Со лесно... и благодарам за она дека не било страшно... ко што јас сум сега пред хистеро... на кој ден од циклус ти се правеше интервенцијата?
Принцезо 4 хистероскопии имам правено,ништо страшно ништо не осеќаш ,се будиш ,лежиш малку и те пуштаат . Се прави околу 7,8,9 ти ден од циклус,каде ќе правиш?
Правев на 7ми ден од циклус, не пиев микрогинон. И скроз те разборам за стравот, ама верувај е безпотребен. Многу брзо ќе помине, ќе видиш. Со лес ☺️
Ќе правам на Гак ,требаше оваа недела да ми ѕвонат но веројатно не би заборавиле нели ? Бев на анестезиолог во петокот и рекоа од понеделник ќе ти се јавиме денес ми е 9ден
Го пијам,ме ставија Баш во петокот кога брв на анестезиолог после тоа знам сестрата рече ааа уште крвариш неможе утре( мислејки за сабота а незнаев дека и сабота прават) од понеделник ќе ти се јавиме за да пиеш сок и вода и утредента во 7.00 таму да сум но еве уште нема никој па си помислив да не ме заборавиле или потоа биде касно ?
Сè додека пиеш Микрогинон, нема гајле, нема да се задебелува ендометриумот. Јас би им се источкала таму следната недела да прашам дали ме заборавиле Ама тоа јас, не значи дека така треба
Ти благодарам Оли... обавезно ќе пишам нека помине ова па да почнам и со ваучерот... (имам малку трема пред ова ме фаќаат мисли но дочекав па нека помине и ова)
А дали некоја предходно имала проблем со забременување, па после хистероскопска интервенција забременила? Јас отстранував мал субсептум, но досега не сум останала бремена (не колку што знам) докторот вика се зголемувале шансите, искуства?
Два пати останав одма нареден циклус по хистероскопија ама со инф.дане имате некој друг проблем имате направено друго испитување?
Помина и мојата хистероскопја денес...буквално ништо страшно... малку имам крварење да продолжам со микрогинонот и јас поради димерите 1недела ќе сум и со клексани...