Гледај да не добиеш до тогаш ако не најверојатно те оставаат за следен месец. Гак и се е можно, знам како ти е и јас ги истрпев тие нервози само тие прават хистеро тој период инаку другите сите до 11ден прават Кога прашав зошто така ми рекоа да си ја гледам работата сите сме се правеле доктори
Феминки да споделам нешто со Вас.Кревам раце од клиника ако морам ке одам,нерви немам више.Денес бев третирана во ремедика од Др.Димитров и ми беше откриена Т матка и мал септум1,5см и поминав ок па ќе видиме.Миомот не го чепкав.Поздрав и подршка силни жени
Јас не сум во тек, ако може пооширно што е работава? Во државна не ти видоа сетум и Т матка или како?
Во државна не ми видоа ништо,а камо ли Т матка.Имаат можда некој стручњак ама повеќе те мотаат па затоа правев во Ремедика па да видам дали ќе успеам за бебуш.
Девојки, пак јас.. Се јавив и денес да видам кога ќе ме викнат, и сестрата вика тек следниот четврток.. И викам баш тогаш треба да добијам (никогаш не ми касни), вика ке се слушнеме, демек ако добиеш во четврток не е страшно (мн мн не ја разбрав пошто се изнервирав).. а после тоа д-р заминувал на одмор.. Мислење, чаре..? Се исплати ли да се оди на приватно и ако знае некоја колку чини? Тнх
Здрaвo милa немoј дa се нервирaш и јaс гo имaв истoтo мaткa сo т фoрмa и септун кoј ми дoнесе спoнтaн и сегa гo oтстрaнив и септунoт еве пoминa еден месец ништo стрaшнo пoaрнo сегa негo пoтaму oтстрaни гo и мaткaтa еднa кoрекцијa и еднo бебче aкo те интересирa нештo пиши пoздрaв Здрaвo милa јaс прaвев хистерoскoпијa вo плoднoст и сум презaдoвoлнa се пoминa супер си плaтив 43 000 илјaди и не ми е мaкa дa ти кaжaм се пoминa вo еден ден oд 7 сaбaле дo 6 пoручек нa интезивнa aкo те интересирa нештo пиши Т буквa се гледa нa снимкa хсг и нa 4де ехo јaс нa хсг јa oткрив и тoa сaмa си пoбaрaв кaнaлите прooдни ми беa a нa снимкaтa т буквa мaткaтa ми беше
Феминки ви благодарам па ќе видиме.Јас правев во ремедика кај Димитров и поминав ок.Хистероскопија само е 17 илјади па нагоре,а мене во текот на прегледот ми отстранија и септум од 1,5 см.Све ме кошташе 37илјади денари.Ме примија сабајле во 8 бев третирана со целосна анестезија и ме пуштија дента во 14 часот.
Здраво, Имам едно прашање до вас кои имате поминато низ хистероскопија-остранување на септум Во понеделникот во санте плус,ми правеа хистероскопија бидејки имав два спонтани,мојот матичен гинеколог ми ја препорача оваа процедура под сомнение дека имам септум.Така и бесше ми отстраниле мал септум.Прашањето ми е следното Во вторникот и средата немав крварења никакви а вчера и денес имам.Па се прашувам дали е тоа нормално? Да не е можеби контраиндикација од хзт терапијата (пијам естрофем и циколопрогиноваа како и антибиотик)?Не знам дали да се обратам кај мојот гинеколог? Помош!?
Девојки здраво. Јас завршив со интервенцииве, ми направија и лапаро и хистеро.. Сега имам болки во стомак, ко надуван ми е целиот. Дали е нормално? И ми рекоа може и вечер да се истуширам. Нешто друго да ми препорачате, на што да пазам? Баш и некако не ми е едноставно..
