Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хистероскопија

Дискусија во 'Бременост' започната од nilanani, 13 октомври 2011.

  1. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Најпрвин супер што си успеала да дојдеш до Тофоски, нема подобар на ГАК од него.
    Кај анестезиолог кратко трае, ќе те прашаат дали имаш алергија на лекови, историја на болести.
    Ако дента те прават лапараскопија, преспиваш една вечер, и следниот ден после визита, доколку е се во ред си одиш дома. Опорувањето мене ми траеше две недели, во тој период, треба да пазиш да не креваш тешко да не пукне некој конец. Мене ми ја среди матката која ми беше во форма на т буквата, и ми ја извади едната туба поради хидросалпинг.
     
    На Rina1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rina1992

    Rina1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски



    Ти благодарам на одговорот драга. Денес разговарав со докторот и навистина беше многу пријатен и грижлив. Како помина со анестезијата? Ме фаќа паника само заради тоа.
     
    На Алек*** му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vlaince

    vlaince Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Devojki zdravo. Koj den od ciklus vi zakazuvale obicno za Histeroskopija. Mene mi zakazaa na 15ti den od ciklu da ne e malku kasno?
     
  4. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво, за нова година многу се разболив , ме фати вирус , неколку дена висока температура, почнав да кашлам многу и примав антибиотици и инекции дексазон 5 денови. Последната менструација ми беше на крај декември, се нормално ама од кога се разболив и примав терапија во јануари почна да ми касни, скоро средина на февруари почнав да крварам по малку , мислев дека е од менструацијата , дека сум добила , ама беше многу розево и траеше повеќе од две недели. Ми стана чудно , никогаш не сум имала такво нешто, никогаш. Бев во Плодност на преглед вчера кај доктор Влатко Георгиовски и односот никаков. На брзина ме прегледа и веднаш ми рече еее еве од што си крварела , имаш како полип или миом , не е баш мал , треба да се оперира за брзо , 15 мм ако сакаш да родиш. Јас целата се шокирав , почнав да плачам и ко ми се изнаразвика ми вика еве ти број телефонски ако се решиш да се оперираш ќе те кошта 62.000 денари. Стана и си замина. Ужас. Од вчера мислам дека животот ми се скрати, се ми се урна. Ве молам кажете искуство со ваков проблем. Сакам да одам и на второ мислење кај доктор Димитров во Систина сега што е. Со години се борам со анксиозност и од вчера ни јадам и пијам нешто. Како зомби сум. Ова ми беше шок. Поздрав
     
  5. Vanila&argan

    Vanila&argan Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Се’ е станато веќе фабрика за пари, никаков однос ниту емпатија спрема пациенти…
    Оди си кај Димитров, за ваквите проблеми тој е експерт. Знам многу случаи што со миоми останале бремени, на крај краева ќе се отстрани што и да е и се’ ќе биде во ред. Земи диазепам се напиј и немој да се секираш.
     
    На Bambola Bruce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. *MalinkaM@M

    *MalinkaM@M Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2023
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Те молам да не се плашиш, за се има денес решение, имаме напредна медицина и технологија, со какви се проблеми членки од групиве се соочиле па фала богу сите на крај успеале до целта . Јас правев хистероскопија за вадење на полип во Систина кај др. Палчевски и од срце ти го препорачувам.
    Не е тешка или комплицирана процедурата, но сепак закажи си на време. Ти посакувам со лесно да поминеш.
     
    На Bambola Bruce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Од срце ви благодарам за поддршката :l: . Утре здравје закажувам најпрвин преглед па тие таму ќе кажат што како. Колку мм беше твојот полип?
     
    На Vanila&argan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. *MalinkaM@M

    *MalinkaM@M Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2023
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Искрена да бидам не памтам, тоа беше лани кога правев хистероскопија, и после тоа имав инсеминација па ивф и од толку процедури и терапии навистина не памтам. Ама сепак закажи си термин и не се плаши се ке биде во ред ❤️
     
  9. minni_z

    minni_z Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали кај Толовски се прави Хистероскопија?
     
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Не
     
  11. Aanetcce

    Aanetcce Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo.sakam da prasam za vi GAK koja e cenata na histeroskopija so polipktomija
     
  12. Kejtyy

    Kejtyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2017
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Zdravo Dali nekoja od vas pravela Histeroskopska metroplastika vo sistina I kako pominala iskustva
     
  13. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Добро пројдов со анестезијата, само ќе пиеш повеќе течности, за да немаш главоболка. Не се плаши, ќе пројде и тоа.Само мисли дека си кај најдобриот доктор. Со лесно (fingers)
     
    На Rina1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rina1992

    Rina1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот драга. ❤️




     
    На Алек*** му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nipi

    Nipi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2022
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, во Јануари правев хистероскопија поради преграда и слепување (поради киретажи). Денеска бев на контрола и на една недела пред добивање, ендометриумот ми беше 6мм. Докторот рече дека е многу тенок за тие денови. Дали некој имал слично искуство и ако да, како сте го регулирале истото?
     
  16. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош и совет. Мислам дека полудувам од страв како што ќе биде. Бев минатата недела кај доктор Димитров во Систина и тој потврди дека е дефинитивно е полип во матката и мора да се острани ама не веднаш , ми даде Дабростон 10 дена 2 по 1, бидејќи ми доцни менструацијата , да добијам менструација и со надеж можеби нешто ќе се намали од полипот (иако не верува) али мора да се проба. Ми напиша дијагноза хиперластичен ендометриум 16мм , со формација 15мм , суспектна за ендометријален полип. Ми кажа дека можно е да има некои малигни клетки иако тоа не се очекува. Ми рече не верувам , твојот ќе биде обичен. Јас цел живот се борам со анксиозност и земав терапија 10 години. Не знаете како ми е страв , и од интервенција , и од анезтезија , и од самата биопсија. Веќе 3 недели не јадам и пијам добро. Некоја да каже случај вака со ваква дијагноза , со поголем полип? Ова јас не можам да го издржам.
     
  17. Nikol29

    Nikol29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Дали некоја во скоро време правела хистероскопија во Систина да ми каже цената од прилика која е?
     
  18. Nipi

    Nipi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2022
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Пред 2 месеци, 76000ден.
     
    На Nikol29 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    ова е за оперативна или само за дијагноза?
     
  20. Nipi

    Nipi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2022
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Оперативна