Да тој ја правеше. Мислам дека платив 38.000 (32.000 за хистероскопија и 6000 за анестезијата) ттака некако беше
Здраво девојки, Мене денес ми направија хистероскопија на ГАК за отстранување субсептум. Сестрата ми рече да ги прекинам микрогинон и од утре да продолжам со циклопрогинова 21 ден по 1 таблета и естрофем 7 дена 3 пати по 2 таблети. Чудно ми е како смеам да ги прекинувам микрогинон кои не ми се довршени (5 таблети само испив) и за естрофемот што ми доаѓа по 6 таблети дневно да примам. Ако има некоја искуство нека сподели.
Дали после хистероскопија,ПМС симтомите ви беа појаки? За 5 дена треба да ми дојде,а јас имам менструални болки 3 дена
Првиот циклус после хистероскопија не ме болеше стомак. Може од таблетите, не знам. После тој, иста болка како и претходно.
Јас не пиев никакви таблети,незнам зошто.Читам дека сите пиеле после тоа. Јас живеам Германија,ги прашав,рекоа ништо не треба.
Дали имаш некакво споделено искуство од некој? Бидејќи и мене ме интересира. Живеам Германија,матичната мо рече дека нема проблем,може да работам ма дете. Ми даде да пијам фолна,барем 3 месеци рече пиј ги.
Јас правев хистероскопија во декември во Плодност, исто не пиев никакви таблети ни пред ни потоа. Ми кажаа дека еден месец не смејме да се обидуваме немавме односи до менструацијата нели и по еден месец на контрола докторката ми кажа дека можи да имаме односи и дека ме чека бремена.
Дали има некој да сподели да правел хистероскопија кај Д-р Калчовски на ГАК и како сте задоволни од него?
Јас забременив после препорачаната пауза од 2 циклуси. Фемибион1 пиев неколку месеци и пред хистероскопијата, секако нема штета од фолна. @Radana колку те чинеше ? и јас бев во Плодност и платив 66 000, а наназад читам скроз други цени.
Јас платив 69.000ден. 63.000ден операцијата и 6.000ден анестезијата. Ама не знам шо му е со цените, во NewBorn Clinic во Ск ми рекоја 30.000ден и 6.000 анестезијата ќе ме кошта, ама не ја познавам баш клиниката и докторката и ради тоа се одлучив за во Плодност, ама дупло..
Здраво, како сте задоволни од Трајковски во Њуборн за хистероскопија? И дали знаете некој од хирурзите-гинеколози кој е постручен за Ашерманов синдром, односно за адхезии на матка? Фала
Јас правев кај него отстранување на септум на матка.Супер поминав наредниот циклус имав успешен трансфер.