Јас правев хистеро/лапароскопија во Систина кај Др. Лазаревски, се помина во најдобар ред, за еден саат се се заврши. Ти го препорачувам, каде што е работено не се ни познава.
Што се однесува до чекањето, јас сум презадоволна од државна клиника. Во приватните болници чекав многу повеке. Во државна бев на гинекологија два пати, на трансфузиологија и ендокринологија. Секаде бев примена на време и сум презадоволна од односот на докторите.
И мене ми се погодувало да не чекам многу, но богами сум имала и ситуации кога сум дремела 2-3 часа пред амбуланта. Не се нервирав бидејќи секогаш сум психички спремна дека можно е да се чека. Како ќе ти се погоди, тоа е Инаку, генерално, од докторите сум задоволна.
Девојки закажав на клиника кај тофоски, за хистероскопија или лапараскопија во среда, е сега сакав да прашам кој документи да ги носам, хсг снимките, крвна група
ХСГ, крвна група, пап тест, микробиолошки, крвна слика. Не ми текнува на друго, нека ме дополни некој ако имаше уште нешто.
Тоа е тоа. Ако нема нова крва слика веднаш ќе и направат исто така и хив тест. Мерат притисок, разговор со анестезиолог за алергии и спремна за во сала
А да ми текна. Ме пратија и на Трансфузиологија, не се сеќавам што се' ми испитаа, времињата на коагулација, а ми ги испитаа и мислам протеин Ц и С. Што и да треба дополнително, тие ќе те пратат.
Мене тоа не ми испитуваа само хив, ми мереа притисок, со себе носев ХСГ, микробилолошки брисеви, пап и крвна слика. А тоа коагулација што ти правеле и услуга ти направиле барем да си го имаш резултатот за понатака
Мене ме ставија на листа на чекање на ГАК за хистероскопија, и као два дена пред операцијата ќе ми кажат Ме интересира дали ќе ми дадат боледување од таму или ќе морам од кај матичниот?
Еден ден ти треба само да си земеш, после си функционираш најнормално. Боловање за хистеро јас како што знам не даваат.
Мора матичниот да може да и даде . Сепак е операција . Во Чаир може да лежи и 4 дена за хистеро . Обавезно си таму 3 дена ( 2 ноќи ) , некои седат и ден плус . Не може да не ги следува , законски
За хистероскопија лежат до 4дена? За лапаро знам дека е ден два ама еве за хистеро не сум знаела. Јас во 7сама отидов во скопје, во 17 дојде маже ме зема со кола. Сакам да кажам не е нешто страшно сите беа со по 2-3-4души придружба јас сама само. Сега од оваа преспектива не знам дали било лудост или храброст ама ај
3 дена ( 2 ноќи ) задолжително Поретко и по ноќи остануваат . За лапаро знам и 5 ноќи дека лежеше баш членка од овде
За хистероскопија 2 ноќи? Зошто? Прв пат слушам..три хистероскопии досега сум правела за двете истиот ден отидов истиот ме испуштија ,за последнава преноќив ден пред зафатот... @Sivce за што ќе правиш хистероскопија? Ти имаш правено или знаеш од што си разбрала?
Ова во Чаир Таква им била политиката Обавезно се оди еден ден пред зафатот . После операцијата обавезно исто се останува таму. Следното утро на визита се одлучува дали ќе си одиш или евентуално ќе се преноќи уште една ноќ