Девојки во мојот случај ми правеа од 8-10 ден зошто на 14 ден имав овулација.Е ваљда до организам е.А тоа дека си ја знаат работата,не би коментирала.
Фала на подршката Оли, да докторот е од добар предобар три пати одев на преглед кај него толку фино се понаша и се гледа дека си ја разбира работата но само ми беше чудно минатиот месец кога ги однесов анализите на анастезиолог таму сестрата ми рече ее да си била два три дена порано ке си завршеше работа овој месец а тогаш ми беше 15 ден ама ајде како и дае вербата во докторот пред се треба са ја имаме...
Точно и јас знам така дека е и затоа прашав овде и му се јавив на докторот да прашам дека касно ми иде тоа но ајде тоа е што е да му верувам пред се го сметаме за добар доктор па ке видеме..
Мартка,не мора на секое да потенцираш и да генерализираш за докторите како се неспособни,сите овде минуваме низ некакви процедури и интервенции и имаме и добри и лоши искуства.
Мила не се лути.Јас сите доктори ги поминав,5 години се борев со имунолошки проблем и да верувај дека има НЕСПОСОБНИ доктори,кај кој губиме време доверувајќи им се и имаме доверба во нив.Почитувајќи ја вашата мака не би ги именувала докторите.Ти посакувам успех
Не знам како е практиката во Чаир ама на ГАК од коа ќе добиеш циклус, на 3ти ден почнуваш со Микрогинон, ги известуваш нив и за неколку дена те викаат за интервенција. А тоа што го спомнуваш за организмот не знам што има врска во случајов коа сите имаме овулација (нормално, има ановулаторни циклуси ама исклучок се) и контрацептивите, ко што мене ми објасна докторот, се баш за да се одморат јајниците, да нема овулација и да може убаво да се види проблемот. Докторите не е на одмет да ги именуваш, да знаеме во иднина кај кого да не одиме.
Мила моето искуство е долго и не сакам да ве разочарам и да предизвикам и повредам,и тоа искуство од државна клиника не би го коментирала,сите знаеме во која состојба е.Но се надевам и посакувам да поминете подобро од мене.А тоа за организмот,ете кај мене не требаше терапија и во мојот случај не се прави оваа интервенција после 10 ден.Толку од мене и ви посакувам успех.
Мила сега ми се јави докторот ми рече да пијам Микрогинон од денес е мислел дали да ми дади или не и во недела да одам во понеделник операција значи се мислел
Ете, подобро ќе е со Микрогинон, добро е што ти се јавил. Ајде сега смирено и со лесно да помине сè, брзо ќе се опоравиш
Мене Илиевски не ми даде никаква терапија па операцијата помина супер,не паничи воопшто,смирено и опуштено само,во добри раце си.
Јас те сватив на најдобар начин спрема твоето искуство нормално овде сите си го кажуваме искуството и со тоа искуство си даваме подршка дајбоже кај сите да е се најдобро
Офф па ми рекоа дека сум имала малку помала матка и поради операција од слепо црево на десната страна ми избегала и плус изгледа ке има затварање на едниот канал поради последица од слепото црево сметаат дека има инфекција ми рече докторот ке има работа со мене така даоставам на господ и докторот
Немој да се сеќираш мила,се ќе излезе мила и кај мене имаше работа ама битно да се отстрани за да не прави понатаму проблеми па со господ напред ќе се радуваме ♥️
Ne se sekiraj ..i jad laparoskopija i hestero praviv i posle pak uste edna histeroskopija..so lesno poz
Девојчиња Трајковски ми прапорача хситеро и лапароскопија. Малку си поплакав зашто ми беше криво што порано не го направив тоа. Но тогаш мислев да му верувам на претходниот доктор. Дали некој знае колку време по ваквите интервенции треба да помине пред да се обидуваме со иуи?