Да и јас си мислев за лапаро-хистеро иако во чаир е се со ден плус пак среда те примаат,четврток операција, петок дома, ко кажаа после операција недела ми се стемни, така било за сите, ама може и подобро, прва вечер после операција алергија на очи се покрив преку глава, течат, печат втора вечер температура малку покачена плус де главоболка, де јаки болки во стомак и одма терапија даваат, дома што ќе правев. Па тоа болки во рамена и грб е плус а читајќи си викам ова не е ништо 2 от ден ќе трчаш. Сега пак дома ко дојдов од крварењето имам јаки менструални болки, ама изгледа до мене е кај некои се лесно поминува или зависи од зафатот, јас 3 саати бев во сала. Верувам кај сите други че биде многу полесно да не се плаши никој, јас секогаш сум исклучок и на хсг мислев ќе умрам од болка а 90% викаат безболно беше.
И на крај ама многу важно само пофални зборови за Др. Илиевски од Чаир, делува многу другарски, смирувачки, објаснува, се труди, токму кога тоа ти треба најмногу, ми дојде да го изгушкам овие постарите ко идеа на визита, сите сериозни, некако ми е страв и да прашам нешто
Затоа што 2 пати ми закажуваа, па откажуваа знам дека те викаат понеделник за вторник операција и среда за четврток, значи деф вторник и четврток добива сала.
Девојки имам една дилема требаше да ми се јават вчера од чаир за да ме известаат дали сум во програма за операција, не ми се јавија. Разбирливо е поради ново настанатата ситуација и на тв рекоа само итни и неодложни операции. Е сега не знам што да правам си мислам кога ќе добијам да се јавам за да имаат евиденција за циклусот пошто го пишуваат таму на документот. Дали има некоја од вас што треба да оди на операција таму, да има некакви информации. Со вирусов сега сигурно операциите ќе се одложуват. Секакво инфо е добредојдено.
Јас требаше да одам во пон да го барам докторот таму, ама нема да одам. Одложено е све со ситуацијава, и нормално, не се знае кој е заболен. Ќе продужиме со постапката за две недели се надевам. Јави се на тел, ќе ти кажат.
Ти најдобро е да си се јавиш кога ќе добиеш да си запишат но ако не е итна сигурно месецов нема да има ( најдобро да си се консултираш и со докторот но така мислам бидејќи на гак е така Само итни случаи примаат)
Здраво феминки јас пред 7 месеци правев хистероскопија во Плодност имав септум на матка 13мм се беше безболно со локална анестезија фала му на бога моментално сум и бремена па ќе видиме како ќе тера дак боже овој пат да е на добро
Cestitki mila i jas imav septum 13 milimetri I otkako mi go otstranija na gak Dr trajanova imav uredna bremenost