Замисли, ми правеа на 15 ти сабајлето накај 12, накај 3 поручек ми протече малку крв, таман кога се раздвижив А на 16 ти вечерта ми проби баш добиено. Ама имаше и неколку девојки на кои им правеа и на добиено.. Деф ГАК и се е можно Ми рекоа тубите ми биле проодни ( ХСГ правев декември во Систина-една туба скроз запушена, не ни се гледала на снимка), а сега ок биле двете, е плус ми отстранил некоја циста, појма неам каква.. правев и лапаро и хистеро, си полежав еден ден таму.. Ги прашав од кога може да почнам со бебе, д-р вика коа сакаш, а сестрата не не почекај до јули.. Е мене плодни ми се крај јуни, па ќе видиме што ќе биде
А зошто не си направиш хистеро па макар и само дијагностичко дека нема ништо, за да ти биде мирно главчето? Иако и со дијагностичко и 1мм да имаш септум ќего одстранат нема да го остават односно секако ќе направат инервенција. На ехо не се гледа септум иако може да го има. Мене од хсг снимка ми утврдија и тоа четврти доктор ја прочита другите пак не видоа. Башка јас прв пат слушам дека септум па и колку и да е мал за него да гарантираат дека нема да предизвика спонтан. Ај поштеди се од нервози понатаму и да не се каеш кога ќе биде касно. Мој совет...
Здрaвo женчињa јaс прaвев нa 2 мaј хистерoскoпијa oд сaбaле вo 7 дo 18 пoручек ме држејa нa интезивнa и примив дури 5 инфузии и имaв бoлки и јaс првиoт ден и ме нaбoлвaше и целa неделa пa нoрмaлнo е a зa крвaрењетo првиoт ден мaлку пoслем пaк пo некoлку денa крвaрев и си дoбив нoрмaлнo истиoт месец А зa хистерo не е препoрaчливo зa време нa циклус oти нее чистa мaткaтa требa дa е чистa дa нем крвaрење дa се види дaли имa нештo
Здраво јас сега треба да правам хистероскопија па ме интересираше за какви конци зборуваш?? И зашто те држеле и ноќта? Извини немам многу инфо па сега читам коментари и ме интересира. Исто каде правеше и цена ако може.
Конци од лапароскопијата, со таа интервенција задржуваат една ноќ и затоа сум преноќила. На ГАК правев, цена 2.200 (хистеро+лапаро)..
Ти благодарам за инфо. Јас планирам во Систина да правам.. Дека ми кажаа за хистеро дека после неколку часа дома си одам па затоа ме збуни кога прочитав
Со лесно, без паника и страв ништо страшно, ќе си поспиеш малку, сум пишала и погоре мене сето ми дојде гола вода
Здраво девојки.Ми треба ваше мислење. Дали некоја правела хистероскопија кај Митко, дали е добар за хистероскопии или е подобро да се иде кај Димитров? Поздрав до сите.
Јас правев оперативна хистерскопија за отстранување на субсептум кај Димтров. Задоволна сум, мислам дека е супер хирург со големо искуство.
Девојки, Здраво. На 15ти мин месец правев хистеро со лапаро. Тогаш добив дента после зафатот, и траеше мн малку...Е овој месец од пред 2 дена имам баш како на крај на добиено, само мн малку крв, дури не ми ни треба улошка да ставам... Дали е нормално ова? Некако ме фаќа паника,никако да пробие.. Фала ви
Повеќе причини, ниту една дефинитивна. Можно е поради висок крвен притисок, проблеми со циркулација на крв во плацентата - имав пореметени фактори на ангиогенеза и ненавремено третирање со клексан поради покачени Д-димери. Вродена тромбофилија немам. Јас се сомневам најмногу на грипот кој ме фати точно во деновите кога бебето почна да заостанува со растот.
Штом ти биле мила покачени ддимерите најверојатно од тоа многу се зезнати. Пред наредна бременост види со трансфузиолог да си примаш клексани од почеток. јас имам две изгубени брем.проблем беше септумот и тромбофилијата.
Да, секако така сме договорени со докторот кој ме води низ целиот овој процес. Од почеток клексани и аспирин, регулација на притисок и се по ред...Здравје, се надевам следен пат ќе биде успешна бременоста. Септумот кај мене не беше проблем, го отстранив навреме, а остатокот што се оформил како лузна не правеше проблем. Септумите секако се проблем најмногу во првите 3 месеци, покасно најчесто не се причина за заостанување во раст или некои други проблеми.
Девојки помош,ми најде др полиш во матката и сега треба хистероскопија.Во Систина ми бараат 48.000 ден а мене многи му е скапо.КажувАјте каде сега да одам.Оффф на моите маки им нема крај
Смирено само се ке се среди. Да видиш ГАК гледам имаат термини за Окт. Може и Чаир тука немам искуство @Bubce38 мислам правеше во чаир,ако види нека каже повеке информации што како.