Во средата бев на закажан преглед...и не ме прегледа по сликите од ехо што ги носев кажа дека нема потреба да ме гледа..ми закажа за петокот...и се заврши работа се си беше како што треба...немам коментар. Сега ми е трет ден и имам оскудно крварење и некоја тапа болка( претпоставувам овулаторна е сега малку сум во мисли...ми кажа дека терапија не е потребна и не ми препиша ништо на форуми често читам дека даваат таблети за потоа. Какво е твоето искуство, ти препишаа нешто?
Мило ми е се што завршило добро, многу е лесно кога ќе помине . Терапија дава зависи од тоа што е работено. Мене ми одстрани септум и ми даде терапија од циклопрогинова за зараснување на матката и ендометриумот. Додека на цимерката што ми беше во соба, и одстранија полип исто како кај тебе и не и дадоа никаква терапија. Така да не се секирај, докторот си ја знае работата
Tака си мислам и јас. Му верувам ептен...знае тој најдобро Ви благодарам за брзите одговори, малку полесно ми е сега
Здраво на сите, дали некоја од вас правела хистероскопија или хистеросалпингографија во Плодност, кај кој доктор, и колку и чини? Однапред ви благодарам ❤️
Здраво, дали некој може да ми каже која е цената за интервентна хистероскопија во државна и колку време се чека?
Sega nez kako e no pred dve god koga jas pravev se cekase mnogu I bese 2200den mene mi ja pravese Dr trajanova I sum prezadovolna od nea
Заедно за оперативна хистероскопија и дијагностичка лапароскопија платив 1700 денари. Не знам кое што чинеше, но повеќе од 1500 не би требало да чини и зависи што ќе се оперира, кој е проблемот.
И јас прочитав некаде дека даваат и снимка од изведеното да си имаме што како е правено. Само извештај даваат, нема ни снимка ни слика, може на контролата после мензис да извади слика од ехо и тогаш ќе се види дека нема пречка, зборам за септум конкретно.