми идеше нагон за повраќање, од анестезијата, ама друго не. Ова за септум кај Органџиски. Ништо страшно, ќе си замислеш како да одеш на обичен преглед и толку. Се ќе биде во ред.
Здраво на сите, ме интересира колку време по киретажа може да се прави хистероскопија(по колку циклуси)?
Јас направив одма следниот месец, после првото добиено. Од киретажата, после точно 30 дена добив цилклус, од втор ден почнав со пиење на микрогинон и на 10ти ден правев хистероскопија.
Zdravo na site.Mi bese dijagnosticiran polip na matka kako precka za bremenost .Dali nekoj zabremenil brzo po odstranuvanje na polipot ? Fala
Хистероскопија е процедура со која се испитува внатрешноста на матката и цервиксот. Најчесто се користи за: испитување на веќе постоечки симптоми како многу обилни менструации, невообичајни вагинални крварења, повторувачки абортуси, потешкотии при останување бремена и сл дијагноза и отстранување на фиброиди, полипи, ашерман синдром отстранување на септум/субсептум Конкретно за септум, во повеќето случаи се гледа на 4Д ехо, а уште повеќе на ХСГ. Доколку имаше нешто ќе ти го видеа…
На 5Д го потврдија, на 2Д беше сомнително, ама докторката кажа уште тогаш дека најверојатно има септум на матката.
Може и преку ехо во периодот пред добивање, мојот беше толку голем па се виде и на ехото. Ако не се гледа на ехо на ХСГ ќе се види 100%.
Здраво, дали правел некој хистероскопија без да прима микрогинон? Се јавив да закажам во плодност, ама сестрата несигурно ми одговори дека ништо не треба да примам.
Докторот што кажа? Јас пиев од 2 ден циклус, на 8 или 9 ден отстранував септум. И после тоа додека ги завршив сите, 21 таблета има.