@hana7 ако крварењето не е обилно и постојано, на моменти повеќе како исцедок немаш простор за грижа, нормално е од интервенцијата, се чисти матката @Bibi30 нормално е да го чувствуваш подуен, јас такво чувство може 2недели имав, болки сум немала воопшто туку како нелагодност.. Кога ти беа интервенциите?? Јас дента кога беа се убив од спиење, главата ми паѓаше, не ми даваа ни сама да станам со катетер бев ама околу 23ч се издигав и шпартав ходници, цела бев укочена. Утредента ме пуштија дома и одма се туширав, понаредниот ден заминав во Охрид на шетање и конци не вадев на 7 туку на 10дена пошто си шетав нели епа до толку ми беше тешко Пази једино на потешка храна за да немаш гасови..
@hana7 нормално е да имаш крварење од интервенцијата, јас имав истиот ден, одеднаш истече, после немав. @Bibi30 нормално е да ти е подуван стомакот, подуен е и за време на интервенцијата за да може да се работи. Мене неколку дена ужасно ме болеа рамената и грбот, и градниот кош при дишењето, не можев воздух да земам и да издишам.(јас правев хистеро со лапароскопија) А после интервенцијата немав потреба за спиење, дури бев хиперактивна, како дрогирана а после царскиот не спиев ама бев многу малаксана и изгубена а двете беа со општа анестезија.
Вчера јас правев, денес сабајле ме пуштија. Да и јас имам болки при дишење, само одам како паразит, страв ми е да мрднам. А вчера после операција мислам по активна бев, денес ко паразит И уште нешто, кога правев ХСГ во систина ми најдоа еден запушен канал, а вчера пак и двата канали биле проодни, е само некоја циста ми отстраниле, а претходно тројца гинеколози не ми спомнале за циста... Е ај сеа..
Нема врска и јас кога правев хсг ми најдоа запушен канал а со хистеро и лапаро ми отстраниле и септум за кој не ми кажаа претходно, а каналите биле проодни. И да не ти биле проодни каналите, со постапката лапароскопија се отпушиле. А хсг не е секогаш точен, тоа е ртг снимка која може и да не го долови вистинскиот момент кога ќе се отпушат каналите туку ќе наслика пред да се разлее течноста. Без гајле сега, нема да боли, истуркај го овој и наредниот месец и почнете да работите на случајот. И без стресови и нервози.
Денес си паразит бидејќи си се разнежнила по дома полежи си дур ти се лежи, сите се однесуваме различно по анестезија и интервенции ама за мене се беше гола вода! Мене на хсг снимката двата канали ми беа со некоја дијагноза (сум изумила) и констатираа едниот ќе се вади, другиот ќе се гледа да се спаси. Ништо од тоа двата биле супер, ,,ги зачистиле,, што и да значеше ова и толку. И мене ми извадија пропратна циста која настанала од претходниот циклус и не пукнала со новиот по кој беа интервенциите, па и твојата ќе е таква некоја па затоа 3цата доктори претходно не ја виделе
Девојки ви спомнав дека пред неколку години гинеколог ми рече дека имам преграда на матката. Пред неколку дена бев пак, ама кај друг гинеколог. Ме прегледа и вика сѐ е во ред. Му кажав за преградата вика јас не гледам ништо. Ме упати и кај друг гинеколог за секој случај. Ме прегледа и таму исто. Се во ред. Вика јас не знам како другата докторка видела преграда. Рече имаш само 4 мм, а тоа не се рачуна за преграда бидејќи нема да прави никаков проблем ни при забременување ни потоа. А другата тогаш дури и операција ми закажа. Изгледа се беше лага. Поврзана со некој друг др. Небитно. Битно ми олесни што немам преграда.
Мене долго време ме интересира дали преградата на матка се гледа на обично ехо? Јас до сега на ехо само имам одено и никој ми нема спомнато такво нешто, а нели тоа е една од причините за абортуси, па многупати ме има замислено.
Се гледa нa 4де ехo јaс oдев и никoј не јa зaбележa и ни мaткaтa декa ми беше т смo нa хсг ми се виде
Дa имaв прегрaдa и мaткa сo фoрмa нa буквaтa т се виде кoгa нaпрaвив хсг и тoa сaмa си пoбaрaв и причинa ми беa зa спoнтaниoт и зa зaбременувaње тaкa викa др