Девојки, треба да правам хистероскопија, ми рекоа да пијам Јасмин од втор ден на циклус до денот пред зафатот, ама тек денес прочитав дека не смее да се пуши, а јас се отрув деновиве башка, многу сум поспана, немам енергија, се осеќам како во пмс, дали се ова нормални симптоми ? И за пушењево колку да бидам загрижена со оглед на тоа што ќе ги пијам само неделава апчињава, после тоа се спремам за ивф.
Немам искуство да ти помогнам. Што направивте? Кажи ми кој те советуваше за биопсија на ендометриум и зошто, некои симптоми дали имаше? Правев јас дијагностичка хистероскопија кај професорот Димитров и му побарав да ми земе брис, тој не ми земал, рече не се гледало воспаление. Инаку, се надевам си подобра и ја прифати состојбата и добро е што има лек. Повеќето сме тука со некаков проблем, имав и јас голем животен удар со спонтан во скоро 6ти месец и немам живородено дете дома... мора да движиме напред нема откажување
Здраво женички, денес на контола ми кажа матичната дека имам миом и полип во матка, ми даде упут за амбуланта 1 соба 34 ? која докторка е таму во петоци? и Ве молам за искуства?
Zdravo devojki. Kolku dena imavte krvarenje posle histeroskopija? Pravev vo cetvrtokot. Imav oskudno krvarenje se do sinokja. Sinokja i denes krvaram isto kako ciklus.Dali normalno e taka ili sepak ne? Lani pravev laparo/histero no skoro i da nemav krvarenje.Togas bese samo dijagnosticna histeroskopija, a sega e raboteno na matkata i scratching.
Јас имав два дена крварење, а очекував повеќе. Исто и кај мене беше работено и правена метропластика. Пиеш некаква терапија?
Естрофем пиев 2х1 - 7 денови одма после интервенција, а циклопрогиновата, прво чекав да добијам па од 4ти ден ги пиев 1 месец.
Правев хистеро пред некои 15 дена, имав многу оскудно крварење околу 6-7дена, поминував со дневни влошки. Ми отстранија септум. Од терапија пијам цитерал+пробиотик 5 дена, метилергометрин капки 3 дена, циклопрогинова по 1 на ден и естрофем 21ден и тоа 3наутро+3навечер првата недела, 2+2 втората недела и 1+1 третата недела.
Ви благодарам за одговорот и многу ми е жал за вашата загуба. Како што кажа мора да се бориме и на крајот се ќе биде во ред. Јас имав полип во матката за кој незнаев , во Јануари многу настинав и не добив менструација, само малце прокрварев и од што читав на форумот веднаш отидов кај докторот Димитров и таму виде дека ендометриумот ми е 16мм и имаше полип. Веднаш му беше сумливо. Добив менструација со дабростон апчиња , се истенчи ендометриумот и со голо око кај мене немаше воспаление ама мораше да земи брис оти првичната состојба беше чудна. Сега земам големи дози на medroxyprogesterone acetate, се трудам да не се нервирам и ако е многу тешко. Верувам во Бог и ќе ми помогни мене и на сите други. Сите велат дека докторот Димитров е најдобар за овие проблеми и дека ќе помини. Поздрав
Јас мислев само јас сум со негативно искуство кај докторот тој оди, а јас по него како кученце и му ги нафрлам проблемите, отидов со цела папка документи, а ништо не виде
Zenski iskustvo kaj doktor Zoran Ilievski od Cair za histeroskopija i sto treba da odneseme od dokumenti?
Девојки, ме спасивте еднаш, се надевам дека ќе се најдат апчињава пак Ми требаат Микрогинон таблети што не можат да се најдат нигде низ државава, а морам да испијам цела доза. Ако некоја членка има останато, замолувам да ми пише. Благодарам
Јас пред хистероскопија пиев јасмин по 1 на ден се до денот пред зафатот. Прашај го лекарот дали може јасмин да пиеш бидејќи ги има во секоја аптека.
I mene isto doktorot mi dade od vtor den na ciklus tableti jasmin.Se zemaat i bez recepta vo apteka gi ima.
Фала ви на одговорите. Дали јасмин продолживте да пиете и по интервенцијата? Зошто мене докторот ми рече да продолжам да пијам микрогинон цела доза и по интервенцијата (цела кутија, 21 апче), а јас најдов од членка од форумов неколку и ги пиев, мислејќи дека ќе треба само до интервенција
После интервенцијата имав шема лекови и тоа 3 дена по 3 пати капки метилергометрин, 5 дена цитерал + пробиотик, 21 ден циклопрогинова и естрофем: 7 дена по 3 наутро и навечер, втората недела по 2 и третата недела по 1 наутро и навечер.
Дали приватно здравствено осигурување покрива трошок за хистероскопија, направена во приватна болница? Некој од искуство дали имал .. ?