Да од вагина и цервикс, и др испитувања кои докторот ти ги пишал сигурно, пап за во Чаир не ми бараа, инаку јас правев хистеро-лапаро во Чаир кај Др Илиевски во четвртокот и уште сум во болница, сепак е операција и не е така едноставно, ама пак сестрите, хигиената, докторот, грижата се е на ниво исто како во приватна болница, се погоди и да нема гужва од грипот само 3 пациенти на цел оддел. Персоналот е поброен
Ни еден доктор, вклучувајќи и ивф специјалист не ми кажале ништо за матката иако е аркуатна, (нешто како субсептум и треба да се растегне)се гледа и на ехо и на хсг снимка, демек димензиите се ок, само еден доктор од систина ми рече обавезно пред бременост да се среди, ама немав време правев ин витро-и имав биохемиска бременост, и пред второ ин витро докторот рече те молам среди ја, матката треба да ги задоволува димензиите, може а и не мора да прави проблем во бременост, ама тоа не се знае, значи не е ни преграда, па пак правев хистеро-лапаро во Чаир кај Др. Зоран Илиевски и уште сум во болница. Ако се решиш за државно оди на консултации кај докторот, топло го препорачувам, многу е фален по форумиве, секој петок има мој термин кај него.
Кај мене се откри преграда од 10мм на киретажа во првата бременост. (Киретажата беше направена во 12 недела заради аномалија на плодот што нема врска со преградата) Дијагнозата ми беше аркуатен утерус, од двајца доктори советот ми беше да направам хистероскопија кога веќе знам за преградата, за да не ја мислам за наредни бремености, бидејќи можела да напрви проблем (што и не мора да значи, има многу жени што не ни знаат дека ја имале па родиле здрави деца во термин без никаков проблем). Се решив да направам хистероскопија, во Ремедика правев. И мојот совет до тебе е да го средиш тоа за да си мирна
За хистеро-лапаро ден пред операција среда во 10 тука, денот на операцијата четврток плус 2 дена и тек утре рекоа ќе ме пуштат, за хистеро само знам доаѓаш ден пред операција-спиеш, ден на операција - спиеш и следен треба да си одиш, ако е само хистеро нема ништо да те боли, малку спремањето е страшно, мене само дупчињата од лапароскипија ме болат, а тоа кај хистеро за среќа го нема.
И јас сум за лапароскопија и хистероскопија. Значи 4-5 дена секако се останува. Зошто спремањето е страшно? Што треба да се прави?
Девојки, во Чаир има некоја што правела само хистеро за да ми ја каже постапката и како е временски со припреми и постоперативно. или сите сте и хистеро и лапаро..
Би требало да е исто спремањето како за двете. Доаѓаш во 10 часот ден пред операција, немаше потреба можеше и дома да се прочистиш ама таков протокол,имаш ручек потоа околу 7 прочистување со клизма до 22 пиеш само течности. Утредента први ги земаат посложените операции, нашите околу 12, прво си во шок соба со инфузија, соблекуваш спаваќа и си гола под ќебе, потоа со кревет до врата на сала те носат, претрчуваш гола до сала те местат на стол како бокс пошто рекоа прво хистероскопија ќе биде. После операција на интензивна со инфузија и те враќаат во соба вечерта. Мене утредента ми рекоа да станам дури...
Да мене утре на 5 ти ден од прием ме пуштаат.И објаснав на brm_brm до самата операција како е, прво хистеро па лапаро рекоа ќе прават, е сега мене освен пункција ова ми е прва операција со анестезија и одење во болница со лежење па се ми беше непознато и страшно, иако била најлесна операција гледајќи ги жениве цимерки у соба со класичен рез, а на спремање мислам на клизмата прва пат ми беше и утредента додека те наместат за операција е малку чудно. Ти гола а околу тебе 10 луѓе, еден врзува нога, друг рака трет закачува нешто, четвртиот става маска, во сала нормално ладно па кога се разбудив се тресев 5 минути ко во струја да ме уклучиле хахахах ама тоа не се случува кај сите не се секирај. И после анестезија не е исто како таа од пункција сега се е матно, вртоглавица гласот фатен од тоа во грло тубус што ставаат, јас добив и алергија на очи чудна ама и тоа само мене ми се случи После кратко ќе влечеш катетар со тебе и имаш болки во рамена, грб, матка и затегање и болка од конците, имам 3 дупчиња, ама ако не сакаш да трпиш, ќе побараш за болки нешто и даваат одма. Ако пак ти се погодат цимерките ко мене со смисла за хумор се брзо поминува низ смеа и се заборава. Меѓутоа ти треба само два дена да се вратиш у нормала, не можеш да трчаш одма ама барем се навикнуваш на затегањето Со среќа и со лесно
Pretpostavuvav deka e okolu 40.000. Mnogu se mislev dali da odam vo privatna ili cair. Za drzavna ne doagja vo obzir, nekako nemam dobro iskustvo tamu. A so ogled na iskustvata na nekoj clenki sto gi spodelija izgleda kako i vo cair da ne e loso.
Koja e procedurata samo za histeroskopija i sto ima razlika so laparoskopija?? Laparoskopija vo koi slucaevi se pravi ?
Лапароскопија најчесто се прави на пр. за запушени јајцеводи, и се изведува хируршки. Имаш 2 многу мали резови на стомак и лежиш 1-2 дена во болница. Не ти треба тоа. Хистероскопија е без никакви резови, преку цервикс и во болница остануваш неколку часа. И двете се изведуваат со целосна анестезија
Ti blagodaram na informacija!! Pusta taa anestezija, kolku polosi raboti ima, a jas sum isplasena bas od nejze..
Имаат истакнато после 04. 02 поради грип посета нема, дозволувале само да ти донесе до врата некој нешто, после ова со короната од четврток забранија било каков контакт со надворешни лица, се што ти треба оставаат роднините на приемно и чистачка качува кај тебе. Денес ме пуштија и еве чај пијам во кафиќ дури не си ко нова уште, ама не се издржува затворен. Сестра те симнува до влез и ти ги носи работите ко треба да те пуштат, твоите те чекаат. И подобро што нема посета ако е гужва а ти со болки и катетар уште народ околу тебе ти треба
@natasam ,ова многу процедури во чаир некако ми се видоа на гак имам правено хистеро, ..... сабајле одам, истиот ден одам, процедурата завршува и ме пуштаат до 14 часот.