Здраво, Бев на преглед кај докторот Тофоски, дали само моето искуство е такво тука на форумов, но докторот не објаснува многу, не можеш да го препрашаш ништо, или само јас имав среќа да имам такво искуство..
Здраво Во постапка на инвито сум поточно стимулации со краткок протокол денес бев на преглед кај Трајковски и ми вика имаш септум т.е матка во вид на срце не би сакал така да правиме трансфер да не дојде до спонтан па ќе треба хистероскопија да се прави ама сега сконцентрири се на стимулациите и се тоа да биде како што треба,тоа после ќе го разгледаме прашањето ми е кај кој доктор да правам мислам дека може и Трајковски да го направи или грешка сум
Да, може и Трајковски да ти направи, а можеш и државно, на ГАК. Доколку смета дека е така, според мене добро е да направиш, опоравокот е брз а ќе си решиш важно прашање. Не е спорно дека жени раѓаат со срцевидна матка, ама ако веќе се исфрла секој ризик, според мене направи си хистероскопија. Среќно!
Здраво, прво ивф превев во Декември 2024 и од прва беше успешно, близнача бременост. За жал истата заврши во 21 недела со што имав и киретажа. Второ ивф во Ноември 2025, трансфер со свеж ембрион, неуспешно. Пред трансфер ендометриум 9.5 мм но естрадиолот на последниот преглед наместо да се покачи се намали (од 1032 на 980 ) Овој месец се спремав за трансфер со замрзнат ембрион. На 12 ден ендометриум 7.7 на 15 ден наместо да се зголеми се намали на 6.8 Пиев циклопрегинова. Докторот ми рече следен циклус ќе пробаме пак ако пак не е добар ендометриумот ке треба ендометријална биопсија. Под страшен стрес сум, само размислувам дали е можно нешто да е оштетено при киретажа,што ако следен циклус се задебели ендометриум а не е добар за имплантација. Дали некој има слично искуство, Ве молам споделете.
Пред 5 часа го испив сирупот за прочистување и никаква реакција. Дали на некоја од вас и се има случено истото. Инаку имам закажано хистероскопија сабајле наутро. Не знаам што да праваам
Зошто сируп? Мене не ми рекоа такво нешто. Само да не јадам претходниот ден после 2часот мислам, и вода да не пијам после вечерта. Можеби немаш што да исфрлиш ако не си јадена. Јас на два пораѓаи немав што да се прочистувам, така нејадена..
Па не знам. Мене ми рекоа да не јадам ништо после 12 часот и да го испијам сирупот за да се прочистам.
Ве молам за повеќе информации да ми даде некој кој во скоро време поминал хистеро со лапаро Имам закажано преглед кај Тофоски, за да правам кај него Е сега ме интересира, дали за кај анестезиолог ти закажуват дополнително термин за кога да ги носиш предоперативните извештаи или кога ќе ги направиш сите испитувања ги носиш без термин? И колку време после анестезиолошкиот наод ве викнале на операција?
Здраво. Јас Октомври имав хистеро лапаро на гак. На 22 ме викнаа за преглед со анестезиолог тој ден ми земаа крв едните во лабораторија доле ги однесов а другите во трансфузиологија. Ги земав резултатите и ме пратија доле кај анестезиологот. Кога завршив таму сестрите од горе ми рекоја дека следната недела ме планирале ама ке ми се јават за сигурно кој ден. И ми ја закажаа после одприлика 10тина дена операцијата. А негде низ темава прочитав дека од преглед кај анестезиологот мора за месец да те викнат.
И мене ми дадоја сируп до 12 часот можеш да јадеш после само вода до вечерта. И ми дадоја исто една вагиналета да ја ставам навечер. Ако не ви дале сируп може кога ке ве примат ке ви дадат чепче за прочистување сум читала дека на некои жени така правеле.
Здраво, Претходниот месец правев хистероскопија поради т-shape uterus, се спремам за ивф следен циклус. Докторот ми даде mycroginon за смирување на јајниците и вагиналети olinorm (сабајле и вечер). Неколу часа по користење на вагиналетите имам менструални болки и грчеви. Дали има некој слично искуство?
Значи за кај анестезиолог закажуваат дополнително термин? И до тогаш треба да средиш други испитувања (ренген, ехо, екг...)за да однесеш на терминот? Не ми е јасно тој дел зошто во некои други болници кај анестезиолог се оди без термин, кога ќе средиш документи ги носиш и после чекаш термин за операција. И после анестезиолог ти закажуват за операција (во рок од најмногу 1месец зошто толку важи анестезиолошкиот наод) А од прегледот кај гинеколог кога ви кажаа дека треба операција, до термин за анестезиолог колку време чекавте?
Jas lani posle pregledot kaj doktorot, istiot den bev na biohemija, rengen na graden kosh i krvna krupa na transfuziologija. Tri dena pokasno bev kaj anasteziologot, a intervencijata ja pravev posle mesec dena pokasno vo dogovor so glavnata sestra.
Јас немав рендген екг и слично оти не ми побараа. Прво ти закажуваат преглед со анестезиолог па после термин за операција. Јас документите што ги имав предходно на гак оставено крвна слика хормони микробиолошки хив хепатит б ц тие ми ги дадоја за кај анестезиологот и дополнително тој ден сестрата горе на 3ти спрат ме боцна. И ти бараат крвна група обавезно. Јас имав дадено документи уште Јуни месец и чекав до Октомври дека немале право преку лето да оперираат само итни.