Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хистероскопија

Дискусија во 'Бременост' започната од nilanani, 13 октомври 2011.

  1. Aanetcce

    Aanetcce Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj pravela vo Gak ,tamu koja e cenata
     
  2. Vanila&argan

    Vanila&argan Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Немој да се плашиш од интервенцијата воопшто, плус во прави раце си, Димитров е експерт во таа област, само слушај го и следи што ти зборува, пиј си ја терапијата. Хистероскопијата како процедура е многу едноставна, со анестезија нема ништо да осетиш. Немој така да не јадеш и пиеш, нема потреба така да се измачуваш. Штом си со терапија пиј си ја, пиј и многу витамини и немој да се плашиш.
     
    На Bambola Bruce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Девојки, ќе правам хистероскопија поради ендометријален полип, случајно откриен на ехо. Ми бараат чисти брисеви, направив, излезе кандида (исто немам видливи симптоми, како чешање или секрет). Секако ќе ја третирам, меѓутоа знам дека е досадна и не сум сигурна дали скроз ќе ја исчистам за до интервенцијата. Дали кандида е пречка за интервенцијата? Патогени бактерии не ми излегоа на брисот, на последен пап имав нарушена микрофлора.. Ако има некој искуство, нека сподели. Фала
     
  4. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Мојот гинеколог ми виде полип и бев во Систина исто на преглед каде што ми ја дадоа истата терапија како тебе за регулирање на менструација и со надеж дека ќе се намали да пијам два месеци и на контрола. На крајот на вториот месец јас останав бремена, не сметаше полипот. Ако ти речат да го отстраниш тоа е многу рутинска операција не се грижи.
     
    На Bambola Bruce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nadez88

    nadez88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2023
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Da prasam, po Laparaskopija kolku vreme moze da se ima odnos? Dali treba menstruacija da pomine ili? Mojava bese dijagnosticka, cista samo otstranija.
     
    На SancheE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aanetcce

    Aanetcce Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Koja bese cenata na histeroskopijata vo Gak
     
  7. Nbnbnb

    Nbnbnb Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.663
    Пол:
    Женски
    Mislam 2500-3000 den
     
  8. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки . Дали на некоја и рекле да стави вагинално мисопростол таблети пред хистероскопија за полип?
     
  9. Rina1992

    Rina1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво. Сакам да ве прашам колку време послелапараскопија сте се обидувале за бременост? Јас имав непроодни канали и ми ги средија во ГАК за среќа.
     
  10. Nikol29

    Nikol29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    После колку време од хистероскопија тргнавте на работа, дали се седи долг период на боледување? Со оглед на тоа што уште истиот ден те пуштаат дома, се надевам дека не е долг периодот на седење дома.
     
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Jас вчера направив. Зависи каква ти е работата, но јас би можела да одам денес на работа (канцелариска). Само си земав уште еден ден затоа што не знаев како ќе бидам, и да не претерувам од одма на работа. Мислам зависи од случајот и работата, во глобала ништо не чувствувам сега, вчера поспана бев од анестезијата.
     
  12. Nikol29

    Nikol29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Дали имаше дијагностичка, или оперативна?
    Кај мене докторот виде некоја сенка, меѓутоа не знае што би можело тоа да биде.
    Инаку имам поминато една лапароскопија и хистероскопија лани. Тогаш лапароскопија правев за каналите, а хистероскопијата беше дијагностичка и се беше во ред со матката. Тогаш седев дома 10 дена, но тоа беше поради лапароскопијата.
     
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Па најверојатно оперативна, полип ми отстранија. Не ги разбирам многу овие работи, но поради полип ја правев, логично дека е оперативна..
     
  14. Sanii4

    Sanii4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво, правев хистероскопија пред недела дена отстранет септум но поради хормоните имам страшна потреба дали би било проблем мастурбација?
     
  15. SweetGirl33

    SweetGirl33 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Би сакала да прашам доколку некој знае,полип на матка или на јајник,дали се открива преко ехо,брисеви или не?
     
  16. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Преку ехо се открива. Најдобро се гледа од 4ти до 7ми ден од циклусот.
     
  17. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, може ли некоја да ми каже цена за хистеро - лапаро во Систина од прилика колку се движи? Благодарам за одговорот.
     
  18. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Хистероскопија за полип во систина е 46000 денари , правев пред 2 и пол недели.
     
    На Elen4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    И јас имам за полип, но ќе треба и лапаро истовремено, имам адхезии на каналите. Кај кој доктор ја правеше и како си задоволна ? Ти благодарам за одговорот.
     
  20. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Се надевам сите сте добро. Јас правев хистероскопија на полип и биопсија на ендометриумот кај доктор Димитров. Биопсијата покажа многу рана фаза на атипични клетки на ендометриумот на еден дел од примероците и докторот рече дека не е страшно ама дека треба терапија со МПА хормони и на сите пациентки вака што не родиле и вака скроз во почеток на сите му се средило. Ве молам за помош , доколку некоја имала ваква дијагноза да ми пиши и како сето го препродила. Уште сум во шок и таква лоша психичка состојба што мислам дека е ова крајот. 11 години се борам со анксиозност и ова беше ... малце е да се кажи крај на светот. Ве молам за помош. Поздрав