Во Чаир правев јас хистеро минатиот месец. За пазење ми рекоа циклус,два евентуално. Бев на контрола денес,све е ок. Планирам уште овие денови да се фрлам на пишување домашно Систина 55.000. Плодност не знам
Незнам душо , јас прочитав дека прашуваш за цена во плодност затоа ти сликав,нека ти кажат оние кои правеле и се запознаени со овој случај.
Деaр милa a кaкo oди вo Ремедикa кaј Димитрoв нa привaтнo е кaј негo немa чекaње и кaквa му е центa a зa тoa штo ми гo кaжa ми гo кaжa и дoктoркaтa милa дa ми кaжеше тaјa ќе ме пoтресеше вaкa кaкo пoдгoтвенa си пoјдoв и oп oвa дoбрo е aмa мaткaтa мaлку ти е не вo ред тaкa ми рече уффф
Да не треснам некоја глупост ама само пренесувам што ми кажа другаркава после муабетот со Димитров, тој и рекол дека поради преградата не можел ембрионот да се имплантира на добро место, фактички се "одбил" од неа и се имплантирал во јајцевод и одма и имаше речено дека може и неколку вонматерични да има ако не ја отстранат, а дури и да се имплантира на добро место дека има големи шанси да го изгуби бебето оти кај неа преградата беше точно на средина и фактички како само пола матка да имаш. Како и да е, добро што си ја отстранила, еве ти кажувам другаркава одма после тоа без проблем си остана трудна и си го роди. Имам огромни надежи за тебе следниов пат, тоа ќе биде тоа
Дoбрo утрo милa јaс не јa oтстрaнив јaс прaшувaм кaкo oди кaј Димитрoв дaли е сo чекaње и штo ценa е oти не сум oд Скoпје зaтoa не знaм кaкo oди и вo ГАГ aкo мoжи дa ми кaжи некoјa читaв зa тoј дoктoр дoстa гo фaлaт нa нет
Знам, знам. За @Bubce38 зборев зашто таа кажа дека отстранувала преграда, а имаше три вонматерични и имам некое убаво чувство дека ќе биде добро овој пат А инаку мислам дека е толку, околу 900-1000 евра кај Димитров.
Јас би ти кажала но мислам дека ке ми го преместат постот ал нек иде живот Јас правев на Гак во Декември. Прво матичниот ти закажува преку мој термин кај кој доктор сакаш. Потоа одиш на преглед се договарате со сестрите кога ке те викнат. Од како ке ти се јават одиш вадиш историја и тогаш ти кажуваат кога ке е операцијата. Хистероскопија е 1250 денари,чисто информативно. Трајанова,Тофовски или Роса Спасова би ти ги препорачала. Твое си кај ке правиш,дали приватно или на ГАК. Имај убав ден И јас мислам дека @Bubce38 бргу ке не израдува со убави вести
@Lara 27 ќе ти објаснам тука , па нека ни го префрлат мислењето. Во Ремедика е ококу 30.000 денари цена за хистероскопија , во Систина ококу 60.000 денари. За на Гак е 1200 денари. Во приватните одиш сабајле те оперираат и си одиш попладне дома. Во Гак одиш уште од вечер а си одиш истиот ден кога те оперираат. Си зимаш упат од кај матичниот , и одиш на преглед во 29 или 34 соба, докторот ти ги гледа сите документи и се договараш со него. Ти даваат болнички упат и пресметка се качуваш на трети спрат кај Сестра Зоре и ти отвараат историја, а во мегу време заверуваш и на шалтер. Со иторијата ќе ти кажат каде да одиш за на преглед кај анестезиолог. Добиваш циклус почнуваш најверојатно со микрогинон и негде за една недела ти се јавуваат дека до 9 вечер треба да си кај нив. Ќе ти побаарат пап и брисеви. Те оперираат и за еден месец имаш отпусна листа готова тогаш и плакаш. Ти го препорачувам др Дамчевски, добар доктор и секогаш достапен е. Јас сега ќе се оперирам кај него. Не е страшно ништо , одиш во итезивна нега , па влегуваш во сала си слушаат музика се смеат , те успиваат со целосна анестезија од кога ќе те завршат , те будат и лежиш скоро 2 саати во итезивна нега , не дозволуваат да те боли . Те качуваат со соба , уште два саати лежиш и си одиш дома. Јас имам добро искуство. Е сега дали боли , зависи колку е чепкано доле , секој организам е различен. Ако нешто не ти е јасно пиши ми лп
Јас на ГАК сабајлето отидов во 14:00 ме пуштија да си одам. Сум правела и 2009 год. исто беше и тогаш. Значи нема одење од вечер,истиот ден завршуваш работа. И 1250денари е толку платив во Декември
Јас лани кога се оперирав така беше. Ми се јави сестра Зоре во 13 часот, ме праша дали сум јадена и дека до 21 часот треба да бидам стигната веќе кај нив, таа ноќ ја преспав на Гак и утре дента од кога ме оперираа по неколку саати си заминав дома. Во Ремедика кога се оперирав 2014 година сабајлето во 7 часот стигнав , а во 17 часот веке бев дома. Јас си кажувам од лично искуство.
И јас си кажувам од лично искуство,ама некако искуствата не ни се поклопуваат Може ти си поспецифичен случај не знам еве ако примаш некоја терапија на пример или увиделе дека така е посигурно за тебе да си под нивен надзор,не знам не сум паметна. А и да напоменам сите жени што правеа тој ден хистеро или лапаро сите до една од сабајлето беа тука НЕ од вечерта
Лелеее срцки сте . Некако и јас осеќам нешто за месецов. Лани на велигден ,годинава на божик бев во болница за "лошо"... Мислам овој велигден ќе биде добар. Ајде @Valentina888 i @Dear_Thing месецов заедно да славиме срцки
Јас кога бев на првиот преглед одма истиот ден ми отворија историја . Ми се собраа скоро 15 дена со отворена историја, не можевме да се договориме тогаш со докторот. Може и затоа отидов од вечерта. Нели на креветот имаат еден лист што запишуваат, таму имаше запишано како неколку ден дека сум лежела.