девојки, петок правам хистеро лапаро и баш сум вознемирена, се изнагледав и изнаслушав колку болно може да биде закрепнувањето, со болки и на резови и внатрешно но и под ребра, кај рамената од гасот. Ок, знам дека не одам на лепење нокти, ама стварно е така тешко и болно? Прв зафат од ваков тип ќе ми биде и не знам што да очекувам, жива паника сум! Па уште и поткашлувам Може искуства околу делов? Како се чувствувавте постоперативно и со кој интензитет се болките? Фала!
Леле ама те исплашиле Овие операции се минимално инвазивни што значи и закрепнувањето оди побрзо и болката не е страшна, резовите се многу мали. Неугодно е да, притисок од гасот што го пуштаат да, сепак нешто чепкаат. Првиот ден од анестезијата малку како да немаш енергија и зашеметена ќе си поготово првите два, три саати. И првиот пат кога ќе станеш за во тоалет е поболно. За другото ти ставаат терапија против болки и инфузија, таман работа да те остават во болки. Плус ако чувствуваш дека интензитетот на болката се зголемува побарај си кетонал да те боцнат, ќе ти објасни сестрата. Ќе се пазиш и на храна полесна првите 6-7 дена заради запек. Крварење од хистеро ќе имаш макар една недела ама тоа нема да е обилно и како мали, повремени менструални болки. Повремено првите денови ако чувствуваш болки дома можеш да си земеш апче. Ќе пазиш и нагли движења и превиткувања многу не ради конците. После 10 дена отприлика ги вадат нив. 2-3 недели од интервенциите веќе си функционираш најнормално. Знам дека ти се вртат многу сценарија во глава и нормално е тоа. Но, сите имаме цел зошто го правиме ова и за да дојдеме до тоа мора ова да го направиме, па што биде нека биде. Ти посакувам се да помине во најдобар ред.
Фала ти многу, баш сум исплашена. Реков колку да знам што ме очекува, ќе отворам некое видео од девојки што веќе правеле и се зафркнав. Сега пијам сирупот за прочистување и си потплакувам Се надевам дека за недела од сега ќе ми биде смешно колку непотребно сум била исплашена
Ич немој да си исплашена. Нема по лесен зафат од ова, ако и може да се нарече така. Само првиот ден ќе треба да одмараш, утредента си веќе ок. Буквално ништо страшно. Те охрабрувам.
Зафатот помина супер ( барем така вика докторот ), на анестезијата реагирав исто ок, немав гадење или нешто и болките од резовите а и внатрешно се умерени, подносливи. Се контролираат со парацетамол или аналгин Но дома еве се соочив со голем проблем при мокрење, после катетар. Ужасни и неподносливи болки, како сечења, и не успеав да измокрам. Некој да имал проблем со ова и што ви помогнало?
Здраво девојки. Дали некоја правела скоро хистероскопија на ГАК кај Тофоски? Колку време се чека да ти закажат интервенција?
Jas ne chekav mnogu za Laparaskopija odma posle dobieno me viknaa ama taka se pogodi. Potoa za histeroskopija chekav edno 15-17 dena otprilika. Ama kje te viknat nemaj gajle chim imash otvoreno istorija kaj niv. Sigurno ti dale i apchinja da piesh da ti ostane tenok endometriumot bez razlika koga i da te viknat.
Дали има таква што при лапароскопија и направиле дупче на мочен меур?? Отидов за убаво, ми правеа хистероскопија и дијагностичка лапароскопија. Навидум личеше се ок, додека не ми го извадија катетарот и ме пуштија дома. Пробав да одам по мала нужда и таква болка-на никој, никогаш. Излив во цел стомак. Па пункција, антибиотици и еве ме пак со катетар и да чекаме 2 недели дали само од себе ќе заздрави местото. Збудалена сум, 24/7 плачам дека од ништо, си направив нешто. Не ми е поентата да плашам било кој, се случува сепак е операција, иако гледавме да е на “најсигурно” место и кај најдобриот доктор. Ако случајно некоја поминала низ истово ќе ми значи да сподели како поминало закрепнувањето
Дали може некоја од вас да ме советува од која причина правела хистероскопија и за што се се прави? Јас на наодот имам пишано од докторката дека имам брида на лев рог и не знам што значи
Тоа е сврзно ткиво или прирасница,левиот рог на матка е горниот дел од матката.Треба да се отстрани затоа ти препорачале хистероскопија.Ако е поголема може да ти прави проблем при забременување или спонтани.Јас имам две направено една дијагностичка и една за отстранување на полип.Ништо страшно кратка процедура,спиеш 15мин.Јас имав мали болки на денот на интервенцијата.Од другиот ден се вратив во нормала.Со среќа и со лесно
Јас правев хистероскопија, имав септум од 20мм (што не се гледаше така на ХСГ). Ми го одстранија и сега сме повторно во обиди. Ми рекоа дека ако сум забременела ќе завршело со спонтан поради самата позиција на септумот, затварал огромен простор. Те охрабрувам. Не ти ја знам приказната но доколку ти препорачуваат да ја правиш, направи ја. Утредента си на нозе. Не е болно а нит страшно.
Баш ми е жал што испадна кај тебе вака. Многу ретки се овие повреди ама можат да се случат. Државно беше или приватно? Ти посакувам што побрзо да ти поминат болките и да се реши ситуацијата. Мислам дека ако е мало дупче може за две недели само да заздрави затоа и катетерот стои. Како си сега?
Систина, божем кај најдобриот за најсигурно, нели, и еве ме. Не се знае колкаво точно е дупчето, претпоставуваат околу 8мм и очекуваат да заздрави само, но ако после 2 недели со катетер, при контролата пропушти контрастот, пак зафат. Душа немам, не знам кај се наоѓам, фала на прашање не ми се верува што ме снајде, знаејќи колку ретка компликација е. Свесна сум дека се случува, но има тука и други пропусти, да не ја ширам.. Не би го оставила ова вака, само да закрепнам и дај Боже да се среди спонтано и природно