Здраво имам едно прашање знаели некоја од вас колку се чека на државна за хистероскопија? Јас чекам од 9ноември, па ме викнаа сега во февруари ми отворија историја ми зедоа крв бев на анестезиолог и ми рекоа ке ти се јавиме, е сега јас кога прашав уште колку ке чекам никој незнаеше да ми одговори има некоја од вас во слична ситуација што била
јас чекав до денот пред зафатот. Ми се јавија 20 часа пред да се пријавам во болница. Ми рекоа да се напијам сируп да ме прочисти, и да се јавам наредниот ден во Скопје. пред тоа никој ништо не ми кажа.
Јас имам закажано за преглед на 02.03. Треба др Тофовски да ме прегледа за да закажам потоа за хистероскопија, и како оди потоа процедурата? Првиот пат правев во Ремедика завршив работа за 3 дена, ама како оди во државна се чека ли многу?
јас можам моето искуство да ти го кажам за се одам во државна и сега треба да ми прават хистероскопија ми извадија историја на 09.02 и сега чекам да ме повикаат па ке видиме кога ке биде .
Девојки, ми треба помош! Гинекологот рече дека се е во ред со мене, исто и со спермограмот на мажот ми, но ми спомена дека останала уште една процедура, а имено таа била за да се проверат каналите на матката, дали се чисти. Интервенцијата била болна. Ја нарече некако ХТГ колку што се сеќавам. Дали сум н авистинската тема во форумов, или интервенцијата има друго име? Поздрав девојки
Хсг е, и не е бoлнo ич зaштo те плaшел не знaм. Пoстaпкaтa е мoшне крaткa некoлку минути јaс буквaлнo ништo не oсетив, нo мoже дa oсетиш менструaлнa бoлкa ништo стрaшнo. А темaвa е зa oперaтивнa хистерoскoпијa не е истo
Јас бев во Гак , ми отворија историја и прием на болен на 15.03 Колку време се чека? Сестрата ми кажа ке ти се јавиме , но нели со прием на болен не треба долго да се чека ке испадне работава дека еден месец во болница сум била кога ке ја зимам отпусната листа.
Колку време по хистероскопијата крваревте? Мене ми е 10 ден (хистероскопија и лапароскопија) и сеуште не престанува. На 7 ден кога ми вадеа конци докторот ме прегледа (иако претходно ми рече преглед за две недели) па страв ми е да не се искомплицира нешто со преран преглед
Не се секирај, не е од прегледот кај сите е различно крварењето мене замисли ми правеа ехо истиот ден кога ме испуштија од болницата заради хистероскопија
Ти благодарам bokace за одговорот... третиот или четвртиот ден од циклус ми рекоа да одам да ме боцнат...зошто не ми објаснија ништо....и колку после тоа се чека за да те повикаат за интервенција