Здраво, имам едно прашање. Во средата на 25.06 правев хистеро-лапароскопија. Изваден ми е полип и сецнат ми е септум. Кога го прашав докторот до кога ќе крварам ми рече ќе потрошиш пар улошки... Јас уште крварам, не е обилно по малку е и е бледо црвено ама мн ме фаќа паника, а пијам и ерготил капки за да сопрат крварење, втор ден ги пијам а треба вкупно 3 дена. До колку е нормално да се крвари? Тек во четврток имам контрола ама ова страшно ме плаши.
Немој да се плашиш. Јас имав на 26.06.и до вчера имав кафен исцедок. Можно е и да трае до 10 дена но нема да е обилно последните денови е буквално како точка и доволно е да носиш секојдневна влошка.
@wonder woman5 jas pravev vo njuborn lani tolku bese okolu 40 ijadi mi ja pravese doktor Trajkovski otstranuvanje na septum i posle eden mesec imav uspesen transfer
Здраво, јас правев на 22 мај, крварев многу малку 3 дена и еден ептен по малку. Индивидуално е, се е добро ако немаме ептен силни болки кои не се трпат. Со лесно и ти посакувам побрзо со бебче во рацете.
Фала ти многу немам никакви болки, ама сепак стравот од непознатото е голем ☹️ дај боже сите што сакаат да си добијат бебе♥️
Кој има правено во скоро време во Систина да каже каква е процедурата?, треба да закажам кога ќе се решам ама од пусти страв само одлагам, нит прашав каква е постапката.
Koj doktor go preporacuvate poveke za histeroskopija Trajkovski ili Petanovski? Inaku po spontan po kiretaza problem so menstrualen ciklus.
Здраво на 19.06 имав хистероскопија и крварев 1недела. На 11.07 требаше да добијам циклус. Претходните 2 дена мн ме болеа јајниците имав кафен исцедок но никако да ми дојде. Некој со вакво искуство? Да напоменам не сум имала односи не станувс збор за бременост.
Искуство со доктор Тофовски на Гак за хистероскопија. Мене за него и Панчевски систина матичнот ми рече дека се најдобри.
Тофовски е мислам најпознат на ГАК за тематика неповрзана со раѓање, го имам гледано вака по интервјуа, немам искуство со него, ама сигурно е топ ако можеш да го фатиш. Мене Анета Сима ми правеше на ГАК, океј поминав, ништо страшно ни специфично не е интервенцијата.
Самата хистерископија точно дека ниту инвазивна нешто кој знае колку,ниту страшна ,ниту па кој знае колку "тешка" операција. Но и те како е специфична и многу е битно да ја направи доктор кој колку толку е упатен во состојбата на пациентот. Тоа е од прилика како кога бираш шминкер или фризер. Секој ќе ти направи пунџа на пример и ќе те нашминка како така, ама многу се битни финесите. Зборот ми е дека и те како треба убаво да се размисли кај кој доктор би се одело на хистеро. Иако тој зафат е едноставен и може дури и стажант да го направи, сепак моја препорака е да се оди кај доктор кој добро е упатен во историјата на пациентот .
Океј, ваљда зависи и за што ја правиш, не знам какво упатување треба да има докторот. Мене матичниот ме прати со сомнеж за полип, докторката на ехо потврди и после се договаравме за интервенцијата и припремите. Секако дека не треба кој стигне да ја направи, јас кога земав упат прашав, ми ја пофалија докторкава како искусна, професорка е и на факултет. Што потпишуваш пред интервенцијата, нормално дека малку ќе се заинтересираш на кого му го доверуваш животот тие 20 мин. Инаку, кога бев таму за интервенцијата, пошто сите жени се на куп по соби додека си чекаат ред, само доктори работат и имаат инфо за историјата на пациентката земено, нормално. Јас може не сум специфичен случај, не знам, ама многу океј помина се кај мене.