Zdravo Dali ima nekoj pieno cikloproginova posle histero I ima dobieno ciklus uste dodeka gi pie apcinjata?
Јас правев хистероскопија и лапароскопија минатиов месец, интервенцијата ми ја изведуваше Искра Крстевска со присуство на професорот Тофовски мислам дека он на сите вакви интервенции е присутен, барем така го разбрав. Матичниот гинеколог ви дава упат, кога ќе отидете таму ќе ви кажат од кој ден на циклус да им се јавите и да отидете, сестра Весна ви дава нејзин број и сте во контакт со неа (многу пријатна жена). Јас бев на втор ден циклус, ми земаа крв, ме пратија кај анестезиолог на преглед истиот ден, ми отворија анамнеза и историја (мислам така се вика) ми дадоа да пијам микрогинон и ме ставија на листата за чекање. Јас не чекав многу, за недека дена ме повикаа. Само два дена во неделата прават од тој тип на интервенции. Јас сум задоволна од пристапот на целиот тим, многу се разбирливи, пријатни и достапни. Доколку имате дополнителни прашања пишете ми доколку знам ќе ви одговорам. Со лесно и што побргу да дојдеме до посакуваната цел
Мислам дека секој петок е на одделението. Јас појдов со сите документи и препорака од Систина дека треба да се направи лапаро хистеро, снимката ја носев. Ми направи преглед и ми даде да пијам микрогинон од 4 ден од циклус
Мене првите 6 дена како циклус, на периоди. Сега престана. После пиење на сите треба да добијам после неколку дена. Така ми кажа др
Заборавив да пишам дека бараат чист пап тест, негативни микробиолошки брисеви (не постари од 6 месеци) и крвна група
Здраво на сите, дали некоја ид вас има правено хистероскопија кај Д.р Палчевски и ако да, како сте задоволни?
Здраво, дали некој има искуство со слепување на одредени делови од матка, како последица на киретажите?И дали сте упатени дали на државно или приватно по зафатот користат гел или балон за да се спречи повторно слепување?
Здраво девојки, би сакала да слушнам мислење за ситуацијава. На 14.12 имав хистероскопија со лапароскопија, од наредниот ден почнав со Cycloprynova, крварев 5,6 дена и престана крварењето. Сега сум веќе почната со кафеавите апчиња, денес го испив второто. Вечерва ми се појави spotting. Од што може да биде? Овулација имав последниов викенд.
Здраво девојки, за втора хистероскопија одстранување на септум се мислам да одам кај Трајковски во New born, дали можеби некоја има искуство од кај него и дали имаат услови, мислам доволно соодветни апарати и слично
Се спремам за хистероскопија, ми дадоа да пијам микрогинон, гледам дека се хормонски, па прашањето ми е зошто ги даваат овие?? Ако е за да се 100% сигурни дека нема да бидеш бремена во моментот може и да се апстинира од секс, зошто да пијам хормони
За ендометриумот да остане тенок и да биде попрегледно при самата интервенција. И јас ги пиев, од 2 ден на циклус и после интервенцијата, сите 21.
Мене па ми кажаа да ги пијам пред ивф процес, 5-ти ден од циклус. И не ги пиев 21 ден, кога ме прегледа ивф докторот ми кажа пример денес две да се напијам и да ги прекинам, а нели по едно дневно се пие.
Не знам, јас отстранував септум и така ми кажаа. По едно на ден, отприлика во исто време секој ден. Кога ги завршив, добив циклус. Може за ивф е друго.