Хистероскопија

Дискусија во 'Бременост' започната од nilanani, 13 октомври 2011.

  1. _Elena_

    _Elena_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Бев кај Трајковски и ми препорача хистероскопија за отстранување на септум.

    Ако некоја има поскоро искуство со Чаир, ве молам да споделите поскоро искуство со динамиката. Читав наназад дека има позитивни искуства, но би сакала да знам како е сега.
    Ме интересира дали целиот процес од закажување преглед до самата и интервенција оди брзо. Ваљда се порастеретени од ГАК. За колку време се наоѓа термин за преглед и како оди временски закажување интервенција после прегледот?
    Се мислам дали во Њуборн или во Чаир, но би сакала побрзо да завршам со цел процес, да не пројдат месеци...ако се чека многу, тогаш да се решам уште веднаш за во Њуборн.
     
  2. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    која цена е во њу борн? и мене ми препорача ама не беше сигурен дека има септум
     
  3. _Elena_

    _Elena_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ми кажа сестрата - мислам околу 33 000 ако е дијагностичка, плус 5-6 илјади анестезија ако е оперативна (ако имаш потреба). Околу 38-39 илјади вкупно. Ама не гарантирам точно за цифриве, зошто не запишав. Тебе веројатно ќе ти треба дијагностичка за да потврдат дали има септум, на ехо тешко се гледа, ако не се лажам.
    Односот и вниманието им се супер...и за останатото не се сомневам, ама стручноста си е таа кај докториве, сепак има задоволни, ако оди брзо во Чаир и ако има позитивни искуства, зошто да не, си викам па да не трчаме одма на приватно мене ми е за временски повеќе, нејќам да заглавам чекајќи термин
     
  4. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Благодарам, јас имам низок амх 1.07 и не ми се губи време.. Минатата недела бев кај Димитров во систина на 2 мислење, ја виде смимката од ХСГ и на него му личи на Т матка ама вика мозно е да има и атхезии во јајцеводите да направис и хистеро и лапаро па ако има атхезии да ти ги затворам јајцеводите и дирекно на инвитро. Многу ме исплаши, зошто до сега и кај Толовски и матичниот и Трајковски рекоа супер де тубите проодни.. Па се мислам само Хистеро да направам за почеток па ќе видиме..
     
  5. MaGi36

    MaGi36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е да направиш и хистеро и лапаро зошто два пати да ја проаѓаш истата работа чим веќе ќе правиш направи ги двете барем ќе си знаеш на што си. Кај мене се сомневаја дека едната туба е непроодна и требаше да ми ја одстрана, на операција испадна дека имала мало запушување и не ја извадија. Исто како тебе никој ништо не кажа освен за септумот.
     
  6. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    2.255
    Пол:
    Женски
    Толовски исто и мене не ми го видоа септумот, Т матка, 5 месеци после ХСГ појдов кај Трајковски, тој ми го виде и рече одма дека е за хистероскопија. Се оперирав после 2 месеци. Сепак треба специјалист да ја види снимката.

    А на Димитров му верувам 100% каков човек е тоа, секоја чест.

    Знам дека изгледа сето ова страшно, но, ако не си сигурна отиди на уште едно мислење.
    Има за се решение, немој да се плашиш.
     
  7. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    пред 7 години кај Димитров правев хистероскопија за отстранување на субсептум тогаш уште беше во Ремедика. Преблагодарна му сум за сѐ што направи и се согласувам, доверба имам во него 100%. Долго чекавме за бебе тогаш, и он ме испушти со зборовите “Сѐ е средено, сега, се гледаме за породување”. После опоравувањето веднаш останав бремена по природен пат, а бев спремна за инвитро :) човекот е неверојатен!
     
    На Rozevata и Joanna28 им се допаѓа ова.
  8. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    2.255
    Пол:
    Женски
    Леле! Многу ми е мило што си го имала тоа позитивно искуство. Јас сеуште немам успех но виде дека сум оперирана, ми потенцираше дека немам агресивна ендометриоза, онака уверен дека ќе успееме природно, не бодреше и ми рече сакам уште 6-8 месеци да пробувате природно.
    Јас од тој преглед искочив мислам 5 кила по лесна. Толку бев со мислите на секаде, он ме смири. Па, сега само здравје...:inlove:
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doublett

    Doublett Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2026
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво, правев хистероскопија имав голем септум сега ми кажаа дека мора уште една за да се отстрани целосно…Кој има слично искуство со голем септум и дали после тоа имавте нормална бременост?
     
  10. Nesumtuka

    Nesumtuka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Здраво, ме интересира дали имате искуство со оперативна хистероскопија и лапароскопија за вадење на миоми? И дали знаете цени по приватните клиники колку би било? Доктори од кои сте задоволни, ама да не е Димитров, оти трипати бев кај него, трипати различна дијагноза ми даваше.
    Имам еден субмукозен миом што мааалку навлегува во кавумот, на заден ѕид е близу фундус е и околу 18 мм, и два три што се субсерозни и интрамурални миоми, ама и тие помали околу 20 мм.
    Кариотип нормален, машки наоди нормални, хормони хормални, јајцеводи прооодни, овулација секој месец, амх 3.07 (38 годишна возраст), све друго испитано (мутации, тромбофилија, витамин д, витамин б12, феритицин, хомоцистеин), арно ама еве после цела година и пол, нема бременост, две неуспешни инсеминации и едно неуспешно инвитро со замрзнат добар 3ААА 5-дневен ембрион. Единствено миомите ако прават проблем, па да одам на хистеро и лапаро заедно. Имам уште две ембриончиња замрзнати со истиот квалитет.
    И ваше искуство, после оперативна лапаро и хистеро, кога почнавте да пробувате пак или да правите трансфер?
     
  11. Nila22

    Nila22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки сакам да прашам дали некој има правено хистероскопија на 14-та ден од циклус, од втора ден примам Микрогинон.
     
  12. Carebear28

    Carebear28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Јас, уште од првиот ден на циклус пиев терапија :)
     
  13. Nila22

    Nila22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    А дали е добро да се прави на 14та ден за тоа потенцирав дека почнав во микрогинон
     
  14. Carebear28

    Carebear28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Искрено не би знаела да ти кажам, јас следев како ми кажа докторот така. Кај мене беше само дијагностичка, се помина во ред , бев два дена во болница и после за многу брзо се вратив и на работа.