Како помина? Само дијагностичка беше или имаше нешто потреба да се средува? И прашај го докторот за инвитро дали да продолжиш со Микрогинон, да не треба со Цикло. Докторот што ме правеше хистеро ми рече да го прашам докторот за инв. со што да продолжам и Трајковски рече да продолжам со Цикло два месеци.
Јас останав бремена веднаш после отстранувањето на септумот, претходно имав спонтани, но имав и генетска мутација ама примав соодветна терапија за неа
Колку што разбрав само дијагностичка со скречинг... а ми рекоа да го продолжам микрогинонот... а во мегувремено се консултирав и со Трајковски нема промена на терапијата штом била дијагностичка... само да ве прашам колку дена ќе имам од крварењево ?
Јас мислам дека септумот не е причина за забременување туку најчесто за спонтан колку време се обидувате? За почеток почни со фоликуметрија ,видете дали фоликулите растат до потребната големина па пукаат барем така ќе ги знаеш точно плодните денови,по мое нешто има. Ти можеби имаш овулација но дали е зрела јајцеклетката?
Денес завршив со микрогинонот... за колку дена да очекувам циклус кој веројатно ќе се разликува по хистероскопијата?
Мила Трајковки тогаш ми рече кај нас е 20и нешто илјади а на гак или чаир 2-3000 и ми го препорача докторот... е сега твое е да си одлучиш ако сакаш и кај нив...
Јас правев во Њу Борн платив 27 000 и искрено не згрешив инаку цените докторката ми рече се од 24000 до 27000, 24000 плаќаш ако е дијагностичка т.е ако не најдат ништо за отстранување а 27000 ако има нешто. Јас имав септум и сенхии бидејќи предходно ми се случи биохемиска бременост а после хистероскопијата имам успешно инвитро. Ти посакувам среќа каде и да се одлучиш
Кај мене нема уште единствено денес на бришење ко капка кафеавко но нема нишш др... веројатно кај и да е ке дојде... но како ти беше тебе нормално обилно или малку ?
Здраво девојки, не сум многу активна на форумот но гледам колку сте сите храбри и позитивни, секоја ви чест. Сакам да прашам за искуства. Во плодност ми открија ендометријален полип 10мм. Докторот ми препиша Примолут нор таблети за да го исфрлам преку циклус, ако не се отстрани сам, ќе мора да се прави хистероскопија.и кажа дека таа е причината зошто не останувам бремена ☹️ Дали има искуства кај некој да исчезнал полипот само со користење на таблети? И дали знаете колку е цената за хистероскопија во плодност? Ви благодарам однапред.
Јас имав полип пред 3 години од прилика и примав терапија, не се сеќавам каква, после 2 месеци ми исчезна полипот, и по 2 месеци пак се појави. Совет од друг доктор беше да се отстрани со хистероскопија бидејќи со терапија не му се уништувал коренот. Мене ми правеа киретажа тогаш на ГАК.
Здраво! Едно прашање до сите што имате правено хистероскопија на кој ден од циклус обично се прави. Јас бев некни на доктор и ми кажа само да направам екг и крвна група, брисеви имам. Па да појдам гладна и жедна за на анестезиолог да ми земаат крв. Планитам утре да го завршам оваа и вторник или среда да одам ск да ми земаат крв. Мене треба да ми дојде некаде за 5 - 6 дена. Може ли некоја да ми каже како оди постапката. Одам кај др. Зоран во Чаир.
И јас треба да одам на крај на месецот за прв пат кај него. Како помина? Само разговаравте или и те прегледа?
Прв пат бев средината на јануари тогаш ме гледаше на ехо абдоменално, пошто одам јас за аномалија на матка и се гледа на ехо. Некни бев со извештај од хсг. Инаку е фин доктор, смирен, добар, услужлив јас така би го опишала. Овде на форумов читав доста позитивни искуства од кај него.
Здраво сакам да прашам за Др калчовски дали некоја од вас има искуство со тој Др за хистероскопија прашувам за една роднина