Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хистероскопија

Дискусија во 'Бременост' започната од nilanani, 13 октомври 2011.

  1. tazna

    tazna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki
    Veke okolku 2 godini se obiduvam da zabremenam, prvicnata dijqgnoza bese slab spermogram .napraviv dve inceminacii vo sistina kaj dr.Bojadziev za zal neuspesni. Go smeniv dojtorot otidov kaj dr.Vladinit trajkovski toj mi rece da napravam Histeroskopija da ja vidi ubavo matkata.Bi sakala da ve prasam i da me sovetuvate dali da napravam na privatno ili drzavno go falat mnogu Zoran ilievski na cair
    Blagodaram mnogu
     
  2. pepeb

    pepeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    37
    Не, поради 3 спонтани ми предложија
     
  3. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Се двоумам за лапаро хистеро за Систина кај др сарџовски или државна и чаир. Некоја искуство ако може. Не знам колку е во Систина бидејќи на мое прашање ми одговорија додека не заврши не се знае што се ќе сработеле.
     
  4. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.259
    Пол:
    Женски
    Топла препорака на државна за др Глигор Тофоски. Имам правено хистеро и лапаро кај него, презадоволна.
    Ако ја одбереш Систина, одбери друг доктор. Кај го најде Сарџоски. (facepalm)
    Таму го имаш Димитров за таа проблематика.
     
    На ladystardust му/ѝ се допаѓа ова.
  5. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Бев денес кај Димитров ама некако не ми остави впечаток. Разговор и преглед набрзина. И затоа некако рачна си кренав. А баш си реков тој е тој и за ивф. Искрено и после толку дадени пари човек се размислува да оди на поефтина варијанта. Барем отприлика да кажат цени. Некој нема полни куфери пари. Со борбата за потомство се знае колку ќе се изнадаваш пари
     
  6. April

    April Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас после три хистероскопии на ГАК кај Трајковски, правев четврта кај Димитров (тогаш беше во Ремедика ) и да обично не објаснува многу ама резултати има. Еве две дечиња по дома. Топла препорака, врв е. Поздрав и со среќа
     
    На ladystardust и skokotlivka83 им се допаѓа ова.
  7. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.259
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право. Тој не зборува и не објаснува многу, но си ја знае својата работа.
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.759
    Пол:
    Женски
    Врвен доктор за необјасниви проблеми и неуспешна бременост. Не е многу зборлест или да објаснува се што гледа но е навистина еден од најдобрите. После сите борби кои ги водевме со сопругот за детенце,неуспешни бремености, безброј испитувања, сега сум бремена 7ми месец само благодарејќи на тој доктор, прво хистероскопија а потоа соодветна терапија за одржување на бременоста. Така што ако можете да се снајдете финансиски за на приватно, ти го препорачувам тој доктор за хистеро. Инаку за цената кажуваат на инфо центар од-до бидејќи не може да се знае што точно ќе прави докторот што ќе види и отстранува внатрешно за да се одреди цената (мене вака ми објаснија)
     
    На April му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    За лапаро-хистеро и проблеми со забременување ти треба доктор што ја разбира проблематиката на инфертилитет, т.е. работи асистирана репродукција зашто само таков доктор ќе знае што точно и како да санира за да ги зголеми шансите за бременост, дали по природен пат или по пат на ивф. Јас искрено немам појма кој е Сарџовски, ама и без да знам, сум убедена дека за оперативни интервенции на Димитров тешко може да му парира. Башка доктор за неплодност Сарџовски не е. Ако решам да дадам 2000+ ЕУР за операција, тогаш секако ќе изберам да одам кај најдобриот. А во Систина најдобар за тоа е Димитров. Само запрашај се дали бираш доктор што сакаш да ти се смешка и да ти прави муабет или е подобро да не збори многу, а да е перфекционист во тоа што го работи. Башка он нема да ти земе за зло ако правиш операција кај него, а за ин витро отидеш кај друг, човекот нема суета воопшто, многу е коректен и професионален. И е срце невидено што ваљда можат да го видат само оние што под таа некоја негова привидна "арогантност" ќе ги препознаат сите тие човечки квалитети и ќе "му дадат шанса".

    На државно за истава работа - само Глигор Тофоски на ГАК. Чаир јас не би одела, таму нема доктори за неплодност, колку сака нека се добри хирурзи, специфична проблематика е и јас лично не би дала било кој да ме чепка.

    Дека не зборам на памет - имам самата правено лапаро-хистероскопија кај Димитров (бајаги комплицирана) и благодарение на него имам и дете добиено со ивф.

     
    Последна измена: 6 октомври 2023
    На _Vera_, Алек*** и Fenix05 им се допаѓа ова.
  10. Joci2024

    Joci2024 Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите нова сум на форумов, до сега само читав но еве сега имам еден проблем кој ме натера да напишам
    Во средата имав хистероскопија , но во петокот морав да патувам зашто не живеам во МК . Ранецот ми беше поприлично тежок цц 10кг , четвртокот имав само мало крварење на хартија после вц но во петокот кога стигнав дома убаво прокрварив , и денеска исто како менструација
    При хистеро ми беа одстранети синехии од преден зид на матка.
    Од терапија пијам панцеф
    Во паника сум поради крварењето иако се слушнав со докторот и ми рече да не паничам
     
  11. Gushkalka

    Gushkalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Пијам Микрогинон, втор ден (препишани од гин. пред хистероскопија). Немам искуство, дури сега видов пишува денови на нив (јас зедов по "дифолт"). Има ова некоја врска/редослед, или се сите исти?
    Можеби некому му е смешно, ама прв пат користам
     
  12. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    8.012
    Пол:
    Женски
    Исти се, гледај секој ден да ги пиеш исто или приближно време.
    Јас и заборавив две, ама после хистероскопијата.
     
    На Gushkalka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vanila&argan

    Vanila&argan Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Немаат редослед, деновите што се означени се за твоја евиденција.
     
    На Gushkalka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gushkalka

    Gushkalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    BLAGODARAM
     
  15. Gushkalka

    Gushkalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
    На Vanila&argan му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Со каква анестезија прават хистеро во Систина? Која е разликата во пристапот за оваа процедура меѓу Систина од ГАК, се мислам меѓу Димитров и Тофоски? Најмалку важни ми се парите, се плашам од анестезијата, а како што прочитав изгледа на гак само со целосна прават.
     
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.759
    Пол:
    Женски
    И во Систина е целосна анестезија со тоа што таму не те задржуваат ноќ плус мене вечерта ме пуштија. Кај Димитров правев, презадоволна од докторот, пристап и постоперативно дојде ме смири си направивме муабет ми кажа што правел. Е за цена не сум сигурна знам имаше од-до ама беше скапо, среќа приватно сум осигурана па ми покри полисата целосно.
     
  18. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Треба да правам лапаро хистероскопија. За интервенцијата треба да испитам хемостаза и д дилери. Каде се испитуваат?
     
  19. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.759
    Пол:
    Женски
    Со упат од гинеколог или општ матичен на Трансфузиологија
     
  20. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Препорака за хистеро лапаро , помеѓу др Неџипи чаир и др Стојчевски на гак?