Девојки колку време чекавте за отпусно писмо на ГАК после оперативна хистероскопија? Јас ја направив на 14ти Ноември и сеуште немам резултати од хистопатолошкиот наод.
Добро вечер на сите, се спремам за хистеро-лапаро кај Др Тофоски и ептен ме фаќа паника. Некако чекањето таму, жедта (многу пијам вода) и генерално анестезијата ме полудува колку ми работи мозокот. Инаку треба да отстрануваат септум, можеби и тубите и има едно мало миомче за вадење. Фала ви за одговорите!
Здраво од утре треба да почнам со Крипинео,искуства? Инаку имам 2 полипи ке ми прават оперативна хистероскопија и ме интересира после колку време прават откако ке кажат терапија
Здраво, дали за субсептум од 6мм се препорачува хистероскопија? Јас правев хсг кај Толовски после вонматерична бременост и тој ми рече дека матката е супер, но матичната гледа септум за кој смета дека треба да се корегира. Затоа ме прати на Гак кај Калчовски но не беше докторот таму и ме прегледа друга докторка-специјализант, а според неа не е потребно за толку мал септум да се прави хистероскопија. Планирам да се консултирам и со Димитров ама не можам да ги добијам за да закажам преглед.
Дали некоја скоро правела хистероскопија за септум во Систина да ми е каже која е постапката и колку е цената?
Vaka jas vo septemvri pravev histero i laparoskopija. Mi dadoa kako broshuri laparoskopijata bese 116.550 a histeroskopijata bese 76.900 i mi naplatija ushte 2.250 den za korona test koj ne mi go kazaa deka ke bide. Vkupno plativ 195.700. Najubavo e da prasas dali imaat nekoj paket za histeroskopija
Многу е скапа Систина. За септум можеш во Органџиски, јас правев таму, во Њуборн прашував за цена, и тие прават. Види и Плодност.
Која е цената во Органџиски и Њуборн? Јас сакав за во Систина заради Димитров но цената навистина е висока, предлог за друг добар доктор на таа проблематика Њуборн/Ремедика..?
Органџиски беше 37 илјади, Њуборн околу 34 мислам. Ама ова за април 2023. Сега е сигурно покачено, јави се прашај. Ремедика не знам. А и не е некоја страшна процедура, за пола саат си надвор од сала, јас во 9 бев таму, во 13 ме пуштија.
Ако правиш на ГАК, може да чекаш и до 20 дена. Јас испив едно цело пакување од лековите додека ме викнат. Не е страшно, само трпение и без стрес и паника
Женски , сакам да прашам пред хистероскопија сте примале терапија и колку време пред зафатот почнавте да ја примате? Чисто ме интересира во предвид кога да се јавам на докторот за терапија. И во врска со зафатот, искуства да споделите? Болно е ?
На 4ти ден од циклус почнав со микрогинон, на 11ти ми беше интервенцијата и ги продолжив до 21ви ден. Мојата беше дијагностичка, под анестезија.