Здраво јас сум и пациент веќе 10г Кај него имам 2 ифв 3тото по пат месецов почнувам Имам 3 лапаро и 5 хистеро кај него последното пред месеца дена правено Значи немам зборови за него докторот е многу добар многу фин после интервенција дојде во соба и ми објасни све сите операции досега кај него ми биле успешни богами јас не би го менувала за ништо не се плаши во сигурни раце си со среќа и со лесно во најдобрите раце си
3600€ хистеро плус лапаро зависи и што имаш можеби и помалце ќе те фати јас досега имам 3 лапаро и 5 хистеро кај др.митко Ивановски многу сум задоволна од докторот и персоналот таму
Девојки јас веќе имам хсг каде што пишува субсептум и 3д каде што исто се гледа, прашањето ми е може ли матичната да ми даде упат за преглед пред да добијам за да видат и да ме стават одма на програм ако треба операција за откако ќе добијам или мора прегледот да ми биде на почеток на циклус?
Матичната може да ти даде упат. Таму ќе ти кажат како оди постапката. Може да те стават на програм ама може нема да стигнеш истиот месец ради анестезиологот. Знае да нема толку термини. Ама секако ќе ти испадне од наредното добивање затоа што од втор или трет ден од добиено ќе треба хормонални апчиња да пиеш. Носи ја снимката од Хсг и ехото. Може нема да треба да те прегледаат ако ти се од скоро. На Гак се сите супер ако мислиш таму да одиш. Јас сум презадоволна од др Тофоски. Ја фалат и др Роса. Ти посакувам што побрзо да завршиш работа.
Фала ти. А не сфатив, нема да може да се фати следнов циклус ако одам пред да добијам? Јас сакам да отидам некаде или ден пред добивање или прв, втор ден за ако можам да го фатам месецот.. ама изгледа не иде баш така
Не знам како е на приватно ама на државно оди малку поспоро. Ама нема да помине еден месец откако ќе ти закажат на анестезиолог. Пошто упатот толку трае еден месец.
За државна не иде тоа така може и до 2 месеца да чекаш јас чекав 2 месеца и не отидов го направив на друго место можеш и приватно ако тие итно или се брзаш Иначе 2риот ден од циклус даваат контрацептивни таблети па ќе се јават да ти закажат кога тие термин Иначе пред да добиеш треба да одиш и да одлучите како што и ќе си чекаш кога ќе те ставаат во план така им иде во државна ова од мое лично искуство таму правиш анализи отвараш историја и тоа е тоа Ако сакаш можеш на државно да го правиш и во чаир кај др.Илиевски ти дава матичната термин или со приоритет и побрзо иде таму иначе јас супер си поминав таму полип вадев задоволна бев
Па да за државна прашував, не знам зашто си мислев дека одма кога ќе ме види докторот ќе ми закаже термин за операција
Што порано одиш толку подобро ќе му кажеш и кога очекуваш менструација.ако не и во чаир појди кај илиевски и он е многу добар и помалку се чека