Извини, не сум сигурна дека разбрав. Прашањето ми беше дали влијае на понатамошните циклуси, дали ќе требаат неколку месеци додека се балансираат хормоните. После хистеро сакав да почнеме со обиди, ама сега и со апчињава...
Извини ќе се умешам, ама микрогинонот се дава токму заради тоа, да регулира хормонален дисбаланс. Конкретно пред хистероскопија го даваат за да се припреми матката за процедурата. Хормоните во апчето го регулираат и истенчуваат ендометриумот со цел докторот да има подобра визуелност во празнината на матката. Можете слободно да си почнете со обиди од следниот месец, јас одма следниот циклус после хистероскопија имав ивф. Со среќа!
Здраво девојки , после хистероскопија после колку време бевте на контрола? Кај мене пишува после 2 месеци, е сега не знам дали после 2 или 3 циклуси мисли. На кој начин ви ја правеа контролата и колку време после хистероскпија може да се проверат брисеви и пап?
После хистеро ми дадоа циклопрогинова, ги пиев тие 21 ден откако ги испив за 3 дена добив. И ми кажаа 10 дена по тој циклус да одам на контрола. Нормално е, сепак мора да видат дали е се во ред.
Не, ништо не ми кажаа. Ќе се јавам најубаво ќе прашам што како и кога. Пишува само контрола по 2 месеци.
Здраво членки. Сакам да ве прашам за искуство со лапараскопија кај др.Тофовски. Имам непроодни канали од хсг наод и матичниот ми препорача лапараскопска интервенција. Мене ме фаќа паника од самата помисла на анестезија. Имам една операција од слепо црево и лошо поминав пред неколку години и се плашам да не ми се случи истото.. Сакав на ИВФ да одам но матичниот ме предомислува прво оваа интервенција да ја направам.
Здраво девојки се надевам сите сте добри. Би сакала некоја да ми дава неколку повеќе информаци за интервенцијата лапараскопија и хистероскопија на субсептум матка. Интервенцијата ќе го прави др.Марјан Стојовски , ми даде циклопрогинова 21ден, имам уште 4 дена да напијам. Прашањето ми е кој ден после циклусот се прави интервенцијата, докторот ми рече вториот ден на циклус да ми се јавиш, ама бев збунета , да ли додека си со циклус се прави интервенцијата или после тоа ? Благодарам од напред.
Јас ја правев на 11ти ден, ти кажал да му се јавиш на втори за соодветно да ти закаже и планира. Се прави после мензис додека ендометриумот е сеуште тенок. Дали ќе правиш лапароскопија или хистероскопија бидејќи јас како што знам тоа се две различни интервенции? За хистероскопија се влага преку вагината, под целосна анестезија си, интервенцијата трае околу 1ч максимум, се на се со се припреми неколку часа и не преспиваш во болница. Мене ме примија во 8ч сабајле, во 13ч ме испуштија. Немав никакви болки, кога дојдов дома си одмарав, следниот ден веќе бев активна.
Да две различни интервенции се, пошто докторот рече дека чим ќе бидеш во анестезија ќе ги праиме и двете со една анестезија одеднаш.
Здраво девојки ,поради неуспешно ивф и поради сомневање на асимптоматска ендометриоза Решив да правам хистетоскопија и лапароскопија ,најдов пријатели на ГАК и ме вметнаа кај Ирена Алексиоска Папестиев се согласи таа заедно со Тофоски да ми прават ,вчера на преглед исто ми видоа полип 12 мм и ретроградна матка Дури рекоа дека е ригорозно завртена надолу а досега во 5 години борба никој не ми кажал Е сега сакам да прашам од искусните девојки некоја да ми помогне вчера ме пратија на испитување на клиничка биох,трансфузија и снимање на белоте дробови потоа ми рече сестрата на 13.03 со сите резултати и плус пап ќе дојдеш тука кај мене имаш закажано за анестезиолог дикторката сака месец март да ти прави ,тогаш би ми бил мене 7 ден од циклус сакам да прашам по колку време од денот кај анестезиологот ќе ми закажат
Zdravo, Dali nekoja praela laparoskopija kaj Dr. Dimitrov vo Sistina skoro? Koja e cenata od prilika? Da znam dali ke mozam da si dozvolam ili da odam na GAK.
Здраво. Дали можеш да ми ја објасниш накратко постапката? Денес бев на разговор со Тофовски и ми закажа преглед кај анестезиолог после три недели.Што да очекувам во тој преглед?. колку време трае интервенцијата лапараскопија?