Јас правев кај него хистероскопија... и за него имам само пофални зборови и топло ти го препорачувам.
Милички дали некој правел хистерископија во New Born и како сте задоволни од таму?! Јас бав на консултација кај Трајковски и на ехо му се гледа некоја сенка па ми препорачува повторно хистероскопија. Иначе претходно имам правено во Систина кај Јорданчо Иванов. Молам некој да сподели за New Born @Meckicja тебе др.Трајковски ти имаше препорачано втора хистероскопија; каде ја правеше?!
Фала на одговорот. Мене ме праќа кај др. Роса Спасова. Јас се чудам каде да правам сакав кај него во new born и за тоа прашувам дали некој правел во new born бидејќи им е нова процедура и неможам да најдам мислење од друга членка која правела таму
Многу правеле кај Трајковски и се задоволни затоа и јас сакав кај него. Но му спомнувам за кај него но тој ме препраќа во Гак, па се чудам зошто дали опременоста на болницата не е на доволно високо ниво, анестезиолози и слично не знам што да си мислам. Или можда сака да ме штеди човекот ама мене финансиски не ми е проблем, важно ми е ако платам да речеме 40.000 ден. да ми биде дадена услуга соодветна на платеното
Знам порано не правеа во Њу Борн туку одеа во санте плус, ама Трајковски идеше таму. Кажи му дека дека сакаш он да ти прави.
Мене ме штедеше за се што можеше, така да претпоставувам зато те праќа на државно. Во секој случај поразговарај уште еднаш со него.
Женски еве пред три дена направив хистероскопија,беше дијагностичка бидејќи немаше никква преграда или слично. Ми беше извршено само гребење на ендометриумот и тоа е се. Ме интересира после колку време од зафатот ви советувале докторите дека може да продолжите со обиди за бебе?
И јас правев во Ремедика кај Димитров, исто дијагностичка и скречинг. Требаше претходниот месец одма после хистероскопијата да правам трансфер ама фоликулот нејќеше да пукне. Па сега овој месец, здравје во среда ќе ми биде трансферот
Така и јас знам,после скречинг месец,два дека може пак со обиди и баш ме зачуди докторот кога ми рече да поминат барем 3 до 4 менструации.Со среќа да ти е мила,што побргу да си се радуваш