Ау да бе, заборавив дека е неработен ден . Инаку и мене ми рекоа ќе ти се јавиме наредна недела па ми се јавија понаредна дека не било касно ни тогаш да ми направат. Почекај до 14часот па јави се, ако не ти се јават дотогаш. Они до 15ч работат.
Не.. Ѕвонев упорно и никој не ми крена. Утре пак ќе пробам, ако не и ќе отидам таму. Само не знам зошто викаат одма после циклус се прави, а не се јавуваат, мене ќе ме фати нов циклус
Не се секирај мене на 18-19 ден од циклус ме правеа, и мене ми беше чудо ама така требало ние сме се правеле по доктори од нив
Ај да се приклучам, може на некој ќе му се најде корисно ова што ќе го споделам бидејќи двапати поминав хистероскопија. Пред околу 1,5 година на 4Д ми видоа септум, голем; го отстранија со хистероскопија - скоро 4 cm беше. Бидејќи беше голем сметаа дека прави проблем за зачнување. Изгледа дека не беше така, бидејќи уште 8-9 месеци се обидувавме, 3 инсеминации направивме - неуспешни. Некаде во септември лани почнавме да спремаме документи за ин витро, недостасуваше ХСГ, па ајде и тоа го направив. На ХСГ-то се виде пак како септум - срцевидна матка, се гледа апла на сликата. Се консултирав со двајца доктори истиот ден, и двајцата ми рекоа дека веројатно лузната од хистероскопијата лошо зараснала. Истиот месец кога правев ХСГ останав бремена, но бебето заостануваше со растот и на крај му престана срценцето во почеток на 6 месец од бременоста. Во февруари го родив мртво. Сите тврдеа заостанувањето со растот и смртта нема врска со септумот, на ехо ме гледаа може 10 доктори и сите тврдеа дека причината не е поврзана со матката, имало доволно простор каде да се развива, но дека има уште од септумот или дека е лузната лошо зарасната или не е добро отстранет септумот - и дека треба пак да се направи хистероскопија. После 3,5 месеци од породувањето закажав интервенција(помина сега во петокот) и уствари интервенцијата испадна дијагностичка затоа што немало ништо од септум, тоа што се гледа на ехо и на ХСГ е само лузната каде што е сечен септумот. Ниту лошо зарасната лузна, ниту ништо од шпекулациите на докторите. Малку ми е мачно што морав да поминам пак низ истата процедура, колку и да е рутинска, пак е операција - анестезија, па болки, крварења... Ама сега бар сум мирна, знам дека матката е во ред, бидејќи нели хистероскопијата се смета за една од најточните дијагностички процедури. За ХСГ-то отпосле дознав дека не е точна дијагностика, дури и 4д ехо се смета за порелевантно од ХСГ. Инаку и двете хистероскопии ги правев во Ремедика кај д-р Хаџи Лега. За тие што се спремаат да прават - ништо страшно, после 1-2 месеци, откако ќе заврши терапијата може да се обидувате за бебе. Еве баш денес дознав дека другарка моја е бремена 1 месец по хистероскопија, а се обидуваа повеќе од 3 години неуспешно. Поздрав женски, со лесно. Едит: Сега гледам дека некои доктори прават хистероскопија на 18-19 ден од циклус што лично мислам дека е погрешно, затоа што колку што ми имаат кажано блиски што правеле до сега и според информации на интернет - процедурава се прави во првата недела од циклусот - од 6 па најкасно до 12 ден. Не било добро да се прави за време на овулација, после овулација немало прегледна слика, а порано од 6ти ден од циклус не затоа што сеуште има крварење па исто не е прегледно.
Јас правев на 20 ти ден, и прашав нели е касно, добив одговор дека затоа даваат тој циклус да се пијат таблети, за да матката биде чиста и затоа не е проблем кој ден ќе биде интервенцијата.
Ама мене не ми дадоа никакви таблети... Само ми рекоа тој сирупот ден пред интервенција да го испијам за да се прочистам.. Инаку мене едниов канал ми е запушен, другиов ок, според ХСГ. Има ли врска што не ми дадоа таблети? Тнх
Има врска, како не ти дале ттаблети? Тие ја одржуваат матката чиста. Имаат заборавено да ти спомнат или ги немаш разбрано дека треба да ги пиеш. Кој ден ти е од циклус? Кога треба да правиш?
15 ти ден ми е.. Сестрата кога ми отвараше историја ме праша, реков ништо не ми даде докторот, и демек ок, нема врска. Се нервирам, читам сите пиеле и нез што да правам, а рекоа ќе ми се јават за да дојдам на интервенција. А сиг не ми кажа за таблети ниту во извештајот ми пишал нешто...
Изгубени се до бескрај таму. За да закажам хистеро одев дури 6 пати оти се банда без команда. Мене ми рече докторката да почнам со таблетите од 2ор ден кога ќе ми дојде и кога закажував кај сестрата ми вика ти дадов ли јас тебе микрогинон да пиеш за дали да ти закажувами и реков да. А не ми ги даде она туку докторката ми даде инсрукции ама кој ќе се објаснува... Кога ќе ти се јават за интервенција обавезно кажи им за ситуацијата. АКо не си примала таблети според мене треба да ти прават орано хистеро, а не на 20ти ден.
Здраво девојки, на оваа тема прв пат пишувам и сакам да споделам дека и јас завршив со хистероскопија. Ми отстранија бааѓи голем септум. Интервенцијата беше на 21 ден, без претходна терапија, а не ми дадоа терапија ниту после постапката. Значи сум без терапија, а и немам крварење. Сега имам грчеви во стомакот, па ве молам да ми кажете дали е тоа нормално?